Иднина на дизел моторите после скандалот со VW

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Уште ветер и магла :)

Нов камион и роадстер од Тесла

https://techcrunch.com/2017/11/16/tesla-unveils-the-new-roadster/

Роадстеров од 0 до 100 km/h за 1.9 sec со 1000км автономија на возење.
Камионов од 0 до 100 km/h за 5 sec со 800км автономија.

roadster-front-34-1.jpg


800x-1.jpg
 
Роудстеров на тесла ќе биде добар ако сакаш да погинеш и со шпакла да ти го одлепуваат телото од некој ѕид, да ставиш мотори со забрзување од 1.9 секунди до 100 на количе со олкава маса треба да си несаглам, ова е исто како на мазда миата да и ставиш 1000 коњи и на првата кривина да отидеш у ендек.
 
Уште ветер и магла :)

Нов камион и роадстер од Тесла

https://techcrunch.com/2017/11/16/tesla-unveils-the-new-roadster/

Роадстеров од 0 до 100 km/h за 1.9 sec со 1000км автономија на возење.
Камионов од 0 до 100 km/h за 5 sec со 800км автономија.

roadster-front-34-1.jpg


800x-1.jpg
Со модел С ја погреба конкуренцијата во сегментот на луксузни возила во САД, со Роудстеров ќе ги закопа супер автомобилите како Ферари, Мекларен, Ламборџини.
Камионов ветува многу, ако си достојат на зборот со дадените спецификации и на производителите на камиони не им се пишува добро...
Дефинитивно иднината е електрична.
 
4+ години после скандалот со мерењето на штетните гасови, продажбата на дизелите е во слободен пад. Во 2018та, продажбата на дизели во Германија, Финска, Белгија, Чешка, Латвија, Шпанија, паднала за 20% споредено со претходната година (која исто така бележи драстичен пад) и 30% во Словенија, Британија, Норвешка. На ниво на ЕУ падот е 16.5%.

https://www.best-selling-cars.com/e...ope-diesel-car-sales-per-eu-and-efta-country/

https://www.acea.be/press-releases/...-23.6-electric-33.1-in-fourth-quarter-of-2018

Крајот на дизелот е на повидок.

Интересно е што почнува и пад на продажбата на бензинците во трите најголеми пазари на светот, Кина, ЕУ и САД. Најверојатно е достигнат врвот во продажбата на бензинците, па отсега натаму нивниот број само ќе се намалува.

Europe-China-and-USA-Light-Vehicle-Sales-2017-18.png


https://cleantechnica.com/2019/02/1...officially-now-decreasing-in-china-europe-us/

Во меѓувреме, растот на електричните автомобили продолжува веќе неколку години со ред со најмалку 50% разлика од година во година, во некои пазари како Кинескиот разликата е и повеќе од 100%.
 
Фолцваген фрли големи пари последниве години во развојот на електричните возила и наскоро ќе излезат со нови серии возила чисто на струја, Ауди веќе претстави две, Порше батали дизелот скроз.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom