Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Македонците како народ години уназад да се замараа со вавкви работи, а и општо со сите проблеми во државата немаше да стигнеме до ова дереџе. Секој си го гледа својот газ и што повеќе за себе да може да искористи. Ама ова е тема за навивачки групи, мислам не е прикладно овие муабети тука да ги актуелизираме.
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.403
Поени од реакции
3.292
Сите вредности се изгубени на луѓево во државава, по рамнодушен народ не сум сретнал од нашиов. Толку не утепаа духовно и финансиски, што секој ден е борба за живот. И да, немам ништо против Албанците, имам против нашите продадени политичари.[DOUBLEPOST=1515707551][/DOUBLEPOST]

Кои навивачки групи, гледаш дека тоа веќе е умрено кај нас последните години. У недостаток на таква тема, почна да се збори се и сешто на форумов :)))
 
Барем малку од малку мислењата да се поврзани на тема навивачки групи. Јасно ни е на сите дека навивањето во државава дише на апарати, ама тоа е што е..Ако не модераторите нека ја затворат темава, а не да се тупи и тука со политика..
 
Член од
2 март 2017
Мислења
452
Поени од реакции
1.538
Убаво си кажа @qazwsxedc во оваа држава масовни протести да има, а да не бидат организирани од партија (било која) не може да има.. Треба да се прави спонтани протести, секојдневни ако е потребно и најважно од се масовни.. Ние можеме што сакаме тука да пишуваме ама реалноста е таа, истиов лик што го тагнав си кажа убаво, на претходните протести 95% беа млади луѓе од 16-22 години, од навивачките групи.. Секои избори е едното исто, и 2те партии ветуваат на љунгиве се и сешто само за да дојдат на власт, а овие само користат. Наместо да се обединат нашиве и да им се покаже каде живеат и чија е оваа држава.. Но тука настапува лакомоста на македончето, за да украде што е можно повеќе (исти к*р и 2те партии).. Се е партиски веќе во државава, доколку сакаш да најдеш работа, да се запишеш на некој подобар факс, да положиш, да играш фудбал/ракомет/кошарка и тн. се е возможно доколку имаш мајка/татко владика. Овој народ е рамнодушен бидејќи нашиве власти го направија тоа.. Едноставно да ти стане сеедно, ќе набројам еве 2 пр. Нерези и Кале, знаете сите колкави беа бројктие на љунгите и на Комити, и знаете како пројдоа со казни Комити, а како другите.. Ова се само мал број примери, како биле омаловажувани навивачите бидејќи си ја сакаат државата.. Овој народ е рамнодушен бидејќи оние кои во 2001 ја бранеа татковината од љубов не добија ништо, односно оние што пукаа над оваа држава да возат мерцедеси и да се министри, пратеници.. Овој народ е рамнодушен бидејќи е народ од 3-ти ред во сопствена држава.. Ова секако се менува, само кога народот ќе се освести и кога ќе престане со споредби кој направил поголемо зло, дали сдсм или пак дпмне, но за жал не верувам дека ќе се освести, како и да е нашите предци во гроб се превртуваат, ние како сегашна генерација не заслужуваме ништо, а не пак држава.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.978
Поени од реакции
6.881
Навивачките групи ниту се должни ниту треба да се главни организатори на вакви настани.Во цел нормален свет имаш организации за такви намени, кои го бранат националниот идентитет. Самиот факт што Македонија е една од ретките во Европа која нема , а единствена од овој дел на Европа која нема ни органзација која соработува со најновото рапидно растечко интернационално движење Идентитет, се ти станува јасно.
Друга работа, во Хрватска протестите ги организирааат бранителите, навивачите се само декор.А каде се нашите бранители 2001 ? Кај албанците секогаш на прва фронтова линија се ветераните од УЧК, а кај нас бранителите се кријат зад деца од навивачки групи.
И што ако не добиле ништо ? Зар тие 2001 војуваа за да добијат нешто од државата или за да ја одбранат ? Нивната должност да ја бранат Македонија не завршува со слечување на униформата, туку продолжува и понатаму.Баш дека не добиле права, први треба да се на улица, а народот да застане зад нив.
Овие што се бореле во шумите под турско, не добиле ништо, па до својата смрт се бореле за тоа што е нивен идеал.За разлика од сегашнвие бранители, тие ни за леб немале, па не го напуштиле борбениот дух и не се откажале од својата борба.Тие треба да се борат до крај за тоа што се бореле во 2001, исто како што прават ветераните на УЧК, ништо повеќе, ништо помалку.А ако се бореле за придобивки, тогаш не ги ни заслужуваат, ниту пак имат право да бидат наречени херои.
Бранителите треба први да го поведат народот на улица.
Ама до душа кој народ. Прва работа политичарите не го учат народот, туку народот ги учи политичарите.Каков народ, такви политичари.
Во Грција партија чекаа кога им се намалуваа платите во јавниот сектор, за да ја блокират цела Грција ? Во Бугарија кога роми тепаа бугарчиња, од партија ли чекаа за во град од 14 000 жители, 12 000 во истиот ден да протестират пред циганското маало ? Сепак овие имаат национален идентитет.
До вчера разни бранители на државниот суверинитет, бадниковите поворки им пречеа, и наштетувале на државата и нејзината секуларност, сега кога се случува срушување на столбовите на државниот суверинитет, молчат.
Имавме и јаки херои од ГДОМ, секнаа парите, ја снема и нивната одбрана на библиска Македонија.
Тоа сме си ние, народче кое брани само пари, друга светост немаме.
Уште има за пишување, ама дека се нервирам ќе прекинам овде.
Како најважен заклучок, народ што повеќе луѓе собира за смртта на едно куче, откоклу за потенцијалната смрт на својата држава, не заслужува ништо повеќе.
 
LP1519

ЧастиОбраз
Член од
2 февруари 2012
Мислења
405
Поени од реакции
298
@ultras1988 :cuc: све е на место. Само нервоза проискочи куде људи што ги боли ама тој е. Исто такој ми смо народ кој се продава, преголем е број на шпиуни кои лижев гз куде партие или полиц.
 
Да не бидам погрешно сфатен не реков дека треба да добијат нешто оние кој ја бранат. Туку дека државата не ги цени тие луѓе, како што се ценети од страна на љунгите или Хрватска, Словенија сеедно.. Друго се точно.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.978
Поени од реакции
6.881
Да не бидам погрешно сфатен не реков дека треба да добијат нешто оние кој ја бранат. Туку дека државата не ги цени тие луѓе, како што се ценети од страна на љунгите или Хрватска, Словенија сеедно.. Друго се точно.
Те разбирам тотално, но сега ќе објаснам зошто има разлика меѓу овие и нашите, и тоа огромна.
Мора еднаш засекогаш да си ја спознаеме вистината.

Прво да објасниме дека народот е држава, постои народ без држава, но држава без народ не.Државата како целина ја градат државјаните, кои на избори бираат луѓе кои тој цел систем или апарат ќе го водат според правецот во кој народот поскаува.
Значи јас, ти , и сите на форумот сме државата.За што ние ќе се избориме, тоа ќе го живееме кратко кажано.Е види каков народ сме, па ќе ти стане јасно зошто не се ценети и бранителите.Но за воља на вистината, можеби и самите со нивното делување, не заслужиле повеќе.

За нашите бранители доволно е да видиш кои се лидери, Достоинствениот, Лотарија и овие од БЕДЕМ.
Достоинствениот кога беше кандидат за претседател прв и единствен трчав по Струмица да му собирам потписи.Потојано на релација дома, дик, барај луѓе.Не заборавам уште што зборуваше и што ветуваше на митингот на ВМРО За Македонија во Струмица, дека нема да дозволил да се чепка јазик, он ќе ја одбранел Македонија.
Со сета почит на неговиот лик и дело како припадник на безбедносните сили, види сега како маче преди истот лидер на бранителиве.
За овој од БЕДЕМ не коментирам, чека од другар му Миленко инструкции, за што смее, а што не смее да прави.
Исклучок е Лотарија, прав и достоинствен лидер на бранителите, секогаш во прв фронтален ред на битките што се водат под Јорган планина, ако не се неговата храброст и истрајност, сега и Јорган планина ќе ја изгубивме.
А видете ги бранителите на Словенија, 5 дена војна имаа, ама и ден денес си ја чувствуваат одговорноста, први се јавија на повик за да го бранат Пиранскиот залив.
За Хрватските бранители колку многу има да се пишува.Само два примера ќе земам доволни.
Кога Хрватска како држава се спремаше за војна со Торцида, истиве бранители први влегоа у прв борбен ред на трибината кај Торцида, да ја бранат, имаат и мотка на трибината HOS.Вториот пример, кога полицијата сакаше да влезе на Север, истиве бранители ја поведоа обичната публика од запад и исток кон север,и така ги приморија полицајците да се повлечат.
Ваков пример на бранителите да бранат македонски навивачки групи, нема.
Пример сега од Бугарија, полицијата и националистите соработуваат заедно да тепат цигани, мигранти и криминалци.На полицијата врзени рацете, јавуваат и ги дават информациите на овие, а тие ги тепат на терен.
Слично и во Грција, политичките лидери од полицијата бара да ја уништат Златна Зора, а наместо тоа, полицијаците се најголеми помагачи и финансиски спонзори на Златна Зора.Овие два примера ќе се многу битни за нас , да разбереме некој работи.
За овие од Србија нема да пишам многу, ден денешен дел од нив се активни навивачи, организатори на разни манифестации и.т.н.

А што се случува во Македонија.Истиве бранители први тргнаа да ги уништат македонските навивачки групи.Па ЕБР се основани од поранешни ЕБИ Лавови.
Тие цело време први удараат и ги газат на македонските деца , во секоја прилика.Ај одговорете си самите што сте од Скопје, колку пати истиве бранители од 2001, ве наместувале во заседи од Албанците, колку пати ви влегувале во трибина и ве истресувале од ќотек, колку пати ве малтретирале по станици, и.т.н.
На Кале еден самопрогласен бранител , повика на протест, се снимаше, и замина, дур навивачите беа нападнети од цела толпка на УЧК и Албанци.
Кога беше за Талат исто, бранителите повикуваат и ја здувнуваат, средношколци го јадеа стапот од бранителите од ЕБР.
Овие погорните бранители никогаш не повикуваат други и да бегаат, сами одат и ги решаваат проблемите, затоа и се почитувани за разлика од нашите.

Ете ќе земам и личен пример, истава трибина во Куманово која им даде несебична поддршка на бранителите, на КК Куманово - КК МЗТ Скопје, беше брутално истепена од истиве бранители, а зошто, дека некој си мочко од Србија плукнал по нивниот град, грб и свети бои, па цела утакмица ги провоцира, и од спротивните трибини долетале две-три шишиња со вода.Е ради тоа, бранителиве наши тргнаа и маваа и газаа се живо на таа трибина, лично бев таму.По цело Куманово излегува на балкони по дворови да види што се случува, си ја паметам сликата, посебно што поради мојов говор бев интересен на кумановци :D.Па наместо у сала, утакмицата ја гледавме по телевизори кај најдеме.За еден мочко од Србија, удрија по своите, тепаа деца, исплашија девојчиња, на луѓе од памет ги извадија, за истиов мочко утредента да си замине од Македонија.
И што мислите, кој дечки први беа газени ? Па тие што служеле воен рок во АРМ (за да одат да војуват со нив ), деца на бранители, малолетници. А беа тепани од бранители и од први комшии (буквално), еден дечко си го препозна првиот комшија како го мава, што повеќе.

Да не заборавиме на утакмица Македонија - Шкотска, знамето на Јохан, кој го отсрани од Запад ? Истиов пак кога се врати од Хаг, местеше навивачи да бидат тепани од полицајци, заборавајќи кои беа единствени у оваа вукојебина кои му даваа поддршка.Е нема да ги видеме Младиќ или Готовина да местат нивни деца да ги тепат џандари.

Може и за организацијата Тврдокорни да посочам пример.Организацијата ја почнавме навивачи, се што беше првично во таа организација беше изработено од нас, знамиња, маици, структура, стил.Цела Макеоднија против нас, какви се ботови тука не напаѓааа дека сме платеници и.т.н., од цел форум само еден член во наша одбрана.
Тврдокорни со структура навивачи успеа да го организира единствениот непартиски собир во Македонија , во последните 10 години, каде за политички мотиви се собра над 1000 народ, некаде околу 3000.Потоа се случи што се случи, ете сега бранителите водат.Одете и виде првите објави, кој ентусијазам, по цела Македонија посети, средби.
Уште и се сеќавам за протестот, цел финансиран од свој џеб, па како дека немав пари ми се понудија дечките од Скопје да ми покријат пратни трошкови, јас пак реков подобо да се потрошат тие пари за друго, на првите состаноци по 30 навивачи, кој дал 50, кој 100 денари, и.т.н.
Па каква програма само имаше, самиот јас ја направив, какви проекти за подгинување на националната свест, гордост кај луѓето.И на крајот сето тоа го превземаа и уништија баш бранители, кои едвај чекаа да се упикат у некаков табор.Иститете освен што се китат со нашите перја, не сработиле ништо веќе месеци, немат направено еден транспарент, немат направено една посета со народ, со други организации правеа протест, по 500 луѓе не собраа, не па нешто повеќе да напраат.Важно си направиле средба, каде што самите себе си се прогласиле за најхрабри борци за македонштината, а дела едно немат.Кога си ја побаравме организацијата назад, не ни ја дават.

Најболната работа која не сакаме да ја признаеме, е дека навивачите не ги уништија ниту брколинда, партиите или државата, туку директни учесници во тоа беа баш тие бранители, за кои навивачите го дадоа цело срце и душа, посветија стотици пароли, беа за нив присутни секогаш кога тие ќе побарааа, а возвратија со пендраци, газења, местење по станици, давање лажни изјави по судови.
Затоа можеби најточно не треба да го користиме терминот бранители, бидејќи такви не се, туку само како учесници во воениот конфликт.
Некој ќе каже ама тие следат наредби, но погоре во објавата ќе прочитате како има луѓе со национален идентитет и гордост, кои ги одбиваат и не ги следат наредбите.Ако се спротиставија истиве бранители во редовите на МВР како колектив, ниту ќе имаше репресија, денес ќе имавме добри навивачки групи кои ќе се организираа и ќе излегоа на улица, да протестираат против овој закон.Денес можеби ќе имавме организација која ќе собереше како од шала 15 000 народ, да се спротистави.
Вистинските луѓе кои војуваа во војната и кои делуваат како прави бранители се во навивачките групи, дел заминаа во странство, други ќе ги најдеме во Софија како чекат на редица за пасош, и другите од домашни проблеми за да преживает немат време да се средат самите себе, а не пак нешто да организираат.А можеби најважно од се, никогаш не се прогласиле самите себе за бранители, не барале ништо од државата, за пак ако дојде време да ја стават пушката на рамо.
Самиот сум свесен дека тие не добија ништо, а заслужуваат дека ја бранеле татковината, но во исто време се што правеа од по воениот конфликт па натаму, како припадници на МВР, беше токму насочено да ги помогнат тие што сакаат да ја уништат без војна.Болно, но вистинито.

А за овој закон, секој човек со барем грам, грам национално чувствто требаше да е на улица , ама одамна сами си го убивме националното чувство во самите себе.
 
LP1519

ЧастиОбраз
Член од
2 февруари 2012
Мислења
405
Поени од реакции
298
:cuc::cuc::cuc:
Све на свое место!
Пост сс емоцие напишан, пост кој боли кој ваљда на крај само ми ке га разберемо (навијачи).
 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
http://vesti.mk/read/news/14937203/5178705/tepachka-na-kosharkarski-natprevar-megju-shkupi-i-pelister
Тамам си помислив прекинале малоумниве напади на играчи и ете ги шверцери да ме демантираат. :):):) До колку треба да си планинец за да фрлаш петарда на клупа од играчи? Алоо 2018 е.. Ништо ново од шверцери да напаѓаат се и сешто но ме чуди како не излегле до сега и да речат дека Чкембари ги тепале. :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.691

За нив секогаш е 1998 :D
 
Член од
1 април 2013
Мислења
260
Поени од реакции
698
Ne se opravduva napad kon igraci ni frlanje na petardi i drug vid pirotehnika no toa e cin sto se desava cesto vo balkan pa i vo zapad se desava.
Ajde da zboruvame od druga gledna tocka... zosto igracite kako "profesionalci" se ponasaat kako navivaci? Zosto oni da vozvrakaat kon navivacite so trvdi predmeti?

ps: treba da ve potsetam deka samo delot na sverceri na tribinata vo Cair ne e pokrien so mreza.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.953
Поени од реакции
17.717
После ова треба да се исфрли клубот во трета лига па пак бема фрлаат петарди.
Ne se opravduva napad kon igraci ni frlanje na petardi i drug vid pirotehnika no toa e cin sto se desava cesto vo balkan pa i vo zapad se desava.
Ajde da zboruvame od druga gledna tocka... zosto igracite kako "profesionalci" se ponasaat kako navivaci? Zosto oni da vozvrakaat kon navivacite so trvdi predmeti?

ps: treba da ve potsetam deka samo delot na sverceri na tribinata vo Cair ne e pokrien so mreza.
Што сакаш да кажеш со тоа?
И јас секогаш се прашувам зошто нема мрежа.Сигурно се потрошила кога дошле до тој дел од трбината :D
 
Член од
22 јануари 2016
Мислења
124
Поени од реакции
61
Јас сум од Скопје ама слободно можам да кажам дека Чкембари се на врвот во секој поглед од организација,финансии,сплотеност итн,тоа е едноставно вистината,а секој оној што го оспорува тоа потајно си знае,а не сака да го прифати..
Комити ќе бидат прави комити кога ќе нема интересите да доминираат на трибините и парите кој се даваат за нивни потреби не се крадат и ставаат во џеб 2-3ца тоа треба да се знае,а кој заборавил еве јас ќе го потсетам
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom