Тука коментираме книги

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.111
Поени од реакции
8.899
Па од родители, роднини, то шо читале како млади. Издадена е 80ти години и јас сум задоволен како од преводот од руски на македонски истотака и од француски на македонски. Инаку мислев на истата јазична група, а јазиците нормално се различни. Во споредба со денешните преводи е каде, каде подобра, барем според мене. Чувај ги тие книги, богатство се. На кој јазик и да одбериш, спреми се за многу ликови и долги приказни. На моменти може и досадна да ти биди, и баш тогаш нешто интересно ќе се случи.
Испадна дека и кај мене била на македонски, мислев дека е српски пошто бидејќи поголемиот дел од книгите таму се такви. Библиотека Светови, Македонска Книга 1971. Само првиот од четири тома фали, ќе пробам кај тезгите за стари книги да го најдам.
 
Член од
20 октомври 2015
Мислења
21
Поени од реакции
6
Малку!? На саем ни денар немаше попуст на овие книги. Башка тоа на англиски се 3.000, а на македонски 5.000 ден.! Претерано е 1.000 ден. книга, иако тие им се врвот последниве 4-5 год. Друго и ништо да немаат преведено. Еве сега “Кратка историја на времето“ и нешто што викаат дека било добро- “Во водата“. “50 нијанси на сива“ имаше голем успех, ама никако не можам да ја составам со останативе.

Имаа и една едиција на енциклопедии, и таа беше одлична, но секна пред неколку години. А и беа џабе. Мене искрено ништо не ме привлекува од нивните преводи, па затоа и константно ги рипам по саемиве. :)
50nijansi na sivo ne e nisto posebno i ne vredisekupe kupat
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
50nijansi na sivo ne e nisto posebno i ne vredisekupe kupat
Истото и јас го пишав.
Не би сакал да генерализирам, затоа што не знам конкретно се што превеле, но од она што го знам т.е. од она што го видов на саемот ништо не ми фати око. Од оние 2 што ги посочив, едната сигурно ќе ја купам, а за другата ќе побарам мислење. :)
 
Последно уредено:
Член од
2 октомври 2014
Мислења
13
Поени од реакции
4
Дечки, некој да даде коментар во однос на преводот за Преобразба (РАСКАЗИТЕ) од Кафка во издание на Ѕвездите? Лош/Океј/Екстра

Исто и некој да даде коментар за останатите изданија од ѕвездиве, кои се добри кои се лоши, и дали старите откупени преводи се изменети или се копи-пејст?
 
Член од
20 октомври 2015
Мислења
21
Поени од реакции
6
Дали некој ги има читано двете верзии на една иста книга...тоа е првиот македонски роман Село зад седумте јасени од Славко Јаневски објавен 1952 а подоцна со одредени измени е ре-издаден во 60-тите години под името Стебла. Ако некој ги има читано двете нека сподели колкави се разликите и негови искуства. Иако лично овој чин го сметам за дилетантизам да дообработуваш да доукрасуваш веќе објавено дело ама тоа е тоа. И дали некој има да ја понуди на продажба првата верзија Село зад...
Jas ja imam selo zad sedumte jaseni 1952ama ja nemam citano bo plan sum
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Препорачајте некој добри книги од истокот (Јапонија, Кина, Индија, Персија)
 
Член од
19 април 2014
Мислења
403
Поени од реакции
1.118
Препорачајте некој добри книги од истокот (Јапонија, Кина, Индија, Персија)
Те интересира источна филозофија, или литературни дела(романи, драми, поезија) од автори од овие земји или пак дејството во приказната да се случува во овие земји?
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Те интересира источна филозофија, или литературни дела(романи, драми, поезија) од автори од овие земји или пак дејството во приказната да се случува во овие земји?
Филозофија како Лао Це, Сун Цу, Далај Лама, Буда итн итн
 
Член од
17 март 2017
Мислења
315
Поени од реакции
513
Барам една книга од Донато Каризи.Поточно втората книга од серијалот за Мила Васкез.Ако знае некој како се вика.Се надевам дека не е оф топик прашањето не можев да најдам друга тема за ова
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Барам една книга од Донато Каризи.Поточно втората книга од серијалот за Мила Васкез.Ако знае некој како се вика.Се надевам дека не е оф топик прашањето не можев да најдам друга тема за ова
Владетел во сенка е тоа што го бараш... продолжение на Шепнувачот е. Издание на.... мислам дека беше на Матица. :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.200
Поени од реакции
35.749
Храбар нов свет од Хаксли, ја има некоја издавачка куќа преведено на македонски јазик?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom