Тумор на мозок- Лекување со оперативен зафат

  • Креатор на темата Креатор на темата >>ЕкО<<
  • Време на започнување Време на започнување

>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
Колку што успеав да забележам нема поставено ваква тема.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Колку што успеав да забележам нема поставено ваква тема.

Ти треба помош на оваа тема или сакаш општо да се пишува? Кога веке ја отвори, образложи ја
 
Што после операција? Се остранува туморот без последици, се стабилизира организмот. На што треба да се внимава?
Доколку имате искуство за нешто одредено.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Што после операција? Се остранува туморот без последици, се стабилизира организмот. На што треба да се внимава?
Доколку имате искуство за нешто одредено.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Мој поранешен колега од факултет го оперираа од тумор на мозокот во Интернационалниот Институт за Неврохирургија и Невроистражувања во Љубљана – Словенија (International Institute of Neurosurgery and Neuroresearch (IINN)) и се врати жив и здрав од таму.

Има повеќе од 7 години од тогаш и до денешен ден колегата е жив и здрав, тоа е се` што можам да ти кажам, а да биде поврзано со темава.
 
Знам јас еден негативен пример.
Беше на операција во Турција, се перфект, тумор нема, среќен радосен, по 6 месеци на рутинска контрола му наоѓаат тумор во мозокот во 4 стадиум, човекот за 3 недели почина.
 
Што после операција? Се остранува туморот без последици, се стабилизира организмот. На што треба да се внимава?
Доколку имате искуство за нешто одредено.


Sent from my iPhone using Tapatalk

После? whole food vegan диета, физичка активност, и суплементација.
 
Јас дали можам да прашам, кој се најсилните и најчестите симптоми на тумор во мозок? Што човекот чуствува?
 
Јас дали можам да прашам, кој се најсилните и најчестите симптоми на тумор во мозок? Што човекот чуствува?

Главоболка, вртоглавица, губење свест, проблеми со говор, и во принцип проблеми врзани по тоа каде е локализиран туморот и кој центар го притиска. Мислам дека примарно поретко се јавуваат, многу често во главата се среќаваат метастази кои се резултат на некое друго жариште. Примарните тумори за среќа се поретки и до колку некој ги има симптомиве кои ги наведов горе би советувал прво да провери крвен притисок, шеќер, срцева работа, крвни садови итн бидејќи тие се причинителот на вакви симптоми во 80% (по мене) од случаите.
 
После? whole food vegan диета, физичка активност, и суплементација.

Vegan? Јас немам слушнато дека треба да се биде Веган. Докторите и други стручни лица ни немаа ништо спомнато.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Vegan? Јас немам слушнато дека треба да се биде Веган. Докторите и други стручни лица ни немаа ништо спомнато.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Don’t get him started... Не спомнуваат зашто нема никаква клинички докажана поврзаност и е џабе малтретирање за некој што не е навикнат на таква исхрана. Дури може и да предизвика штета ако нагло симне тежина
 
Што предлагаш тогаш?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Што предлагаш тогаш?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Консултација со сериозен неврохирург што ќе ви даде конкретни упатства. Во Македонија нема подобар од Др Дамјановски. Во странство има многу опции.
 
Vegan? Јас немам слушнато дека треба да се биде Веган. Докторите и други стручни лица ни немаа ништо спомнато.

Ок, едно генерално прашање до тебе, зошто ти лично ги слушаш советите на докторите?
 
Ок, едно генерално прашање до тебе, зошто ти лично ги слушаш советите на докторите?
А кого треба да слуша бе Псај, тебе? Слаџана Велков? Баба Рада?
Состојбата на здравството во Македонија е друга тема и слушањето на советите на тукашните доктори не е секогаш паметно, ама сепак докторите поминуваат минимум 10 години од животот учејќи. Затоа потенцирав сериозен неврохирург.
Ти си поминал колку, година дена листајќи линкови на google? Какво формално образование имаш?
Што тебе те прави квалификуван да кажеш дека треба или не треба да се следат советите на докторите?
Што те прави квалификуван да кажеш дека тревки и вегета се лек за нешто и дека веганската исхрана е подобра или полоша или каква и да е?
Многу е лесно да се правиш експерт вака на форум кај што не можеш да осетиш ниедна последица од тралалајките што ги пишуваш.
Убаво е што ти си се определил за еден животен стил и што ти одговара ама аман не се мешај кај што немаш ни познавања, ни дополнителни податоци, ни експертиза за да можеш да препорачаш нешто. Не сум сигурна до кој степен си свесен дека луѓето се наивни и во одредени ситуации би примениле секакви глупости што ќе ги прочитаат и ќе си нанесат невидени штети, а на крај тој што на некој начин практично ги натерал да го направат тоа нема да трпи никакви последици.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom