Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Naked 2017
Накратко, филм за избегнување. Бренда и Шорти од Scary movie скоро ништо не покажаа од хумор. Полошо од подпросечна американска лимонада.

6 Days 2017
Снимен според вистинит настан, напад на Револуционерниот фронт за ослободување на Арабистан во 1980 година и активностите на преговарачите и СаС. Филмот не е трчи пукај во Шварценегер стил. Нападот и настаните по нападот траеле 6 денови.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Убавицата и ѕверот (2017)
Не сум голем обожавател на холивудските филмови но го погледнав овој. Филмот е навистина Одличен во сите аспекти прекрасен топло го препорачувам на сите за семејно гледање и за сите деца и оние големите. Единствена негативна критика кон изборот на дел од актерите особено за принцот (ѕверот) мислам дека многу грд актер избрале и воочлива е голема разлика меѓу него и Ема. Можеби за мој вкус и премногу пеење но тоа е индивидуално. Во секој случај 5 - одличен. P.S. Само требало подобар кастинг на актери
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.325
Death Note 2017



Секогаш сакав да го гледам овој манга серијал и сега гледам филм ок топ, си го симнав и... Што беше ова?

Ова може беше еден и единствен уникатен ваков толку хаотичен филм што сум го гледала во живот.
Грам логика немаше во никоја постапка на ликовите, дешавките беа натрупани колку да се зачува некој тек на филмот, со ликовите шанса нема некој да се поврзи, ни па да ги разбере, ко прво никаква основа немаа да бидат она што се и тоа во што се претворија, многу брзо се случуваше се, од мирни и праведни тинејџери кои сакаа да го спасат светот од зло се претворија во себични чудовишта. Како? Сакам да гледам причини, настани, да си правам теории, а филмов ни една шанса не даде за тоа.

Немаше никаков вовед за запознавање, му падна тетратката од небо на детево и почна да си пишува имиња. Зошто тој, и кој е тој, од каде таква рамнодушност за одземање животи, кај била таа тетратка претходно, каков бил неговиот живот претходно? За понатаму не сакам ни да пишувам, ако филмов почна неразбирливо и глупо тогаш понатаму се полошо и полошо стануваше. Филмов е правен или за некои гот бебиња што ќе гледаат и ништо нема да разбираат или некои такви бебиња го правеле. Одбивам да прифатам дека разумен човек режисер направил онаква вреќа глупости. Никој да не го гледа, ептен срање е.
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336
Хорор - Don’t Breathe
Со цел да избегаат по грабежот на една банка, тројцата крадци завршуваат во куќата на еден слеп човек, кој сепак се покажува дека е многу поспособен и поопасен отколку шт мискат натрапниците.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.626
Поени од реакции
81.487

Конечно го изгледав и третиот дел од Зомби франшизата на Ромеро... Некои викаат дека овој е најслабиот дел од трилогијата, али мене ми беше на исто ниво со прошлите два.
Целата ситуација се одвива во подземен бункер, зомбињата завладеале со цел свет, и последната надеж е во група на луѓе кои треба да ја откријат цаката како да ги спречат живите мртовци и да преживеат. Тоа што ми се допадна во филмов е што цело време беше сериозен, не е како прошлиот дел од 1978 кога имаше и комични моменти кога преживеаните си играа курот и правеа излет во супермаркетот... овој филм не се фокусира целосно на зомбињата, туку на неспособноста на човекот да се снајде во кризни моменти, додека го гледаш делово сваќаш дека луѓето иако сите работат заедно, сепак се поделени на кланови, глумат шефови, се подбуцнуваат едни со други што дополнително на влошуваат и онака напнатата ситуација во бункерот. Голем минус според мене е што нема многу gore моменти, можеби на самиот крај, али 80% од филмот се фокусираш само на луѓето, зомбињата како да се во втор план овде.
Музиката е капа доле... не очекував еден хорор филм да има толку добар саундрак (типичен за 80-те), бел бумбар за овој дел.

Нема што да додадам, ако сте фанови на хорор и зомби филмови изгледајте ја трилогијата, не ги слушајте останатите како последниов дел е послаб во однос на другите, одличен е.



Затоа секогаш практичните ефекти ќе ми се на прво место... FUCK CGI :kuracc:

Саундракот :cuc:
 
А

Атлантист

Гостин
Pet (2016)
Ова е психолошки трилер и не е за секого, ако може да поднесете вакви филмови, без многу потресување.

Еден тип , изгубен случај кој што работи со кучиња, ги храни и им ги чисти кафезите, нешто дали како шинтерска служба но во центарот каде ги чуваат животните. Слабо платена валкана работа, а од друга страна има проблем да си најде девојка.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales

Мислам дека по првиот дел ова е најдобриот од серијалот. Нема што да се пишува многу за приказната Џек Спероу и неговите неволји повторно во акција.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.091
Поени од реакции
15.952
Oldboy (2003)

http://www.imdb.com/title/tt0364569/

Ниту самиот не знам веќе по кој пат го гледам, јас сум заааљубен во филмов. Има нешто незапирливо привлечно во одмаздата како примордијална човекова карактеристика. За опростувањето можеме само да брбљаме и филозофираме, но постојат луѓе, како Даесу, кои се откажале од се световно - и од животот дури, за да можат ги осветат изгубените 15 години.

Филмот сеуште непочнат, поткрепен со прекрасен саундтрак, Даесу веќе запаѓа во крешендо на насилство, крв и емоции кои непрестано се интензивираат. Буквално постојаната анксиозност на атмосферата во филмот ќе ви ја згрчи вилицата како да сте се вратиле од рејв журка. Премногу емотивен филм, за мене е еден од најгенијалните претстави на внатрешните субјективни доживувања на главниот карактер пренесено на филмско платно.


Каков почеток на филм, какво ежење :vozbud:

10/10
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.091
Поени од реакции
15.952
Dark City (1998)

Научно - фантастичен филм испреплетен со трилер елементи, добро и интелигентно осмислен. Решив да го гледам затоа што синоќа ми се гледаше нешто со дистописка содржина па од многуте изгледани филмови налетав на овој кој искрено прв пат и го среќавам и немав ниту слушнато за него претходно.

Атмосферата е целосно соодветна како за дистописки филм, мрачна буквално, дејствието во целиот филм се одвива во текот на ноќта. Главниот лик се буди во када во една хотелска соба со тотална амнезија и добива повик брзо да ја напушти собата затоа што животот му е во опасност. Згора на тоа во собата гледа тело на мртва девојка и буквално како од Марс да паднал нема поима што се дешавало. Почетокот е онака патерн сценарио кој го среќаваме во голем дел од филмовите но како што тече дејствието приказната се проширува и станува покомплексна која го води главниот лик до запрепастувачко откритие.

Глумата е добра, главниот лик Руфус Сеуел е онака добар, Кифер Сатерленд глуми маестрално и она што најмногу ме израдува беше појавата на Џенифер Конели која ја обожавам и како глумица и како жена ( во смисла на физички атрибути, едноставно преубава е само да ја гледаш ).

Мислам дека не е нешто познат многу филмов и реално е еден од потценетите одлични филмови. Приказната е одлична и оригинална, дејствието и темпото одлични и во совршени моменти се разоткриваат работите и има многу добра завршница, па дури можете и да филозофирате за него. Дури има ефекти кои достојно можам да ги пофалам и за денешни услови, нека не ве лаже тоа што е од 1998. година.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
It
Можеби моите очекувања се нереални, можеби барам премногу или само сум склон кон мрчење. Искрено очекував повеќе, оти од приказната и може да се исцеди уште. Ова не е лош филм, си има светли точки (децата се една од нив), но ми се чини дека екранизацијата можеше да биде многу поуспешна доколку кон книгата на Кинг се пристапеше онака како што тоа го направи Кјубрик со „Сјаење“. Општо познато е дека Кјубрик бил доста слободен и создал филм кој ги надминува дострелите на книгата, а се разликува до оној степен по кој Кинг е „изненаѓен и увреѓен“ од мајсторијата на Режисерот. Е сега, Andy Muschietti не е Стенли, ама сепак можело можело да се вложи малку повеќе инвентивност, која очигледно недостасува. Овде имаме таква доследност (со некои не/значајни исклучоци - времето на дејствието е сменето, а одвоен е и делот кога децата се возрасни) кон изворот која не остава многу изненадувања и е високобуџетен римејк на мини серијата од 90-те.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.964
Blade Runner 2049

Океј. Го гледав филмот вечерва. Кога почнаа да излегуваат информации за филмов одма скептично реков не, тапа ќе направат нека не чепкаат боље. После кога излезе дека Рајан Гослинг ќе биде новиот мадафака против репликантите, реков ок, може нема да усерат толку. После излезе првиот трејлер, изгледав 30-40 секунди и го исклучив, викам ова изгледа сериозно, ај да не гледам понатака да не имам превисоки очекувања.

Рајан Гослинг е перфектен за улогата, не ми текнува кој би можел друг место него, ликот му е скроен за оваа дистопија. Женскиот дел од актерската екипа мислам дека беше солиден, мислам дека др. Ана (Carla Jury) требаше да има повеќе минути во филмот. Џаред Лето исто сметам дека требаше да добие повеќе време во филмот. Многу интересно однесување имаше неговиот лик, не можеш да процениш дали се работи за актер од крв и месо (разбирливо таква и улогата му беше де) или CG направен карактер во некој софтвер, такви му беа движењата на главата особено, нешто што било веројатно планирано и овој го извел одлично.

Приказната на филмот не забегува премногу од оригиналот, отвара некои нови прашања и моменти, убаво се објаснуваат работите, ако не сте го гледале првиот веројатно многу потешко ќе ги разберете, затоа препорачливо е да се гледа кецот за да нема забуни. Пример во овој е накратко прикажано како ги креираат всадените мемории, нешто што во кецот го немаше. Не спомнаа за времетраењето на новите репликанти и како ги направиле поусовршени, тоа ми е нешто што ми фалеше како инфо. Немаше префорсирани сентименталности со кецот и обид за одржување стара слава, Харисон си го имаше својот удел во филмот и тоа си беше океј направено, заедно со неколку сегменти и потсеќања од кецот, умерено.

Музиката е топ и во овој филм иако ја преферирам повеќе онаа на Вангелис од кецот, fuckin epic. Али и овде саундтракот е одличен, супер е поклопена музиката со кадрите, особено ми остана во глава сцената кога Кеј влегува во радиоактивната зона (портокаловиот дел од градот) и почнува музиката да удира тензично како што се движи он полека и гледа што останало во оваа зона.

Најмногу впечаток од се' ми оставија веројатно кадрите, боите и целата атмосфера. Има разлика од сф до сф, од акција до акција, овде не знам дали имаше сцена што не ми се допаѓа како е направена и изведена. Кадрите во кинескиот кварт се многу слични накај идентични со оние од Блејд Ранер кецот и тоа ми се свиѓа ептен, сакав да ја задржи таа олдскул атмосфера од првиот филм. Кадрите од градот исто потсетуваат на оние од кецот иако тука многу понапредно направени и поопширни. Многу кадри и од сцените што се одвиваат внатре се перфектни, во однос на сенките, бојата, светлината, Вилнев и екипата завршиле одлична работа. Во филмот преовладуваат портокаловата боја, сивата исто е многу присутна и некои плавкасти варијанти. Овие бои ми будат доста тешко, депресивно дистописко расположение, какво и што треба да биде присутно во филмов.

Мислам дека е еден од најдобрите сф филмови направени во последните години. Мене лично ми е најдобра научна фантастика од кога го гледав Интерстелар навака. Топло го препорачувам филмот на сите што сакаат повеќе од само пукање вратоломија и fuckin суперхерои (машината за штанцање пари на Холивуд), филмов има нешто повеќе, има тежина, има тензија, има потенцијал да го следи култот на првиот. Мислам дека ако првиот ви се допаѓа ист ќе биде случајот и со овој. За некои маана ќе биде времетраењето негово, трае 2 часа и 45 минути, не е малце, али јас не видов ич тежина, сите минути ми беа интересни. Можеби би го скратил за 20тина минути максимум (и тоа е премногу скратен материјал за било кој филм), но не повеќе. Не би сакал скоро да прават продолжение ново, можеби за 20-30 години ќе биде таман :)

8/10 или 8.5 ако треба со половинки :)
Ова е многу висока оценка по мои стандарди, 9ки и 10ки многу тешко давам.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Андреј Звјагинцев познат режисер кој филмовите ги користи за пренесување на неговите лични ставови и коментари за општеството.
Во оваа драма совршено покажува колку луѓето можат да бидат себични и што може да се случи кога на свет ќе дојде дете кое не е посакувано од своите родители. Желбата да се биде среќен и несреќната реалност.
Во едно несреќно семејство родителите после 12 години живеење во брак без љубов се разделуваат. Двајцата полни со очај и тага од неисполнетите соништа со нетрпение чекаат да бидат слободни и се надеваат дека конечно ќе започнат нов среќен живот со новите партнери, но ни кај едниот ни кај другиот нема место за синот. Нивниот 12 годишен син исчезнува откако при една расправија и меѓусебно обвинување на родителите се крие зад вратата дознава дека планираат да го однесат во дом.

Преценет филм на Звјагинцев. Според мене можеше да трае највеќе 90 минути наместо повеќе од два часа. Како за долг филм гледачот многу малку може да ја почувствува болката на детето и нема време да го запознае како главен лик.


6.5/10
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
The Three Musketeers (1973) + The Four Musketeers (1974)

Дводелен филм за познатиот француски квартет. Ова можеби не е најдобриот филм за мускетарите (секако има многу екранизации), но е еден од најспектакуларните, барем што се однесува до ангажираните глумци - Чарлтон Хестон, Оливер Рид, Феј Данавеј, Кристофер Ли, Мајкл Јорк, ќерката на Чарли, Џералдина Чаплин, Ричард Чембрлен и преубавата Ракел Велч. Дел од овие имиња денес можеби значат малку, не и тогаш. Убаво е да се видат толку познати лица на едно место.
Борбите со мечеви, кои се очекуваат во вакви филмови, се трапаво изведени. Има доста обиди за хумор, кои пред 40+ години можеби и имале некаков ефект. Колку што памтам, сценариото не одстапува многу од книгата и ако има измени, тие се незначителни.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Lock, Stock and Two Smoking Barrels



Кај многумина луѓе филмов оди во пакет со Snatch, така беше случајот и кај мене. И прво да започанм со споредба меѓу двата, амбиентот и актерската екипа (горе доле) е иста, го имаат и двата тој британски шмек, и двата филма се генијално смислени. Кај Снеч малку поголема ми беше динамиката, секоја сцена некоја нова акција, немаше пауза во динамика, дејство до дејство, акција до акција. Додека тука малку почетниот дел се темпира ситуација, се воведуваме во дејството и сплетките, а втората половина стига динамиката како во Снеч, ако не и подинамично. Се на се, одличен филм, сега не секој може да го прати мислам, некој ќе не може да прати толку ликови и ќе се изгуби во филмот што се дешава, па така да ви треба малце концентрација за поголемо уживање и пратење на сите сплетки и дешавки. Јас лично ептен уживав во филмов, не е некој life changing, ама е крајно оригинално и интересно дејството и целиот амбиент. 9/10
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Security (2017)

upload_2017-11-13_18-42-14.png

Го гледав филмов без претходно да гледам трејлер и ми се свиѓаше. Со години не сум гледала филм со Бандерас и ова е солидно.
Кој е за акција слободно нека издвои време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom