Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Еј интелигенција е ако останеш у државата да ја опраиш хахаха абе бегај таму.
Па само во САД од нешто над 40 милиони нелегални имигранти, во 2014 година над 11 милиони биле имигранти кои влегле нелегално преку границата помеѓу Мексико и САД.

Толку многу млади умови кои се светлосни години пред републиканскиот хилбили, а сепак не можат да си ги оправат сопствените држави ?

Да не ти е неисправен бројачот на светлосните години ?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.198
Поени од реакции
35.747
Не дека ме засега внатрешната политика на САД , нивна работа но стварно бе тука се расправате дали Трамп требало или не да им забрани влез на потенцијални терористи од некои земји па уште и некои се радват дека му ја оспориле одлуката околу тоа? Колку треба да си манат во умот да се радуваш на тоа освен ако не потекнуваш од тие земји? Како за Финци и Норвежани да правиме муабет а не за верски фанатици( добро не сите ) ама сепак подобро да се спречи отколку да се лечи нели ?
Се прашувам ако пак гргнат на пролет со илјадници дали ке го имате истиот став ако од некоја причина сакаат да останат тука или на некој до горе му текни дека треба да останат тука дури да решат што ке прават со нив. Ете едно 10- 20 години.
Еднаш примивме бегалци од соседна држава , супер им беше. Од толку шо им се бендиса тука по некој година решија да се вратат само овој пат не како бегалци туку како борци за слобода.
Видовме колку останаа во Македонија од претходните бранови на бегалци што поминаа.
Ѕид од три метра нема да ги задржи да останат во Македонија.
Што ќе праат ќе берат тутун во Пелагонија или грозје во Кавадрци за дневница од 500 денари (8,5 евра)?

Нема логика после претходните две години пак да се палат стравови дека некој ќе останел во Македонија.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Видовме колку останаа во Македонија од претходните бранови на бегалци што поминаа.
Ѕид од три метра нема да ги задржи да останат во Македонија.
Што ќе праат ќе берат тутун во Пелагонија или грозје во Кавадрци за дневница од 500 денари (8,5 евра)?

Нема логика после претходните две години пак да се палат стравови дека некој ќе останел во Македонија.
Грешно пресметаа они, мислеа да ги раселат по цела ЕУ, амо овие отидоа само во Германија, Шведска... богатите држави,
да не беше одобрено затварањето одозгоре, овие нашите немаше да мрднат со прст.
 
S

silmarillion

Гостин
Толку многу млади умови кои се светлосни години пред републиканскиот хилбили, а сепак не можат да си ги оправат сопствените држави ?
Луѓето мигрираат дечко, незнам што не ти е јасно. Сите одат каде што има најдобри услови. Да било така ја и ти немаше да живееме у Македонија него негде позади Карпатите или незнам од кај и да веруваш дека потекнуваме, сеедно. Многу затуцан начин на размислување имаш, извини вака, малце ме изненади непријатно.

И Тесла да бил интелигентен ко што го прават, ќе го напраел прво Смиљан ко Менхетен па после ќе одел надвор...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Луѓето мигрираат дечко, незнам што не ти е јасно. Сите одат каде што има најдобри услови. Да било така ја и ти немаше да живееме у Македонија него негде позади Карпатите или незнам од кај и да веруваш дека потекнуваме, сеедно. Многу затуцан начин на размислување имаш, извини вака, малце ме изненади непријатно.

И Тесла да бил интелигентен ко што го прават, ќе го напраел прво Смиљан ко Менхетен па после ќе одел надвор...
Точно дечко, луѓето мигрираат, но ова што се случуваше во САД додека Барак Хусеин Обама беше претседател - а и сеуште се случува, бидејќи сеуште граничната полиција на САД нема целосна контрола на целата должина на границата помеѓу САД и Мексико, која е долга нешто над 3000 километри - се вика неконтролирана имиграција, односно нелегална имиграција.

И ако овие над 11 милиони млади умови - под претпоставка дека навистина се млади умови, како што ти велиш - се светлосни години пред републиканскиот хилбили, како што велиш ти, кои се нивните иновации ?

Никола Тесла ги откри наизменичната струја и електромоторот кој работи на истата наизменична струја, ги откри компонентите за радиото - кое посмртно му беше признаено како негов изум, како и безброј други иновации кои Тесла не можеше да ги реализира во неговата родна држава.

Бидејќи веќе ги споредуваш нелегалните имигранти со Никола Тесла - кој инаку влегол во САД како легален имигрант, а не преминувајќи ја нелегално границата помеѓу САД и Мексико, кои се нивните иновации ?
 
S

silmarillion

Гостин
Ало не Мексико и илегалци, за муслиманските земји е муабетот. Ти изглеа не ме читаш или интерпретираш по свое? Кај ја спомињам Мексико???
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Ало не Мексико и илегалци, за муслиманските земји е муабетот. Ти изглеа не ме читаш или интерпретираш по свое? Кај ја спомињам Мексико???
Па индиректно ги спомна, бидејќи Доналд Трамп и нив ги има ставено на црна листа, со разликата што за нив планира изградба на граничен ѕид, бидејќи очигледно законите кои велат дека влезот на нелегални имигранти во САД е забранет, сепак не се доволни за да се одржи контрлирана имиграција во САД.

А кога веќе ги спомна муслиманските земји, те молам наброј 10 личности, или ај нека бидат 5 личности, кои потекнуваат од муслимански земји, а придонеле за развојот на науката или индустријата во САД од почетокот на 21-от век па наваму, а да се бегалци од Сирија, Ирак, Јемен или било која од другите држави на црната листа на Трамп ?

За почеток, забраната за патување во САД која ја воведе Доналд Трамп, се однесува на држави со мнозинско муслиманско население, и тоа со важење од само 90 дена, забраната за примање на бегалци од завојувани подрачја е со важење од 120 дена, а неограничена забрана за примање на бегалци е воведена само за бегалците од Сирија.

Но сепак на оваа листа нема да ги најдеш Египет и Индонезија - најбројните муслимански држави во светот, и дефинитивно нема да ги најдеш Саудиска Арабија и Катар - најголемите спонзори на исламистичкиот тероризам, заедно со Иран, кој сепак се наоѓа на црната листа на Трамп.

Очигледно забраната на Доналд Трамп - со ограничен рок на траење - за влез на граѓани од некои држави - но дефинитивно не од сите држави со мнозинско муслиманско население, и дефинитивно не од државите со најбројно муслиманско население - сепак има безбедносни карактеристики, а не анти-имиграциски карактеристики.

Како и да е, дај наброј ги барем 5-те најистакнати следбеници на Никола Тесла кои потекнуваат од државите за чии што граѓани Доналд Трамп воведе забрана за влез во САД - и тоа само привремена забрана, со исклучок на Сирија, а се докажале како иноватори во САД од почетокот на 21-от век па наваму.
 
S

silmarillion

Гостин
Мексико нема травелбан незнам што го ставаш у таа листа.

Apple Google Uber Microsoft...овие компании секако помалце знаат од тебе :)

Кога више се напенали дека ова било за безбедност, ќе ме удостоиш со одговор со каков пасош беа повеќето напаѓачи во ЕУ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Мексико нема травелбан незнам што го ставаш у таа листа.

Apple Google Uber Microsoft...овие компании секако помалце знаат од тебе :)

Кога више се напенали дека ова било за безбедност, ќе ме удостоиш со одговор со каков пасош беа повеќето напаѓачи во ЕУ?
Реков дека нелегалните имигранти од Мексико се на тапет кај Доналд Трамп за да им оневозможи влез во САД и на нив, никогаш не реков дека е воведена забрана за патување на граѓани на Мексико во САД.

Во ред, наброј ги 5-те најголеми иноватори во Епл, Гугл, Убер и Мајкрософт, кои потекнуваат од 7-те држави за кои Доналд Трамп воведе забрана за патување во САД и забрана за примање на бегалци, а да се преселиле во САД од 2000 година па наваму.

Пасошите на напаѓачите се поважни или местата на кои биле ?

Бидејќи знаеш, Доналд Трамп инсистира на проверка на престојот на имигрантите во САД, односно да се води евиденција каде биле со тие пасоши и колку време поминале во тие држави.

Така на пример, од 9-те напаѓачи во Париз на 13 ноември 2015, 5 беа родени и израснати во Франција, 2 беа родени и израснати во Белгија, а останатите 2 беа бегалци од Ирак. Но сите учествувале во војната во Сирија, а тоа треба да биде доволно за да светне алармот во нормална држава која внимава на сопствената внатрешна безбедност, а не со отворени прегратки да им посакува добредојде на луѓе кои доаѓаат од завојувани подрачја.

Од оваа гледна точка, повеќе од очигледни се безбедносните, а не анти-имигрантските карактеристики, на привремената забрана која Доналд Трамп ја воведе за 6 држави со мнозинско муслиманско население, и на неограничената забрана која Трамп ја воведе за Сирија.
 
S

silmarillion

Гостин
Абе што ми бараш да ти набројам у 21ви век, кога врвот на fortune 500 компании ти викаат ало не ти чини меркава таленти губиме. У денешно време кога збориме за компании со 10.000 вработени у која секој еден придонесува глупост е да бараш имиња кога си составен дел од мозаикот. Незнам дали имаш работено у tech компанија ама ваљда знаеш што значи талент у таа индустрија и дали тие мора да бидат суперстарс да ги знае цел свет? Па CEO на Google и Microsoft види кој е се ќе ти стане јасно.

Друга работа, ќе проверуеле пасоши...си клечи некој француз со алжирско потекло у џамија у Сен Дени 10 години не мрда од таму, иде на "work and travel" и оп, шишкебап. Ама битно невин граѓанин со уредно добиена виза нема да може да влезе пошто потекнува од земја која многу веројатно е во срање положба само и само ради Америка :) Што ќе добие Америка и Американците со оваа мерка, сигурност? Во земја во која со лична карта купуваш тешко оружје и кога секој еден може да распали кога ќе му текне, ти битно забрани им на овие од земјиве кои си ги поебал да можат да дојдат кај тебе и тоа со уредни документи!
 
Те молам обиди се да пишуваш на литературен македонски јазик.

Македонскиот израз за Chief Executive Officer - CEO, е извршен директор, или главен директор. Во Македонија повеќе се практикува изразот генерален директор, но во пракса генералниот директор е и` претседател на компанијата, но тоа не е случајот со главните директори на Мајкрософт и на Гугл - кои исто така имаат имиња и на македонска кирилица, наместо да ги пишуваш нивните имиња на англиска латиница.

Изгледа навистина не читаш што пишуваш, бидејќи главните директори на Мајкрософт - Сатија Надела, и на Гугл - Сундар Пичаи, се Индијци, родени и израснати во Индија - најбројна демократија во светот и втора најбројна држава во светот после Кина, со речиси 80% хиндуистичко население - и немаат никаква поврзаност со привремената забрана за влез во САД која Доналд Трамп ја воведе за граѓаните на 6 држави со мнозинско муслиманско население, исто како што немаат никаква поврзаност ниту со неограничената забрана за влез во САД која Трамп ја воведе за граѓаните на Сирија.

Индија ниту е теократска држава, ниту е држава населена со мнозинско муслиманско население, ниту е на црната листа на Доналд Трамп, со која привремено се забранува патување во САД на граѓани на 6 држави со мнозинско муслиманско население, заедно со граѓаните на Сирија, за кои Трамп воведе неограничена забрана за патување во САД.

Сакаш да кажеш дека интересите на докажаните затајувачи на данок како Мајкрософт и Гугл се поважни од безбедноста на една држава ?

Чисто информативно да те прашам, дали и интересите на ИБМ беа загрозени од објавувањето војна на Нацистичка Германија против САД во декември 1941 ?

Прашувам онака, бидејќи ИБМ ги произведуваше автоматите за водење евиденција на работа во фабриките во нацистичките концентрациони логори.

И ако интересите на ИБМ биле загрозени, дали биле загрозени и интересите на граѓаните на САД поради германската објава на војна против САД во декември 1941 ?

Или ако веќе се вратиме во Вајмарската република, еден од најголемите поддржувачи и финансиери на Адолф Хитлер и на нацистите бил металуршкиот профитер Фриц Тисен.

Дали можат да се оправдаат финансиските средства кои Тисен и` ги уплаќал секоја година на Нацистичката Партија на Германија, само бидејќи парите дошле од богат бизнисмен и сопственик на една од најголемите и најуспешните компании во Германија ?

За 10 години, Алжирецот во Сен Дени може да извади француско државјанство и слободно нека продолжи да се клања во џамијата колку сака, се додека си ја задржува религијата за себеси, а не да ја манифестира врз невино цивилно население.

Алжир исто така не е на црната листа на Доналд Трамп со која привремено се забранува патување во САД за граѓаните на 6 држави со мнозинско муслиманско население и со која неограничено се забранува патување во САД за граѓаните на Сирија.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Ти ќе му кажеш на алжирецот РОДЕН у Франција како да практикува ислам или оџата финансиран од КСА партнерот на САД? :) Незнам каде не ме разбираш, и зашто се фаќаш ко слеп за стап. Биле индиици, еј фала незнаев дека ги дели тенка линија со Пакистан, да не им забрани и на нив па да биде смејурија : )) Битно не се реднеци, оние кои највеќе се израдуваа на оваа мерка а на мапа незнаат да ги покажат земјите врз кои пази истуриле триљони нивни пари во вид на бомби.

Знаеш, некако симптоматично делувате до вчера Обама додека беше на власт, Иранците поготово беа мирољубив народ кој смее да си развива своја нуклеарна програма бидејќи е за научни цели, беа луѓе со богата историја многу побогата од Америчката и Америка нема што да ги оцрнува нив глобално дека биле вакви или онакви. Преку ноќ сега ми бараш листа од 5 Иранци што направиле нешто добро за да можат да патуваат во Америка. Или можда ти отсекогаш си имал мислење дека Иранците нема што да бараат во Америка и дека се опасност по нивната безбедност?
 
Јас немам што да му кажувам на Алжирецот роден во Франција како да ја практикува својата религија, францускиот Устав му вели да си ја задржи религијата за себеси, бидејќи Франција е секуларна држава.

Ти спомна дека на Французинот со алжирско потекло ќе му бил забранет влез во Франција доколку заминел на работа во Алжир, ако во меѓувреме Франција воведела забрана за патување на граѓаните на Алжир на нејзината територија. Ако Алжирецот е роден во Франција, тогаш тој веќе е француски државјанин и може кога сака да се врати назад во Франција, и нема да му се забрани влез во Франција само бидејќи бил во Алжир, туку ќе го пуштат да влезе на француска територија и ќе го држат под будно око токму за да се осигураат дека ќе си ја задржи својата религија за себеси, наместо да ја манифестира врз невино цивилно население.

Изгледа ти не ги разбираш сопствените коментари и се фаќаш како слеп за стап, бидејќи токму ти спомна дека луѓето секогаш ќе мигрираат - што е точно, но истовремено ги поистоветува имигрантите со Никола Тесла, поради што јас те замолив да именуваш ај не 10, туку 5 имигранти од 7-те држави со мнозинско муслиманско население, за чии што граѓани Доналд Трамп воведе привремена забрана за патување во САД, со исклучок на граѓаните на Сирија, за кои Трамп воведе неограничена забрана за патување во САД.

Границата помеѓу Индија и Пакистан е значително голема и Индијците засилено ја штитат својата страна од границата, бидејќи до денешен ден Индија и Пакистан се во војна за пограничниот регион Кашмир на границата помеѓу Индија, Пакистан и Кина.

Не знам кои ти се тие кои ти делуваат како до вчера Обама бил на власт, а на кои Иранчаните им биле луѓе со многу богата историја. Јас на Иран гледам исто како што гледам и на Саудиска Арабија, Катар и на бројни други теократски држави - како на спонзори на тероризам од кои треба секоја секуларна држава да се пази, бидејќи со извозот на нивните мигранти ја извезуваат и нивната теократија, а јас лично не сакам да живеам во теократско општество.

Разликата помеѓу Иран и останатите теократски држави со мнозинско муслиманско население - вклучувајќи го и Пакистан, кој има сопствено нуклеарно вооружување - е во тоа што теократскиот режим во Иран своето постоење, покрај доминацијата на исламот - како и секоја друга теократска држава со мнозинско муслиманско население - го темели и врз ветувањето за уништување на Израел и за истребување на Евреите, а на држава со богато досие за спонзорирање на тероризам која се залага за уништување на друга држава и за истребување на цел народ, не може да и` се дозволи да поседува нуклеарно вооружување.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.161
Владе тероризам не се запира со затварање граници, еве и форумот го update-ираа ама plugin за paint уште нема за да се цртаат некои работи. Место да го поставиш прашањето зашто Трамп не реагира на запирање на финансирање на терористите туку и понатаму пајташи со КСА.

Овој и ваквите се поголем проблем кој незнам како ќе го средат у догледно време.
Заклучив дека ти си над моето ниво и не ми доликува да влеговам во дискусија со тебе. Сепак ти си човекот кој се среќаваше се премиери, министри, светски лидери. Ти си човекот кој е нафатиран до трето колено, бизниси, пари, коли, куќи. Ти спаѓаш во оние паметните кои не не водеја, водеја и не доведоја до овде каде што сме сега.
Само една работа не ми е јасна, каква потреба имаш да си го арчиш твоето очигледно скапо време на форум. Оди таму возисе со јахтата или приватниот авион, скијај на алпите, сончајсе на некоја плажа со тиркизна вода, скокни до вселената да маниш селфи. Нело тоа го прават богатите и успешни луѓе?
Ние обичните смртници ке си бистриме политика на форум и ке тепаме време. Барем тоа не кошта многу и можеме да си го дозволиме со нашата мизерна плата од 100 евра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom