Ме интересира ваше мислење. На план сме да земеме станбен кредит некои 19000 евра со рок на отплата од 5 години. Од шпаркасе ни понудија фиксна за првите 3год 3.25% и наредните 2год 4.4%( и во двата случаеви се работи за фиксни каматни стапки).
Трошоци прва година не се плаќа проценка , после тоа по 600денари, и осигурање некои 600-2000 денари зависи кој што сака.
Е сега во шпаркасе при отплата на кредитот ти сметаат по нивни продажен курс на еврото а тој е 61.85 ,што споредбено со среден на нбрм моментално е 61.542 (за утре пише 61.5) и има доста разлика на долгорочен план)
Дали според вас е ок да се избере шпаркасе банка или имате и некои други предлози?