Tour de France: 2017

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Giro d'Italia е позади нас, со (на мое огромно задоволство) Tom Dumoulin како носител на розевата маица по 21 ден тркање. Ова Giro се покажа како напорно и за дел од најспремните велосипедисти на планетата, но бидејќи Grand Tour сезоната е во полн ек, нема време за одмор.

На 1ви јули доаѓа најголемиот велосипедски настан во светот - Tour de France - во своето 104то издание! Ќе се вози низ 23 денови, од кои 2 дена се денови за одмор, и 2 дена се индивидуален и тимски хронометар.

Трката започнува во Дизелдорф, Германија со тимски хронометар долг 14 километри покрај брегот на реката Рајна, од каде продолжува низ Белгија, за веќе во третиот ден „циркузот“ да навлезе во територијата на Франција.

Многу планини, илјадници километри, стратегии, индивидуални напади, инциденти и можеби уште едно трчање без точак кон финишот не очекуваат и оваа година на најочекуваниот вело-настан во светот!

Темава може да се користи за создавање на малку еуфорија меѓу ние што следиме, дискусија, тимски новости, тимски постави како што ќе се објавуваат и буквално за се останато поврзано со 104-тото издание на Tour de France.

Корисни линкови:

http://www.letour.com/le-tour/2017/us/overall-route.html
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Team Sky го објави комплетниот тим за овогодинешното издание на Tour de France! Извонредно јак тим како и секоја година, па да елаборираме:

Chris Froome - тим лидер, сите кои го следат спортот знаат што може во своите најдобри денови.
Geraint Thomas - заменик тим лидер, ланското издание на TdF покажа што навистина има во своите нозе. Го тегнеше Фрум нагоре по планините со темпо кое ни главните конкуренти не можеа да го идржат. Многу битен за Sky бидејќи возат скоро идентична позиција со Froome, и лани Froome заврши етапа на негов велосипед откако падна и го оштети својот.
Mikel Landa - го освои генералниот пласман во планинската класификација на Giro, во полна форма спремен да работи за тимот.
Sergio Henao и Mikel Nieve - не ги следам сезонава, но Henao ми оставил убав впечаток во претходните сезони на TdF, верувам нема да разочара.
Kiryienka и Kwiatkowski - универзалци, докажани хронометраши, ќе се користат и на рамно и во планините.
Luke Rowe и Christian Knees - специјалисти за класици, веројатно ќе се борат за рамните етапи ако се позиционираат добро при финалниот спринт.

Како што кажав, извонредно јак тим, очекувам доминантен настап во поглед на спремност, ако воопшто имаат среќа возачите. :)

http://www.cyclingweekly.com/news/racing/tour-de-france/team-sky-reveal-the-eight-riders-who-will-support-chris-froome-at-the-tour-de-france-336615
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Едвај се чека стартот, навивам за Скај поконкретно за Фрум и како и лани имаат страшен тим а пострашно е и што оваа година и сите се во јака форма во моментот. Се надевам на уште еден триумф на Фрум.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Team Sky го објави комплетниот тим за овогодинешното издание на Tour de France! Извонредно јак тим како и секоја година, па да елаборираме:

Chris Froome - тим лидер, сите кои го следат спортот знаат што може во своите најдобри денови.
Geraint Thomas - заменик тим лидер, ланското издание на TdF покажа што навистина има во своите нозе. Го тегнеше Фрум нагоре по планините со темпо кое ни главните конкуренти не можеа да го идржат. Многу битен за Sky бидејќи возат скоро идентична позиција со Froome, и лани Froome заврши етапа на негов велосипед откако падна и го оштети својот.
Mikel Landa - го освои генералниот пласман во планинската класификација на Giro, во полна форма спремен да работи за тимот.
Sergio Henao и Mikel Nieve - не ги следам сезонава, но Henao ми оставил убав впечаток во претходните сезони на TdF, верувам нема да разочара.
Kiryienka и Kwiatkowski - универзалци, докажани хронометраши, ќе се користат и на рамно и во планините.
Luke Rowe и Christian Knees - специјалисти за класици, веројатно ќе се борат за рамните етапи ако се позиционираат добро при финалниот спринт.

Како што кажав, извонредно јак тим, очекувам доминантен настап во поглед на спремност, ако воопшто имаат среќа возачите. :)

http://www.cyclingweekly.com/news/racing/tour-de-france/team-sky-reveal-the-eight-riders-who-will-support-chris-froome-at-the-tour-de-france-336615
Страшен тим пак имаат собрано британциве.. Ричи Порт не може никој да го замени, ама пак тимов делува непобедливо.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Скај се нешто ко Голден Стејт у кошарка у пичку матер :D
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Какви се информациите за Квикстеп ? И тие момци покажаа дека се опасни :)
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334


Утре прва етапа. Мини хронометар во Дизелдорф. Главни фаворити Тони Мартин и Роглич. Од фаворитите мислам дека Порт има најдобри шанси да добие неколку секунди пред другите.

Инаку што се однесува до целата трка годинава се надевам дека нема да има голема доминација на Скај и ќе гледаме неизвесна трка. Според мене топ 10 би изгледало вака:

1. Ричи Порт - имаше одлично Дофине и добра форма. БМЦ имаат слаб тим годинава а и првата недела се очекува дожд (што му е слабост) ама мислам дека има најголеми шанси да победи годинава поради формата на планините (иако годинава не се толку тешки).
2. Крис Фрум - ми изгледа дека годинава не е толку доминантен ама со него никогаш не се знае. Исто така тука е и одличниот тим да надомести за евентуалната слабост.
3. Наиро Кинтана - би сакал да победи ама тешко. Годинава нема многу планини а има два хронометри. Сепак во моментов држи подиуми на сите три Гранд Турс (трето место на ТдФ, прво на Вуелта и второ на Џиро) па очекувам тоа да продолжи. Исто ќе видиме дали во втората гранд тур во една година ќе биде подобар од првата (како минатата сезона).
4. Фугсланг - мислам дека ќе биде најголемо изненадување. Го освои Дофине и беше еденствен кој му парираше на Порт.
5. Контадор - надвор од форма и стар. Мислам дека топ 5 ќе биде успех за него али од него секогаш може да се очекува да ја направи трката интересна како минатата година кога со напад во раните километри имаше огромна улога во победата на Кинтана на Вуелта.
6. Фабио Ару - и он има добра форма. Беше добар на Вуелта и стана национален шампион на Италија со одлично возење. Може да биде и погоре во зависност од тоа какви ќе бидат наредбите на Астана (кој ќе биде прв возач он или Фугсланг). Со двајца возачи кои се борат за генерален пласман може да се очекува доста напади од Астана.
7. Роман Барде. Одличен возач кој доста напаѓа и на брдо и на спуст. Минатата година беше втор. Ќе видиме годинава во каква форма е.
8. Валверде - засега се најавува дека е тука само да му помага на Кинтана (и покрај тоа што мислам дека со форма се тука некаде а рутата му одговара повеќе нему). Според мене најдобриот возач на денешницата а годинава има одлична форма (иако има 37 години) и победи во генерален пласман на неколку трки и класици. Останува да видиме каква ќе биде стратегијата на Мувистар.
9. Чавес - неизвесна му е формата после повредата ама очекувам дека ќе влезе во топ 10.
10. Пино - најавува дека се надева само на точкастата мајца и етапна победа ама со тој потенцијал мислам дека ќе успее да влезе во топ 10.
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Ништо ново. Доминација на Скај (четири возачи во топ 10, два на подиум, Фрум зема секунди пред другите фаворити)...Голема несреќа за Мувистар, Валверде во аут.

Резултатите денеска:
Томас
Куенг + 5
Кириенка + 7
---------------
Фрум + 12
Јеитс + 37
Порт + 47
Кинтана + 48
Талански + 49
Пино + 50
Барде + 51
Ару + 52
Контадор + 54
Фугсланг + 54....
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Ќе пробам да го изгледам хронометарот, не бев во можност поради плажа, сонце и многу пиво. :D
Прв пат ги читам резултатите овде, благодарност до @Jan Polat, и со насмевка завршив читајќи го постот. :)

Сакам повеќестрана трка ама не можам да одолеам на "no-nonsense" стратегијата на Sky.
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Денеска победа на Кител пред Демар, Грајпер, Кевендиш и Гронвеген.

Фрум, Томас, Барде и Порт имаа пад


Ќе видиме како ова ќе влијае во понатамошната трка.

Утре трета етапа со цел на (мало) брдо. Би требало Саган, Ментјенс и Жилбер да бидат фаворити.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Уште е почеток, ама откажувањето на Валверде е прилично голем удар за Мовистар и Квинтана (како најсериозен противник на Фрум). Ретко кој сврзал две добри GT трки, така да после Giro за очекување беше дека Квинтана ќе биде истрошен за Tour de France. Ова со Валверде е само додатен проблем и мислам дека првото место во генерален е недостижно за нив.
Единствен сериозен конкурент на Фрум останува, Ричи Порт.
Утре Саган ќе гази. :)
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Китана ако сака да ја освои ТурДеФранс ќе мора да ја скокне Giro, така да јас го отпишувам како фаворит за оваа година а па и со откажувањето на Валверде уште помали шанси му давам. Ако нема падови посериозни Фрум останува како главен фаворит, и иако падна остана ладен не испаничи и полека ја стигна групата и не изгуби време.
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Китана ако сака да ја освои ТурДеФранс ќе мора да ја скокне Giro, така да јас го отпишувам како фаворит за оваа година а па и со откажувањето на Валверде уште помали шанси му давам. Ако нема падови посериозни Фрум останува како главен фаворит, и иако падна остана ладен не испаничи и полека ја стигна групата и не изгуби време.
Имаше три такви обиди Кинтана (2013,2015 и 2016) каде што се фокусираше само на ТурДеФранс каде што заврши втор и трет и не успеа да освои. Годинава го пратија на Џиро оти подобро реагирал на втората ГрандТур (како лани каде што го победи Фрум на Вуелта по третото место на ТдФ). Ќе видиме како ќе заврши на крај.

Се согласувам дека Фрум е главен фаворит а мислам дека единствен начин да се победи е со long-range напад како што направија Кинтана и Контадор минатата година на Вуелта. Ама сепак главниот проблем е што тешко дека таков напад може да успее на ТдФ ако се има впредвид каков е тимот за оваа трка секоја година (вториот возач на Скај е подобар од голем број од фаворитите од другите тимови а тука се и Ланда, Хенао, Квиатковски и другите).
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Имаше три такви обиди Кинтана (2013,2015 и 2016) Годинава го пратија на Џиро оти подобро реагирал на втората ГрандТур (како лани каде што го победи Фрум на Вуелта по третото место на ТдФ). Ќе видиме како ќе заврши на крај.
Ова им е ужасно лоша споредба, лани вуелтата тоа беше втора ГТ трка во низа и за Фрум кој беше многу истрошен и плус беше без главниот помагач Порт.
Додека пред ТДФ, Фрум е одморен, цел Скај се фокусира на таа трка и тоа им е приоритет секоја година. Жолта маица на ТДФ и сезоната за нив е успешна, се друго е бонус.[DOUBLEPOST=1499098744][/DOUBLEPOST]
Уште е почеток, ама откажувањето на Валверде е прилично голем удар за Мовистар и Квинтана (како најсериозен противник на Фрум).
Утре Саган ќе гази. :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom