- Член од
- 5 април 2011
- Мислења
- 1.920
- Поени од реакции
- 925
Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски e осуден на условна затворска казна од една година, доколку во рок од две години не направи кривично дело.
Чапаровски кому му се судеше за поткуп, денеска во судот призна вина, по што набрзо беше изречена пресудата. Според пресудата, тој во следните две години нема да може да биде избран за директор.
Чапаровски во мај минатата година беше уапсен по пријава од родител на малолетно дете на кого директорот во својство на лекар му барал илјада евра за издавање потврда со која детето требало да замине на лекување во странство.
Тогаш беше извршен претрес во неговата работна канцеларија, при што беа пронајдени и одземени 24.890 евра, 4.477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700 денари, а при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9.750 евра и 10.000 денари.
Две години условна казна затвор за Ивона Талевска
Судот ја осуди новинарката Ивона Талевска со условна казна затвор од две години, доколку во следните 4 години не го повтори делото даночно затајување.
Талевска ќе треба да ја врати целата сума од приближно 2,5 милиони денари, за која се сомничеше во случајот „Тифани“, а дополнително да исплати и 76 илјади денари, како трошоци за вештачењето.
Во сумата предвидени се и 1.000 евра како споредна штета, кои Талевска ќе треба да ги исплати во рок од 30 дена. Новинарката Ивона Талевска има право на жалба.
Денеска во судот Талевска се изјасни за виновна. Според обвинението, Ивона Талевска како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“ во периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите што се однесуваат за пресметување данок. Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично.
Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра.
Има ли воопшто правдина во Македонија?
Дали верувате дека судот ќе биде исчистен од сваровски судиите кои сеуште се на платениот список на груевистите?