Не сум голем филмофил но ќе се вклучам во оваа тема ми се виде интересна во изминатите неколку месеци одгледав неколку филмови од регионот меѓу кои Зона Замфирова 2, Реквијем за г-ѓа Ј, На Млечниот пат, Дневникот на машиновозачот, Енклава, Ничије дете. и други ќе се потрудам да дадам некоја си кратка рецензија инаку мислам дека сите набројани се (Мн)добри но се разбира секој во својот жанр и тематика.
Зона Замфирова 2 всушност многу сличен на првиот само со подновена и посвежа млада екипа на актери кои и се добро познати посебно на помладата популација. Евидентна е промената на режисерот но новиот млад режисер доведе некоја нова свежина но со минамално помал квалитет. Приказната е интересна и се разбира својствена за времето новата екипа многу добро со исклучоци ја носи приказната. Топло го препорачувам за гледање мислам дека ќе прободи интерес кај сите генерации, филмот е типичен балкански. Да додадам дека филмот е повеќе од комерцијален отколку уметнички карактер за по фестивали.
На млечниот пат филм за кој се крена многу прашина поради главната актерка Моника Белучи но и доволно е тоа што е дело на Кустурица. Филмот е целосно во стил на Кустурица со неговиот посебен уметнички израз кој на моменти ги поминува границите. Присутни се фантастични елементи. Актерската екипа е малтене одлична што може и да се каже за приказната во секој случај е најдобриот филм од сите горе набројани и меѓу најдобрите кои сум ги гледал. Филмот не е баш за секоја публика допадлив за помалите посебно не е поради некои вознемирувачки сцени но и тешкиот израз на Кустурица за останатите го препорачувам филмот е навистина уникатен и евидентна е големата продукција но и исклучителната надареност на Кустурица, директорот на фотографија одлично си ја завршил работата а локациите и реквизитите за перфектни.
Енклава
По насловот е јасно дека се работи за филм за Косово и за односите помеѓу србите и албанците. Присутна е националистичката нишка во моменти и субјективноста на авторите кон својот народ и националност иако јас не зафаќам страна сметам дека филмот реалистично прикажува живот на едно српско семејство во Косово. Мислам дека секому не би се допаднал но филмот добар.
Наскоро можеби ќе напишам нешто и за останатите.