Ауу фанови на Реал како ги извртивте работите
Видал требало да биде исклучен во 50та минута, па затоа е оправдано што му покажа непостоечки втор жолт во 80та? Wow, каква логика

Ами ако требаше Видал да биде исклучен што правиме со Касемиро? Зошто откако два пати заслужено требаше да му биде покажан втор жолт (првиот за пеналот, вториот за прекршокот над Робан на десната страна од теренот), Касаи не му измисли и нему како на Видал некој фаул и да го исклучи?
Ами после тоа што правиме со тоа што можеби клучниот гол беше постигнат од метар ипол офсајд? Не ми постирајте овде видеа каде со микроскоп не можеме да утврдиме ништо за вториот гол на Баерн или пак за третиот на Реал. Да ги дискутираме чистите одлуки, а тоа е голот за 2-2. Офсајд метар ипол, ПРЕЛЕСЕН за сигнализирање. Интернационален судија за ваква грешка треба веднаш да биде отстранет од листата.
И за крај ако постирате милиметарски ситуации како вториот гол на Баерн, што не ја постирате и ситуацијата кога Левандовски излегуваше сам со голманот? И таму беше ептен тешко да се одлучи, па дајте да проанализираме.
Мислам дека после денешниов меч, УЕФА сериозно ќе размисли да ги воведе судиите кои ќе помагаат на главниот судија со екран пред нив. VAR или небитно како ги викаа, 100% сум сигурен дека од наредната сезона ќе ги имаме во европските натпреварувања. Премногу грешки денеска, толку многу што при ваков израмнет натпревар се губи можноста да се процени кој реално заслужи да помине понатаму.