VELUX EHF Champions League 2017/18

Кој е вашиот фаворит сезонава?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
Групите за следна сезона:

 
R

red.devil

Гостин
Веспрем, Киелце, ПСЖ, Кил... Оф оф оф
Не знам во каква состојба се Кил и Киелце, али ако се пола од што беа пред неколку сезони, покољ ќе биде групава.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Има потреба да играме?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Какви се ова само групи, желба ми беше само Псж да ги избегнеме, али ова е прелесна група, но тоа значи мн лесни бодови и за Барса а ние сме познати по расфрлање бодови па најверојатно второ место е очекувано (без разлика што сме шампиони)
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
Лесна група за Вардар, треба да биди прво место, за разлика од групата Б каде е многу потешка од А, таму ќе има :duel::duel:
Каква група таму ПСЖ, Веспрем, Киелце, Кил, Фленсбург :shook:
Секако овде во пол-позиција за првото место му ја препуштам на марсовците ПСЖ :D Ама ќе има голема борба, особено во гостувањата кај Веспрем и Киелце.
Нема да ме чуди Германците и повторно да не се пласираат на завршниот турнир во Келн(ф4) :D Му го зедоја скалпот сите :pos:
Во помалите групи и Металург има група каде можи да помини, освен Монтпеље каде треба да прв, тие треба да се во борба за второто место. Тешко ќе му биди кај Мотор во Запорожје нема шо да бараат таму, брз ракомет играат, опасна домашна екипа, а во гостувањата во Русија и Турција треба да се надеваат на победа, ќе скрој тактика Лино за да извлечи победа таму, полека прат екипа, Божо Анџелиќ го зедоја, ете можно е и Липовина да го вратат ако е вистина ќе видиме.
Само глупо е шо Чевларот игра со таа најглупа тактика 7 на 6 во напад, па со таа игра можно е и да завршат последни во групата :pos:
Групата му е добра, само треба паметно да изиграат.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
And here we go again,другарице и другове.
Битолчанец отвори тема лани Вардар титула лапна,после не сме чинеле ко народ,море сиктер таму:kuracc:
Да видиме сезонава како ќе одат работите.
Според квалитетот,амбициите на клубовите и тоа што испазарија(досега) би требало работите да се движат во насоката од ланската сезона,тие 10 ина екипи кои го водеа орото и лани и наредната сезона да бидат повторно во првите редови со марамчето во раце:pijani:.
Да идеме со ред.
ГРУПА А или првата од двете групи на БОГАТИТЕ:D

Барселона

Очекуваа многу ланската сезона,иако можеби не со право зошто очигледно беше дека чкрипат и имаа големи слабости во играта,недостатоци кои доста вешто ги сокриваа преку сезоната,на крај на Ф4 им се случи епизодата Фленсбург 2014 кога ги попарија на пенали,а годинава ги поздрави Циндриќ со гол за ракометните учебници.
Но тоа помина,сеа најголем проблем е како ќе ја покријат таа дупка која ја остави Киро?
Алфа и омега во тимот,во секое можно и неможно поле,лидерот на екипата,секогаш кога чкрипеа ги вадеше,иако имаше и тој овие неколку сезони доста фејлови но така е кога нема бекап од другите,се се базираше на него,сега со Доленец и Мем прашање е како ќе се одвива целиот тој процес.
Јуре е опасен играч,нема збор,ама најмалку една класа е зад Киро,сепак можеби сеа во екипа за неколку класи појјака од Монпеље можеби и ќе експлодира,има големо искуство,прилично добра возраст за ракомет,28 години мислам има,неколку години врвен ракомет игра во Монпеље+ две добри изданија на СП,2013 и 2017,ќе видиме како ќе ги пополни патиките на Киро,со Палмарсон ако е точно дека доаѓа би требало да има полесна задача да се адаптира побрзо на тој систем во играта на Барса,сепак ЛШ е предизвикот,за шпанската лига не мора ни да се замара.
Дика има уште фурни леб за јадење,и тоа некој интегрален леб,со додатоци:icon_mrgr:
Останатиот дел најверојатно е ист,се зависи од тоа дали Палмарсон е капарен и договорен како шо наголемо шпекулираат,ако е вистина добиваат екстра класа играч на плеј,а и на лев би покривал,кога нема да им оди на Црнчугите,а доста не им одеше:icon_mrgr:
Ќе видиме,ако го земат Палмарсон,со речиси комплетниот ростер од лани пак ќе бидат во преден план.

МАКЕДОНСКИ ВАРДАР(шо вика Зоранче)
Иста приказна како со Барса,заминува еден важен дел од целата таа машинерија.
Како ќе функционира тој механизам без Алекс?
Како ќе се покажи Кристопанс?
Кристопанс е многу опасен играч,со него Вардар треба да добие многу во одбраната,посебно да се затворат тие дупки на позиција во одбрана кога играше Алекс во дефанзива,вака со Кристопанс на 2 или најверојатно 3 заедно со Абутовиќ ќе ја сменат целата таа филозофија на игра во одбрана на Вардар,иако и лани,посебно со Фленсбург и ПСЖ Вардар покажа како се игра колективна одбрана.
Ќе видиме и дали ќе земаат замена за Борозан,или ќе го мачат ДЕДОТО КАЊЕЛАС да игра повеќе време од планираното:D
Останатото останува најверојатно непроменето,и нема потреба да се менува тимот што победува,посебно кога ги уклопи коцките Раул.
Вардар заедно со Барса е топ фаворит за првите две места во групата,а и за Ф4.

РК ШАЛАБАЈЗЕРИ ЛЕВЕН
Шо да се коментира за овие лудаци,се е излишно,веќе добро позната скупина на лудаци.
Најмал буџет од сите тие големи гиганти на Германскиот ракомет и на крај пак шампиони,кога те бива те бива.:icon_mrgr:
Испретепаа се живо и диво и на крај пак си лапнаа титула,баталија ЛШ пролетта,немаа сила за два фронта.
Многу опасна,непредвидлива пред се екипа,сезонава на местото на Деки доаѓа Џери/ЈЕРИ Толбринг од Кристианстад на лево крило,Богдан Радивојевиќ на десно,ако не се лажам и Колбахер на пикер ќе го менува Баена,на лев бек на местото на Ду Риц тука е Момир Рниќ-разбивач со долгогодишно искуство во Бундеслига,и секако нашиот Талески:icon_mrgr:,ваљда ќе има поголема минутажа сезонава,и би требало да има,барем во ЛШ,тука не се замара многу Јакобсен,ќе им даде шанса на сите да играат.
Би требало да бидат при врвот хоштаплерите.

ППД ЗАГРЕБ
Овие се непознаница за наредна сезона,еден куп тренери испроменија лани,од Вујо на крај завршија со Касим Каменица:pos: дојде да го "вади Загреб",шта речи?
Хаос беа при крај на сезона,дури и суспендираа еден куп првотимци,Гобац исклучи:sneaky:
Ростерот би требало да е истиот од лани,со рокада на голманска позиција,на местото на Стиви Бој Стевановиќ доаѓа Каштелиќ од Словенија,младо голманче,доста талентирано,заедно со Матевж Скок ќе го бранат голот,на лев бек го вратија Дамир Бичаниќ од Шамбери,донесоа 4 млади копиљаци од Хрватските клубови,ќе го имаат Домагој Павловиќ од почеток на сезона што би требало да е плус за екипата,се виде без него на шо личат,ќе видиме и Мраковчич дали ќе се успее да се наметни кај Камени.
Велко,Цингесар,Ловро Шпрем си одат.
Сепак кај овие се зависи од мотивацијата, и тоа како ќе се снајдат на гостувањата,дома вака така успеваат да се држат речиси со сите.

Висла Плок
Опасна екипа,посебно дома,доста е дискутирано за нив,зависи како испазарија сезонава,освен Обрадовиќ засега не знам дали имаат земено некој друг.
Прашање е дали Коралес останува или заминува во ПСЖ како шо беше договорено?
Но како и да е,горе долу играчите се тие,а во конкуреција каква што добија пласман на 6то место е топ ситуација за нив,барем со Загреб и Кристианстад имаат сила да се носат.

ПИК СЕГЕД
Екипа која би требало да се бори за 3,4 место,според квалитетот на екипата нема да ме изненадат да се и трети на крај.
И кај овие не се очекуваат некои големи измени во ростерот,Пастор ќе тера на долги патеки со овие,опасна екипа,со сериозна пара вложена,сериозен тренер,екипа за секој респект.

Кристианстад

Овие не ми се верува да направат ништо повеќе од борба за избегнување на фенерот,и реално не се за овие групи,местото им е во лузерската скупина
Останаа без Толбринг,останаа без голманот Симиќ кој си замина во Хановер,ќе бараат некој на позајмица сигурно пак,како лани+неколку репрезентативци од вториот ешалон на Шведската селекција,доволно да скинат некој бод во дуелите со Загреб и Висла,за повеќе немаат сили.

НАНТ
Опасна екипа,пресериозен проект,опасен тренер кој долги години работи со екипата и навистина напрај големи работи.
Имаат плејада на многу опасни играчи,голмани како Сирил Димулан,пред Жерар му беше редовна замена на Тити во Француска репка,Сифер беше долги години во Монпеље,откако дојде Жерар таму си замина од клубот.
На сите позиции се солидно покриени,не е само Киро,тука е и Гурбиндо со кого се ептен уиграни од времето во Барса,на лев Ниокас,средина Клер(опасен ептен),крила Клајн лево,десно Балагуер од Шпанска репка,пикер Буриќ од БИХ,доста добро парираа на ПСЖ во првенство,на крај кикснаа на домашен терен пред се и не успеаа до крај да им ја загорат манџата на Арапите од ПСЖ.
Нова сала направија,доста е вложено во екипата,сигурно од година во година ќе одат се подалеку.
Би требало без проблем да се пласираат во 1/8 финале.

Б ГРУПА

Телеком Веспрем

Уште една луда екипа,ќе видиме сеа како ќе изгледаат,дискутирано е за овие премногу,нема потреба да се навлегува пак во детали.
Само да се напомене дека доаѓаат Вилиам Акамбре на лев како замена за Илиќ,најверојатно и Слишковиќ е опоравен од повредата,на десен Тонесен како бекап за Хипикот Ласло,на крило Деки како замена за Угалде,се друго останува исто.
Пак ќе бидат еден од главните играчи,тоа е сигурно,без разлика дали Палмарсон ќе си оди или не.
Мае доаѓа од наредна сезона 2018/19,ако си оди Арон најверојатно Лекај ќе е прв избор на плеј,опасен копиљак е Мате.
Страшна екипа која од година во година е се посилна,ќе видиме како ќе се уклопи Љубо Врањеш во целата приказна.

Виве Киелце

Кај овие ќе треба еден сериозен ремонт,и почна да го прави Талант,не е будала и тој,знае предобро дека со испукани пушки не се добива војна.
Алекс на десен полека ќе го истисни од прва постава Криштоф Лијевски,на лев како бекап за Јурецки и Биелецки доаѓа Марко Мамиќ,200 и кусур суртук,доста добро се покажа на СП во Франција,има потенцијал во дечкото.
Рајхман си оди,доаѓа Блаж Јанц плус ЏукиЌУ,млади копиљаци кои имаат шо да покажат.
Плус Јанц би покривал и на десен бек,ќе имаат доста опции во напад..
На е проблем толку крилната позиција колку слабата одбрана и нападот во некои мечеви,сеа со индивидуалци како Алекс,Бомбач,Зорман,Јанц,треба да имаат далеку поголеми идеи,а ќе има и кој да ги научи,па од наредна сезона со Циндриќ да скоцкаат уште посилна екипа.
Треба да го поправат впечатокот од лани кога освен на неколку текми беа дупка невидена.
Имаат сериозен кеш,пребогат газда и можат да си дозволат било кој играч кој ќе го пикира радарот на Талант.

ПЕ СЕ ЖЕ

И кај овие не се очекува премногу промени,освен Коралес ако конечно допатува,а би требало да е така зошто Шкоф замина во Ерланген.
Не знам сеуште официјално дали донесоа некој бекап за Хансен на лев бек,ќе видиме.
Ако не се лажам треба Сандер Сагосен да е официјално во ПСЖ од оваа сезона,ако е така Сагосен и ЕР ФРАНС на плеј а Карабатакот ќе ротира со Хансен,премногу опции ќе имаат во напад,најкомплетна бековска линија на светот,ама нема кој да ги уклопи,и Нока се изгуби:ROFLMAO:,посебно ако не го диктираат темпото на мечот и резултатот се гледа ова.
Видечемо,можеби ќе изненадат нешто во текот на јули,но како и да е,пак ќе бидат меѓу ТОП ФАВОРИТИТЕ за највисок пласман.

АЛБОРГ

Овие изненадувачки станаа шампиони на Данска,не се лоша екипа,Сагосен беше таму.
Но сепак Данскиот клубски ракомет е далеку од Европскиот стандард за квалитет за ЛШ,ќе соберат некој бод,ама тешко до втора фаза

Мешков Брест

И кај овие иста приказна како кај Киелце,страшен бекап имаат,тешка пара вложуваат.
Го зедоа Петар Џорџич од Фленсбург на лев,преговараат со Игропуло како замена за Кристопанс,пак ќе имаат јака екипа зошто го задржаа целиот костур на екипата од лани.
Ако не губат бодови како лани со слабите екипи во групата како Цеље,Кристианстад би требало да имаат солидно бодовно салдо.

Цеље Пивоварна Лашко

И кај овие ќе следат промени,на лев бек го потпишаа Лука Митровиќ,добиваат во него еден опасен и докажан стрелец,заедно со Мачковшек(ако остани)ќе имаат добри пуцачи.
Не знам дали е официјално со МИХА ГЛУВЧЕТО ЗАРАБЕЦ,ако си замини во Кил ќе треба да најдат замена на плеј,ама имаат многу јака школа и не би требало да има проблеми.
Пак ќе бидат некоја екипа која би можела да скини некој скалп на поголемите(ако ги потценат),ама тешко дека ќе пројдат група,ќе видиме,како и да е,солидна екипа.

КИЛ

Шта речи за овие богаташи?:blablab:
Ќе видиме како ќе се снајдат сезонава,лани донекаде успеаа да задржат образ и да се докопаат до 1/4 финале шо со оглед на околностите е супер пласман,за повеќе не можеа.
Ќе го немаат КРКМАТА речиси цела групна фаза,можеби и цела сезона,па ќе видиме дали Глувчето ќе има добра адаптација или ќе се изгуби.
Имаат доста играчи на лагер,веќе младите добија на искуство,Билик,Нилсен,би требало конечно Вајнхолд да издржи да изигра цела сезона,уште повеќе ова важи за Дисинџер,ќе видиме.
Имаат јака екипа,не смеат да се потценат,би требало да се пласираат во наредна фаза,иако групата е доста заебана,ама не би требало да има проблеми за понатаму,сепак Шваба си е Шваба.

Фленсбург

Овие од најголеми фаворити за титула во Бундеслига лани на крај останаа со :kuracc: в раце,ги испушти конците од раце Љубо,баш кога најмногу требаше.
Ќе видиме сезонава новиот тренер како ќе успее да се прилагоди на притисокот,сепак Фленсбург е гигант на Германскиот ракомет и не е едноставно да се води една ваква екипа.
Заминуваат Хрчакот Егерт(легенда на клубот),заминува Богдан Радивојевиќ во РНЛ,од таму доаѓа Штанхаузер,си оди и десниот бек Јохан Јакобсен,Петар Џорџич го спомнав.
Не знам точно кој друг доаѓа на нивно место,ќе видиме.
Но костурот на тимот останува,Вештерот на голот,на крило Ване и Ласе Сван,пикер Тофт Хансен,бекови Гландорф,Мае,Лауге,Готфридсон,Могесен-сеуште имаат коњ за трка,но многу работи ќе зависат од новиот тренер,и секако каква ротација ќе имаат.
Иначе горе долу силата на тимот е таа,би требало ако се сериозни да немаат никаков проблем да поминат група,за повеќе многу работи ќе одлучат-дали ќе чуваат сили за Бундеслига,дали ќе имаат некои повреди итн.

Тоа е тоа.

П.С.Следува во анекс на постот осврт на лузерските групи.:icon_mrgr:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Лузерски СКУПИНИ

Група Ц

Адемар Леон

Полека,полека на сцена се врати еден многу јак играч на времето,Адемар беше јака екипа,не беше заебанција.
Заслужено ја истиснаа Ла Риоха и се вратија по неколку годишна апстиненција во Европскиот крем.
Солидна екипа имаат,неколку пати ги гледав лани на дримбокс,доста добро делуваа,со Барса во Блауграна беа на праг на реми.
Би требало да се пласираат во разигрувањето без проблем.

СКЈЕРН


Истото важи и за Данците,позната Данска школа,знаеме кој ракомет го негуваат.
Скјерн не е од вчера екипа,имаат доста добри индивидуалци,го зедоја Хрчакот Егерт на лево крило.
Ќе бидат во ТОП3 конкуренти за пласман во 1/8 финале,реално заедно со Адемар и Шафхаузен барем за класа отскокнуваат од останатите.

Горење Велење

И овие конечно дочекаа да избегнат квалификации,лани не успеаа,сезонава се докопаа конечно до некоја од групите.
Солидна екипа се,ги видовме и лани многупати низ преносите,им замина важен играч како Митровиќ но имаа доста солидни млади деца,посебно тој левиот бек шо влегуваше како замена за Митровиќ,десниот бек Цехте,тука се пикерот Клеч,Медвед крилото,Тоскиќ и Брумен се добро познати веќе итн..
Се на се солидна екипа,со традиција,би требало да соберат некое бод(че).

Кадетен Шафхаузен

Овие според квалитетот би требало да се во борба за првите 2 позиции,заедно со Скјерн и Адемар.
Не се лоша екипа,ете сеа го зедоа Стиви Бој на гол,Дупјачанец е тука:cool:,не знам дали остана Часар,Линигер е тука на лево крило,Томинец десно,не се лоши.
Солиден буџет имаат,би требало да се држат до крај за пласман во 1/8 финале.

Динамо Букурешт

И овие се доста сериозен проект,доста пари вложуваат.
Солидна екипа,неколку Романски репрезентативци+браќата Естеки од Иран+Раго,плеј од Франција+Јосип Вранковиќ на десен,летово го потпишаа и Новак Бошковиќ од Српска Репка како бекап,не се лоши.
Би требало да соберат бодови,ако им се даде шанса зошто да не се замешаат за нешто повеќе,на домашен терен можат да се носат со секого,пишев и лани,најдобра публика имаа,грмеше салата од навивање.

Елверум

И овие се добро познати,не се лоши,ама не ми се верува да направат нешто повеќе.
Реално тука им е силата,од 4-6 место во група.

ГРУПА Д

МЕТАЛУРГ

Античките повторно лапнаа вајлд карта,секоја чест.:aplauz:
Лобито си ја одработи уште еднаш максимално задачата.
Горе долу костурот од лани е тука некаде,секако без главниот играч Обрадовиќ,но треба да го замрни Кузмановски без проблем,другите поважни играчи останаа,редно време е Кузмановски да експлодира,доста беше во втор план.
Да видиме шо играчи се Лапајне на лев како бекап,посебно Божо Анџелиќ на плеј,десен бек ќе треба некој да бараат салам,би требало да најди Лино,има доста врски стариот,и голем сенс за играчите.
Солидна екипа ќе имаат,нема никаков сомнеж овде,колку ќе успеаат да се снајдат во групата ќе видиме.
Сепак не се шогоде екипи Монпеље и Мотор како конкуренција,а најверојатно и Спортинг ќе го добијат како бонус од тие квалификанти.
Се на се 3 екипи кои се пред нив,па секој пласман над 4то место за Металург ќе е голема сатисфакција.
Видечемо,би требало да не разочараат,посебно на тие текми дома,во гости можат да се носат барем со Бешикташ и Медведи и да добијат.
Да се почека разврската од шопингот па ќе се знае појасно.

Мотор Запорожје

Солидна екипа,со сериозен спонзор и добра работа,доста добра селекција на играчи имаат од својата школа+земаат некои репрезентативци на Русија,Литванија итн.
Опасна екипа која ако се потцени знае да направи големи бељи,се виде и лани во групата.
Би требало да се борат за највисок пласман.

Монпеље

Овие се топ фаворит за прво место,без дилема.
Останаа без Јуре,си замина и Жвижеј,ама имаат доста коњи за трка,сеуште се на некое високо ниво,сепак 8 милиони евра буџет не се за мајтап.
Сигурно имаат нешто земено летово,треба да скоцкаат повторно една солидна екипа која би можела да напрај беља во разигрувањето.

Бешикташ

Овие циркузанти освен мечеви со многу голови не ми се верува да понудат нешто повеќе.
Ќе си ги играме на ОВЕР цело време,1.90 квота кој ти ја дава бајо мој:zloo:

Чековски Медведи

И на овие полека им се ближи крајот,полека се јавуваат и други играчи на Рускиот Пазар,ете Деревен потпиша за некоја екипа која сеуште немала име:pos:
А таму ќе игра и десното крило Ковалев,полека полека Медведи ќе паѓаат,ете и Газпром ќе влегува со некој кеш во ракометната секција на СТ Петерсбург и сигурно за брзо ќе го изгуби приматот Чеховски,доста им беше.
Реално ова шо го понудија овие години беше максимум од нив,со такви смешни буџети не се прај екипа,посебно не за Руски стандарди.

Квалификант

Овде мислам дека Спортинг ќе се пласира понатаму.
Многу ќе зависи каде ќе се игра турнирот,ако се игра во Португалија 99% оди Спортинг.
Единствено беља ако им напрај Татран,го зедоа Голужа за тренер,отсекогаш биле незгодни Словаците,посебно ако ја лапнат тие групата.
Ама лани беа тие домаќини на група,не ми се верува и сезонава да бидат во иста улога.
Алпла Хард реално нема шанса иако не се лоши тие,посебно ако добијат група,домашен терен,мала помош од луѓето во црно се е можно.
Кога сме кај Алпла,го зедоа Ристо Арнаудовски:cool:
Ќе видиме,има време за овие,до крај на август,допрва таму ќе кршат копјата,кој повеќе ќе излобира кај газдите во ЕХФ,и кој повеќе ќе се засили нормално.
Да видиме и Спортинг шо играчи ќе купи,голем буџет имаат,треба да одат скалило погоре од лани кога прелесно си го лапнаа Челинџ Купот,не дека имаа некоја конкуренција.
__________________________________________________________________________________________________________________________________________


P.S.Има време,допрва следува вистинското,да се види сеа како ќе испазарат екипите,и во богатите и во лузерските групи,многу работи ќе зависат од ова.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Добивме слична ситуација како и претходната сезона кога зборуваме за групите А и Б. Разликата помеѓу нив можеби не е толкава како претходната, но Фленсбург, Кил, ПСЖ, Киелце и Веспрем во иста група не е заебанција.

Во А групата треба многу внимателно да се набљудува Сегед. Покажаа дека се сериозен тим претходната сезона кога саглам го испотија ПСЖ во четврт финалето. Се уходаа новајлиите Шоштариќ, Банхиди, Бодо и Скубе, а доаѓаат и Сигурмансон на лево крило (четири сезони настапуваше за РНЛ) и Житников од Висла на центар. За Пастор не мора да се трошат зборови, еден од моите омилени ракометни тренери.

Во Б има да биде кланица. Сериозни промени претрпеа Веспрем, Киелце и Фленсбург, а и останатите екипи не спиеја. Би требало да биде доста возбудливо.

Кога сме кај послабите групи треба да се пази на Букурешт. Како што кажа и Томасино имаат опасна сурија фудбалски навивачи кои што им одат на утакмици и прават многу бука! На лево крило го купија Хуго Дескат кој доаѓа од Кретеј. Станува збор за опасен 24 годишен дечко кој што беше втор најдобар стрелец во Франција после Генсхајмер сезонава. Новак Бошковиќ од Тел-Авив доаѓа како замена за Вранковиќ, како и Милан Шајин што изигра пола сезона за Металург пред некоја година на лев бек.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Дали знае некој кога ќе го објават распоредот за ЛШ?
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
http://telekomveszprem.hu/pre-season-preparation-starts-today_3555

Слишковиќ не е повеќе член на Веспрем. Сомнителна беше целата ситуација со него. На почеток на сезоната најавија дека заради мононуклеоза ќе остуствува подолг период. После нова година излезе интервју на balkan-handball во кое кажа дека набрзо ќе се врати на терените и сега ова :toe:. Како и да е ова е можеби и најдобрата опција за него на долг рок, со оглед на тоа што сезонава нема да настапуваат во СЕХА. Тешко дека ќе добиеше некоја позначајна минутажа покрај Илиќ, Акамбре, Џамали, а тука е и младиот Лигетвари. Пет леви бекови ќе беа премногу.
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
]http://24rakomet.mk/висла-се-откажа-од-преговорите-сапуни/

И после зошто ракометот бил LOW CLASS SPORT,еве зошто.
За мочани 50 К не можат да се договорат,во фудбал екипи од Азербејџан имаат дневен буџет од 50К овие ЛШ тимови се цинцарат овде.
Пу бе:kuracc:,не е ни чудо после зошто толку мала пара се врти во ракометот,и колку е тешко да се дојде до салам спонзор.
Ако се исклучи ПСЖ кој реално е вештачка творевина на Арапите(пред тоа мака мачеа децении наназад во чиста просечност,Пелистер ги исфрли од Челинџ во 2002 година:pipi:),Барса која егзистира само од добрата волја на газдите на ФК Барселона(се додека е таков системот немаат гајле тие иако не се семоќни и не се расфрлаат со пари никогаш),и Веспрем кој е некојси државен проект,се друго многу тешко доаѓа до пари.
Прајме муабет за екипи кои барем +10 години се сериозни играчи на европска сцена.
Еден Загреб до кое дереџе дојде,години мака мачат со парите,од 2 милиони немаат кренато барем една деценија,уште Киро беше кај нив.
Цеље до кај дотурка,од екипа која редовно играше пред 6К публика,сеа стигнаа да играат пред 1000 гледачи во ЛШ.
Германците не ги спомнувам намерно во ова друштво,затоа што тие се сосема друг левел,друг начин на финансирање,редовно полни сали,еден куп ПОМАЛИ ПРИЈАТЕЛИ НА КЛУБОТ,затоа нема да има зима за нив.
Сите други клубови(освен Барса)функционираат се додека газдата и партијата се расположени да фрлааат пари.:zloo:Вардар,Киелце,Брест Мешков.
Во Германија е сосема друг менталитет,и кај управите на клубовите и кај начините на кои се доаѓа до спонзор,си има култура,во секој момент ќе има спонзори за Кил,Фленсбург,РНЛ итн,не само тоа,уште еден куп 100 ина сребрени,бронзени спонзор(чиња),+20 ина мечеви полни сали во година,ете ти +10 ,Милиони буџет(за Кил пред се,другите не се толку среќлии)
ХСВ,некогашниот европски шампион,пропадна,банкрот,фино лепо се помирија со судбината,и ете ги пак,група ентузијасти и пак ќе го кренат клубот и ќе го вратат каде што треба.
Нормално ќе треба време,ама ќе стигнат сигурно,а кај нас(Источна Европа)се сакаме брзо да прескокнеме далечина,чекај бе,не оди тоа така.
Екипа не се прај туку така.
И Французите полека полека почнаа да го прифаќаат тој систем на работа,Нант пред се,екипа у успону,почнаа прво со инфраструктура,спонзори,ете сеа полека билдаат екипа за ЛШ.
Докажан систем на работа,кој дава резултати.
Металург почна некој проект,Минчо фрлаше,фрлаше пари,ама наместо постепено да ја подигнува екипата баш кога требаше да го достигнат зенитот тој се реши да го ПРЕСЕЧИ ЈАЖЕТО:icon_mrgr:,сеа остана само мала врвка на која се држи екипата.
Вардар,можеби е исклучок,за само 4 години сериозно вложување успеаа да го направат она што не им успеа на многу екипи кои фрлија далеку поголеми суми од нив низ годините,како Веспрем на пример.
Ама сеа прашање е како ќе се одвива сапуницата,и да си оди Самс(без разлика кој стои зад неговите богатства кои ги истури во клубовите)дали ќе има некој кој барем ќе сака да продолжи.
Ако остани се за џабе нема никаково фајде од сето ова вложување,освен шо ќе остани салата(ако не ја шитнат и неа):icon_lol:
Инфраструктура има,и повеќе од тоа,за некои само ова е доволно,арно ама ова е Македонија,овде и да има исто како да го нема:zloo:
Ќе се најди некој јунак и ќе споеби се:sneaky:,веќе видена приказна,нормално е ова,кога се е поврзано со политика,систем на функционирање ДАЈТЕ МИ ПОЛИТИЧКА ПОДРШКА,ТЕНДЕРЧЕ,ПАРЦЕЛЧЕ,па јас ќе ви вратам со НЕКОЈА ПАРИЧКА ЗА ПАРТИСКИ МИТИНЗИ,КАРАВАНИ,И НЕКОЈ СПОРТСКИ КЛУБ ДА ГО ВРАТАМ НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ.(ова последно само со краток рок на траење).:icon_mrgr:

П.С.
Како и да е,уште малку останува до почеток на сезона,следува докомплетирање на лузерските групи,па потоа главното шоу,спремајте се.:pistoldz:
 
Член од
2 август 2017
Мислења
262
Поени од реакции
365
]http://24rakomet.mk/висла-се-откажа-од-преговорите-сапуни/

И после зошто ракометот бил LOW CLASS SPORT,еве зошто.
За мочани 50 К не можат да се договорат,во фудбал екипи од Азербејџан имаат дневен буџет од 50К овие ЛШ тимови се цинцарат овде.
Пу бе:kuracc:,не е ни чудо после зошто толку мала пара се врти во ракометот,и колку е тешко да се дојде до салам спонзор.
Ако се исклучи ПСЖ кој реално е вештачка творевина на Арапите(пред тоа мака мачеа децении наназад во чиста просечност,Пелистер ги исфрли од Челинџ во 2002 година:pipi:),Барса која се егзистира само од добрата волја на газдите на ФК Барселона(се додека е таков системот немаат гајле тие),и Веспрем кој е некојси државен проект,се друго многу тешко доаѓа до пари.
Прајме муабет за екипи кои барем +10 години се сериозни играчи на европска сцена.
Еден Загреб до кое дереџе дојде,години мака мачат со парите,од 2 милиони немаат кренато барем една деценија,уште Киро беше кај нив.
Цеље до кај дотурка,од екипа која редовно играше пред 6К публика,сеа стигнаа да играат пред 1000 гледачи во ЛШ.
Германците не ги спомнувам намерно во ова друштво,затоа што тие се сосема друг левел,друг начин на финансирање,редовно полни сали,еден куп ПОМАЛИ ПРИЈАТЕЛИ НА КЛУБОТ,затоа нема да има зима за нив.
Сите други клубови(освен Барса)функционираат се додека газдата и партијата се расположени да фрлааат пари.:zloo:Вардар,Киелце,Брест Мешков.
Во Германија е сосема друг менталитет,и кај управите на клубовите и кај начините на кои се доаѓа до спонзор,си има култура,во секој момент ќе има спонзори за Кил,Фленсбург,РНЛ итн,не само тоа,уште еден куп 100 ина сребрени,бронзени спонзор(чиња),+20 ина полни сала во година,ете ти +10 ,Милиони буџет.
ХСВ,некогашниот европски шампион,пропадна,банкрот,фино лепо се помирија со судбината,и ете ги пак,група ентузијасти и пак ќе го кренат клубот и ќе го вратат каде што треба.
Нормално ќе треба време,ама ќе стигнат сигурно,а кај нас(Источна Европа)се сакаме брзо да прескокнеме далечина,чекај бе,не оди тоа така.
Екипа не се прај туку така.
И Французите полека полека почнаа да го прифаќаат тој систем на работа,Нант пред се,екипа у успуну,почнаа прво со инфраструктура,спонзори,ете сеа полека билдаат екипа за ЛШ.
Докажан систем на работа,кој дава резултати.
Металург почна некој проект,Минчо фрлаше,фрлаше пари,ама наместо постепено да ја подигнува екипата баш кога требаше да го достигнат зенитот тој се реши да го ПРЕСЕЧИ ЈАЖЕТО:icon_mrgr:,сеа остана само мала врвка на која се држи екипата.
Вардар,можеби е исклучок,за само 4 години сериозно вложување успеаа да го направат она што не им успеа на многу екипи кои фрлија далеку поголеми суми од нив низ годините,како Веспрем на пример.
Ама сеа прашање е како ќе се одвива сапуницата,и да си оди Самс(без разлика кој стои зад неговите богатства кои ги истури во клубовите)дали ќе има некој кој барем ќе сака да продолжи.
Ако остани се за џабе нема никаково фајде од сето ова вложување,освен шо ќе остани салата(ако не ја шитнат и неа):icon_lol:
Инфраструктура има,и повеќе од тоа,за некои само ова е доволно,арно ама ова е Македонија,овде и да има исто како да го нема:zloo:
Ќе се најди некој јунак и ќе споеби се:sneaky:,веќе видена приказна,нормално е ова,кога се е поврзано со политика,систем на функционирање ДАЈТЕ МИ ПОЛИТИЧКА ПОДРШКА,ТЕНДЕРЧЕ,ПАРЦЕЛЧЕ,па јас ќе ви вратам со НЕКОЈА ПАРИЧКА ЗА ПАРТИСКИ МИТИНЗИ,КАРАВАНИ,И НЕКОЈ СПОРТСКИ КЛУБ ДА ГО ВРАТАМ НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ.(ова последно само со краток рок на траење).:icon_mrgr:

П.С.
Како и да е,уште малку останува до почеток на сезона,спремајте се.:pistoldz:
Интересни анализи правиш околу ракометов, се гледа дека си стварно експерт:cuc:.Те поканувам сезонава да дојдеш во Јане Сандански на лига шампиони, утакмица по твој избор со обезбеден билет за тебе од моја страна.:oleee:
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.757
Поени од реакции
20.465
]http://24rakomet.mk/висла-се-откажа-од-преговорите-сапуни/

И после зошто ракометот бил LOW CLASS SPORT,еве зошто.
За мочани 50 К не можат да се договорат,во фудбал екипи од Азербејџан имаат дневен буџет од 50К овие ЛШ тимови се цинцарат овде.
Пу бе:kuracc:,не е ни чудо после зошто толку мала пара се врти во ракометот,и колку е тешко да се дојде до салам спонзор.
За трасферов на Обрадовиќ некаде прочитав ако Килеце не ги даваат тие 50к да го земат Јагањац од ПСЖ и да им го дадата на Металург за Обрадовиќ да премине кај нив.
Али на крај Металург сами си го договориле Јагањац, http://www.rkmetalurg.mk/ns-newsarticle-halil-jaganac-od-deneska-i-oficijalno-e-nov-rakometar-na-metalurg.nspx
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Денешниот ден ќе го даде финалниот изглед на АНТИЧКАТА ГРУПА,
Спортинг или Алпла Хард?
http://www.eurohandball.com/article/29225
Австријците со години се ВЕЧИТИ ЛУЗЕРИ во квалификациите,преку 10 години нивните тимови се секогаш тука пред портите на ЛШ ама секогаш им го затвораат пред нос:kuracc:.
Можеби треба ЕХФ да им даде едно место во лузерските групи,подобро нив отколку на некои циркузантски екипи како Бешикташ на пример.
Иако според квалитетот се тука некаде со Турците,додуша имаат далеку подобро првенство во Австрија,иако почнаа да мрдаат и Турците во последно време,ме чуди како Австријското лоби во федерацијата не е активирано досега,изгледа не се замараат многу.
Секогаш ќе дотуркаат до финале на турнир и толку,ќе ги снема,додуша на времето далеку појјака беше конкуренцијата на овие бараж турнири,еден Металург во зенитот на расфрлањето со пари на Чика Минчо мака мачеше да се докопа до групи,сеа е полесно,ама пак не е е едноставно,посебно не за екипа со буџет како Алпла Хард..
Доста уиграна екипа се Алпла,милион години играат заедно,Докнич Голуб,500 години е таму,Австријска пензија си лапна,го прајме ние будала:icon_lol:.
Која легенда:pos:
:D
Пред две сезони во Бања Лука играа финале на турнир,изгубија од Елверум,во меч во кој несудениот играч на Тинекс ПролеЌе Стегавик имаше симултанка.
Овој пат ќе имаат бетер противник,Спортин ЕКИПА У УСПОНУ,лани си се прошетаа до Челинџ Купот,лапнаа титула во Португалија,не е заебанција сепак Португалската лига,во конкуренција со еден Порто.
Не знам дали остана Божовиќ во екипа?На ЕХФ сајтот го водат како играч на Спортинг ама не играл на вчерашниот меч со Кокс,најверојатно е повреден.
Составот е горе долу онај од лани,искусни играчи како Никчевиќ,Руезга,го зедоа на пикер Тиаго Роча од Висла,еден од најјаките пикери во последните години во ЛШ,плус дузина Португалци,Кубанци -страшно брза екипа.
Не би требало да има проблеми за Спортинг да се докопаат до групата,а таму вака првично освен Мотор не гледам некоја екипа која би им направила некоја беља за висок пласман и борба за 1/8 финале.
Античките ако не земат некој салам десен бек тешко да склопат салам екипа,иако сеуште е рано да се прогнозира,треба да се уиграат новите бекови,сепак тешко ќе оди замената на Талески,пред се на Обрадовиќ кој беше пола екипа.
Чеховски никогаш послаби,како тргнале тие најверојатно уште оваа сезона ќе ги гледаме во ЛШ,доста конкуренција ќе имаат годинава,и најверојатно од наредна сезона некој нов руски проект ќе стапи на сила.
Бешикташ дома можеби ќе замрсат некоја сметка,и на гости да се пробаат со Медведи,за друго многу тешко.
Како и да е,уште неполни 10 дена до стартот на забавата.:pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom