Талевска и Чапаровски осудени со условни казни

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantantonio
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925
Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски e осуден на условна затворска казна од една година, доколку во рок од две години не направи кривично дело.

Чапаровски кому му се судеше за поткуп, денеска во судот призна вина, по што набрзо беше изречена пресудата. Според пресудата, тој во следните две години нема да може да биде избран за директор.

Чапаровски во мај минатата година беше уапсен по пријава од родител на малолетно дете на кого директорот во својство на лекар му барал илјада евра за издавање потврда со која детето требало да замине на лекување во странство.

Тогаш беше извршен претрес во неговата работна канцеларија, при што беа пронајдени и одземени 24.890 евра, 4.477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700 денари, а при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9.750 евра и 10.000 денари.

Две години условна казна затвор за Ивона Талевска

Судот ја осуди новинарката Ивона Талевска со условна казна затвор од две години, доколку во следните 4 години не го повтори делото даночно затајување.

Талевска ќе треба да ја врати целата сума од приближно 2,5 милиони денари, за која се сомничеше во случајот „Тифани“, а дополнително да исплати и 76 илјади денари, како трошоци за вештачењето.

Во сумата предвидени се и 1.000 евра како споредна штета, кои Талевска ќе треба да ги исплати во рок од 30 дена. Новинарката Ивона Талевска има право на жалба.

Денеска во судот Талевска се изјасни за виновна. Според обвинението, Ивона Талевска како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“ во периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите што се однесуваат за пресметување данок. Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично.

Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра.

Има ли воопшто правдина во Македонија?
Дали верувате дека судот ќе биде исчистен од сваровски судиите кои сеуште се на платениот список на груевистите?
 
15 години е бутано унутра преку телефонот на Мијалков. Тешко одма да се испразни.
 
15 години е бутано унутра преку телефонот на Мијалков. Тешко одма да се испразни.
Ок, завршено е со тие педери? Што ги спречуе овие да ги раздигаат на клоци судииве? Си работат сами против себе, копуци комуњарски.
 
Ако во една нормална држава, во државата има мафија, тука кај нас, државата е мафија.
 
Катастрофа сме.
Велија Рамковски 13 години затвор за затајување данок, оваа на слобода.
Не бива ништо и од нас.
 
Шо очекуваш од држава каде премиер е аболициран криминалец :coffee:

И каде што пратеници, министри, заменици, портпароли, градоначалници, директори и.т.н. се лица кои во минатото носеле воена униформа, биле под огнено оружје во планина и се бореле токму со државата, а таа иста држава денеска самите тие амнестирани терористи/бунтовници ја управуваат почнувајќи од Аљи, Таљат и.т.н.
Истите овие претходно 10 години на Грујо мадињата му ги лапаа, а сега глумат демек они биле реформисти во новата влада ... :boksix:
 
Катастрофа сме.
Велија Рамковски 13 години затвор за затајување данок, оваа на слобода.
Не бива ништо и од нас.
не е исто... на Велија 99% од бизнисот му беше матен, се одеше матно дури и овие што учествуваа на квизот кај Трендо прашај ги парите како ги добиваа..а ако Велија веднаш признаеше и ги платеше даноците исто ќе беше на условно... ама тој работеше со шема на блокирани сметки; не само данок на државата, не плаќаше ни долгови, прашај луѓе што си имале работа со него... а синму избега и уште е во Турција и уште е таму..
патем Роналдо, Меси, Модрич и други имаат многу повеќе затаено данок, ама си признаа, платија и поминаа со условна...
б.т.в., тој што украде 150 ќебапи ОБИ приватен објект, тоа е провална кражба... во УСА ако те затекне сопственикот може да те застрела ...
Туку ај да видиме овие што изнесоа од банка милиони евра колку ќе лежат ефективно, а за тие што оплјачкаа сефови во шпаркасе набрзина се забашоти...
 
Поентата е дека е за ЗАТАЈУВАЊЕ НА ДАНОК..Јас мислам поголема тежина има убиство од колку затајување данок. Па ниеден убиец не осудија на 13 години затвор, туку ги осудуваат на смешни казни по 2-3 години.
Тоа со Рамковски е политички случај, исто како со Бошковски и останатите. Велија многу почна контра ВМРО да оди и затоа го уништија, се што можеше се му земаа, исто и со Цаноски.

Јас искрено мислев дека сегашнава влада ќе работи поинаку, подобро, а работат БЕТЕР него претходната. Една година се на власт, ништо немаат сработено.
Ќе ги апселе, и незнам уште што ќе им правеле, па еве гледам и ги уапсија и ги осудија. Овака ништо не правиме.
Сите се исти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom