Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Viking (2016)
Филмуван е дел од историјата на Русија, кратко пред прифаќање на христијанството. Главната улога му припаѓа на Владимир, еден од тројцата синови на Свјатослав, од династијата на Рурик (од скандинавските викинзи-Варјази). Владимир владее со Новгород, но по смртта на братот Олег и убиството на Јарополк, го освојува и Киев и го зацврснува и брани од завојувачи (племето Печењези или остатокот од војската на неговиот брат Јарополк). По договорот со римската империја за преземање на Херсун (Корсун), со што за возврат би ја добил Ана (сестрата на Василиј 2) за сопруга и сојузништво од источното царство, започнува ширењето на христијанството и во Киевска Русија.
Малце забегаа со грчкиот, забегаа и со други сцени ама ајде.

xXx: Return of Xander Cage (2017)
Конечно, уште едно, трето продолжение на Трипл Икс. Чиста акција и акција па уште малку акција. Покрај Вин Дизел, главна улога има и Дони Јен (познат по улогите во филмовите за Јип Ман, учителот на Брус Ли), а на крај накратко се појавува и Ајс Кјуб. Како за трето продолжение, солидно направен филм во овој жанр.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
A Fistful of Dollars (1964)

Вчера беше недела, а недела е ден за? Вестернн јеее. Еј досадно е ова знам, ама што да се праи, секој викенд мора да се ослободи мозокот од лоши мисли и да се ужива, пред спиење секако.
Оваа недела се одлучив за легендарен вестер, првиот дел од најлегендарната вестерн трилогија.
Среќа моја на тв го даваа, така да не се мачев многу да поврзувам и да се глупирам туку само се испружив.

На повеќето ви е познат филмов, се работи за Странецот кој доаѓа во мало гратче каде владеат две банди кои меѓусебно се убиваат. Сакајќи да заработи пари и успат да исправи неправда, Странецот тргнува во акција против двете фамилии.
Најпрво игра со едните а против другите, после обратно. Ги остава да се испотепаат сами за да стигне до целта.

Класика филм, кој не трае многу, нетипично за вестерн кој обично трае и над 2 саати. За разлика од двата дела кои следуваат после овој, овој според мене е најслаб, ама сепак треба да се има предвид дека Леоне не бил загреан, после влегол во ритам. :D
 
P

Patience

Гостин
A Monster Calls (2016)

Една од подобрите одлуки денес ми е гледањето на оваа прекрасна 108 минутна приказна. Ќе помислите дека е само уште едно тажно сценарио во низата на теми за справување со болката и агонијата кога најблиските страдаат, одбројување на последните денови од животот, но ова е многу повеќе од тоа. Преку фантазијата на главниот лик ( 12 годишниот Конор ), испраќа силни пораки, само треба внимателно да се следи. Целиот филм е всушност еден процес на осознавање и прифаќање на фактот дека чудовиштата во нас понекогаш се тука само за да нѝ помогнат...

This -------> You were merely wishing for the end of pain, the monster said. Your own pain. An end to how it isolated you. It is the most human wish of all.

 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.584
Поени од реакции
81.169


Што е филмов... documentary, mockumentary или rockumentary? Искрено ни јас не знам, али филмов мора да го изгледа секој љубител на музиката, еден од најдобрите во неговиот поджарн. Приказна за Спинал Тап, британски рок бенд кој опстојува уште од 60-тите години, а во 1982 решава да направи голема турнеја низ Америка... али не им иде се по планот. Е СЕГА ЕДЕН ГОООЛЕМ СПОЈЛЕР, за тие што планираат да го гледаат филмов нека не читаат понатаму

Ништо од снименото не е вистина, бендот е фиктивен, членовите се обични глумци... целата "документарна" е едно исмевање на бендовите што жареле и палеле во 70-тите и раните 80-ти. Дијалогот што се води помеѓу членовите на бендот е епик, незнам како останале сериозни при зборувањето, знаејќи дека барем 90% од тоа што го зборуваат е импровизација, во моментот им текнувало глупости и ги кажуваат пред камера... Најдобар дел од филмот е кога кажуваат како им умреле тапанарите низ годините, цркнав еј :pos:, или пак кога се обидуваат да го најдат патот до бината на концертот и вртат у круг цело време. Или со појачувањето со бројот 11... крај секоја им чест. Басистот е патем оној актер кој им дава глас на Мр. Бурнс, Флендерс и остала барга од Симпсонови

Само да кажам дека филмов можеби нема да им биде интересен на сите...да ова е еден од оние филмови, или го сакаш или го мразиш, нема златна средина. Роџер Иберт го ставил во топ 50 негови филмови на сите времиња, а богами и јас би го ставил во таа бројка

9/10 од мене, огромна препорака (y)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Kidnap 2017
Во главна улога Хали Бери. Дејството-и го киднапираат детето и мајкава се бори да си го врати назад, класика.
Не знам зошто му дале 6.4 оценка на имдб кога и филмот и глумата на Хали Бери беа многу бледи.
The Shack 2017
Почна убаво, главниот актер добро си одигра улогата во првиот дел од филмот. Дури на моменти баагички срцепарателно. За во вториот дел да го вмешаат и Олмајти (во тело на црнкиња, нормално) и помирување со судбината и...едвај го догледав. Оценката на 6 веројатно му е заради наравоучението :unsure:

Logan 2017
Продолжеток на Иксмен серијалот, малку поинаков, со млади генерации мутанти. Логан (Хју Џекман) и Ксавиер (Стјуарт) доволно ги гледавме, си ја одиграа улогата.

The Assignment 2017

Класична акција (Сигурни Вивер) со малку поинаков концепт. Улогата на маж убиец за кратко време ја презема жена убиец,т.е. истата актерка (Родригез :cool:), откако ќе и го променат полот. Зошто, како, не е којзнае како решено ама ми се виде интересен.

имаше уште неколку ама ептен катастрофа :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
11 јуни 2017
Мислења
3
Поени од реакции
0
Навистина сум изненаден од приказната на филмот Wonder Woman. Долго го чекав овој филм. Слушав и читав разни лоши коментари во врска со него, но откако самиот го изгледав, видов дека ова е навистина многу добар филм. Актерката, Gal Gadott се покажа како вешта во оваа улога и навистина покажа дека кастинг директорот и режисерката не направиле грешка, што ја избрале неа да ја одигра оваа прекразна Амазонка. http://www.imdb.com/title/tt0451279/?ref_=nv_sr_1
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Интересен филм со навивачки групи (BBB-Dimamo Zgreb @ Delije-Crvena Zvezda) од времето на Jугославија кој ме потсети на младоста кога одевне не гостувања...............
http://www.popcornsrbija.com/zg80-2016
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Split (2016)

Конечно М. Најт Шјамалан со добар филм после десет и кусур години. Добар трилер, напната атмосфера, брутална приказна. Се’ на се’ добро скоцкано. Мекавој феноменален. Никогаш не ми бил меѓу омилените актери, ама ова заслужува барем номинација за Оскар. И да, многу ми се допадна што филмов немаше некој plot twist во стилот на Шјамалан, пошто често пати знае со тоа да расипе цел филм. Последната сцена, која инаку беше пријатно изненадување, не ја сметам за таква. Моја оцена 8/10.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
The girl on the train

Доста добар филм. Ми се свиѓа тоа што те тера да мислиш, затоа што работите не се откриваат нагло туку до сам крај следуваат дел по дел. Исто така не станува збор за само една животна приказна туку се мешаат неколку кои се поврзуваат, и на крајот на краиштата филмов вреди пошто и добри лекции за понатака во животот се учат. Кој сака нека види трејлер само што од трејлерот едно ќе се очекува а друго ќе се добие така да директно пуштете и гледајте го.
8/10
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Requiem for a Dream (2000)



Филмов кога го гледав ме пресече во стомакот, на моменти ја гризев перницата за да не повратам. Страшни глетки и одлично доловување на болната реалност, што дрогата може да му направи на човекот, независно дали се прима преку апчиња за слабеење, улична дрога или си замешан само во нејзина дистрибуција, на крај исходот никако нема да е добар. Филм во кој главни улоги се едно момче, неговата девојка и другар, кои започнуваат да продаваат дрога за да направат пари и да можат да имаат поубав живот, но се пропаѓа во бездна кога дистрибуцијата не оди толку добро, а самите стануваат зависници и робови на дрогата. Како и од друга страна неговата мајка, која пие апчиња за слабеење за да може да го облече фустанот за со него да се појави во емисија на телевизија и на некој начин со тоа да ја покрие осаменоста која ја јаде во душата. Сите со заедничка мисла дека дрогата ќе им биде пријател и дека преку неа ќе можат да стигнат до своите соништа, цели, сите запливуваат во водите од кои им се уништуваат жиивотите. Одличен филм, сурово сценарио, многу поучен филм со јасна порака, дрогата не ти е пријател. Препорака за сите, еден од таквите филмови кои долго време остануваат во тебе и ќе го препорачуваш како Must see :)
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Го гледав Пирати од Карибите со Салазар во кино http://www.imdb.com/title/tt1790809/
Има некои така добри сцени да прснеш од смеење.
А да, ја спомнаа Македонија во сцената со сефот после брканицата.

Го нема тој драж како првиот дел со Црниот Бисер, но е во секој случај фантастичен филм. Мора да го гледате.
Би го гледал уште еднаш дома, да се изнасмеам на раат.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.100
Поени од реакции
5.839
Live by night
http://m.imdb.com/title/tt2361317/

Филм напишан и режиран од Бен Афлек (кој ја игра и главната улога) а продуциран од Леонардо Дикаприо.
И филмот си ги оправда имињата на неговите креатори.

Се работи за еден гангстер кој не сака да биде тоа, за време на прохибицијата во 1920 год во Америка.
Филмот е сплет на мафијашки, ганстерски од една страна и животна драма на еден обичен човек кој сака само да биде слободен во животот.


Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2017
Мислења
1.940
Поени од реакции
9.894
The Eternal Zero
http://www.imdb.com/title/tt2404217/

Јапонски филм, базиран за време на втората светска војна. Брат и сестра се трудат да дознаат за вистината на нивниот дедо, кој бил воен пилот во Кралската Јапонска морнарица, кој иако силно се противел на "Камикази" тактиката, се зачленил да биде истото.

Филмот е предобар, и искажува дека животот е нешто премногу вредно. Исто така, филм со многу тажен пресврт и со неочкувани откровенија.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.720
Поени од реакции
1.477
Going in Style

Филмов е лудница јака крими комедија плус очекувано со ваква екипа.
Џо , Чак и Вил се пензионери кој полека пропаѓаат едниот неможе веќе да го исплаќа кредитот за куќата , другиот му треба трансплатација на бубрег , а третиот едноставно не му се живее. Ќе се објави дека фирмата во која тие работеле се затвара во САД , а пензинскиот фонд ќе биде замрзнат. Тогаш е бум ајде да ограбиме банка. Понатаму гледајте филмот е неверојатно добар 8/10.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Primal Fear (1996)



Филмот со кој Едвард Нортон се проби на филмската сцена, воедно и неговиот прв филм. Одличен филм во кој адвокатот Ричард Гир го застапува младиот Едвард Нортон, кој ќе биде главен осомничен за убиство на еден влијателен граѓанин, кој навидум била личност - миленик на целиот град. Според мене андеррејтд филм, со многу неочекувани пресврти, драматичен до самиот крај, филм кој држи во неизвесност, со доста заебан крај. Голем дел во филмот се одвива во судница, така да ако сте љубител на Филаделфија или пак Фју Гуд Мен (и останати филмови со судења и адвокати), тогаш сигурно и овој класик ќе ви се допадне, иако овој е за класа помистичен и позезнат филм од наведените два. Одлична глума на Едвард Нортон, прв филмски настан и веќе партали, си гради име за паметење, а богами и филмски лик за паметење. Еден од филмовите што нема брзо да ги заборавите и од кој ќе бидете со денови под импресија. Топла препорака за секој што го нема гледано
 

Kajgana Shop

На врв Bottom