Дали мобилните телефони се преценети?

  • Креатор на темата Креатор на темата streetbond2005
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 април 2005
Мислења
1.339
Поени од реакции
505
Оваа тема ја отворив за дискусија и ваше мислење.Не сум ИТ завлезен но чисто разговор дали телефоните вредат толку пари.
Мое мислење е дека е нелогично да се даваат 500 евра плус за нешто што веќе се повторува со години а нема ништо револуционерно за да даваш толку пари.
Сеуште батериите слабо држат, дисплеите се скоро исти, камерите тука некаде а компаниите секоја година гладни за пари, ќе направат минијатурни промени, ќе стават ново име и повторно во круг. Дали има вопшто потреба од нови телефони? Кое е вашето мислење?
 
Тоа е за будали кои имаат пари па фрлаат за џабе, или ептен будали што заглавуваат со кредити. Мислам дека еден купен телефон задоволува потреби на просечен корисник барем 4 години, со евентуална промена на батеријата на 2 години. Другото е се популизам и маркетингшко наседнување.[DOUBLEPOST=1484932852][/DOUBLEPOST]Тоа е за будали кои имаат пари па фрлаат за џабе, или ептен будали што заглавуваат со кредити. Мислам дека еден купен телефон задоволува потреби на просечен корисник барем 4 години, со евентуална промена на батеријата на 2 години. Другото е се популизам и маркетингшко наседнување.
 
Мене ми здосадува еден модел и не знам како некои ги користат по 3-4 години. И не се повторуваат, туку излегуваат модели со повеќе рам, побрзи процесори, поиздржлива батерија итн. 500-600 евра е ок цена за мобилен да дадеш еднаш во една година.
Нелогично ви е и будали се оние што толку пари фрлаат за телефон, а за цигари и пиење е ок. Кој како сака така ќе троши пари. :)
 
Според мене таблетите и лаптопите се преценети.

Во денешно време, конкретно јас телефонот го користам: како фотоапарат, како камера, за сурфање на интернет, како навигација, како аларм, како часовник, како ipod, како телефон и за уште многу др работи.
 
смартфоновите се премногу глупи
многу работи може да прават ама ниедна работа не вршат добро
а и премногу се расипуваат
 
Мобилниот одамна не е само мобилен. Tоа е уред кој го користиш буквално за се. Сликање, мејлови, сурфање, слушање музика...и што уште не. Дали е преценет? За мене не. Вистина е дека нема некоја иновација последниве неколку години (што и беше за очекување), но секој нов модел е побрз, со поиздржлива батерија од претходниот, со нови можности.
 
Чудно како толку многу работи се менуваат низ годините, а принципот на батеријата остана ист, според мене Џобс го издаде Ифонот во 2007 многу пред своето време, односно батериите не беа подготвени да го издржат теретот на еден смартфон и се уште не се, требаше прво малку да се врлат пари во Р&Д да се изнајде решение каде што една батерија би траела една недела под целосен терет и тоа како минимум се под тоа е неприфатливо. Според мене има некој кој го кочи развојот на батерии со подолго траење, дали е некој кој има директен профит од ова нз, ама ист принцип да има батеријата како во 1960 и во 2017 тоа е неверојатно и сигурно не е случајност, споредете некој производ од 1960 до ден денес ќе видете прогрес, сега производителите на процесори се обидуваат да направат системи за брзо полнење како Снапдрагон и Хуавеи, но не е тоа тоа.
 
Секој според желбите и потребите, и според она што му го шепоти џебот.
Кај нас скапите мобилни главно служат за лечење комплекси, за полнење празнини, и за продолжување на извесни работи за кои се очекувало дека ќе бидат подолги, но за жал не испаднало така. И тоа е разбирливо и не му е туѓо на човекот.
Сепак, да помрчиме малку. Чудно е, како на некои не им се даваат 20 илјадарки за машина за алишта, многу им се 25 000 за клима, не разбираат зошто би издвоиле 30 000 денари за да санираат по нешто дома што не е средено две децении, но мора да издвојат 40000+ за телефон кој (пречесто) надминува две нивни плати, а кој ќе го користат прилично кратко време. Оти треба да покажеме кои сме и што сме, не за друго. Обично прва работа што се вади на маса кога ќе се седне на место каде што треба да се биде виден, е некое поскапо телефонче. Не би сакал баш да видам што би се извало кога нема телефонче или слична поскапа работа. Не е тоа случај само со мобилните, си имаме куп слични проблеми ние.

Се произведуваат главно во Кина, од бедно платени работници (оттаму, потценети се). Да ги правеа и склопуваа во Германија, САД или Финска, нивната цена ќе беше помалку достижна. Си имаат предности, како што веќе е пишано, и во дадени околности заменуваат фотоапарат, сат, компјутер, таблет, убиваат досада, скратуваат време и се некаква „ливада во цвет“, што за некого е спасоносно решение.

Лично ми пречи краткотрајноста, неиздржливите (се' почесто и незаменливи) батерии, нивната неотпорност и големина. Имав на времето малечки нокии и сони-ериксони за кои не ми беше грижа во кој џеб ќе ги носам, на кои не им требаа маски, кои паѓаа и се распаѓаа, па ги составував и пак функционираа, а нивната батерија траеше недела, па и повеќе.

Смартфоните, имајќи го предвид нашиот стандард, секако се преценети, а потребата од поврзаност со се' и сешто, секогаш и насекаде, е изнасилена и вештачка.
 
Мене ми здосадува еден модел и не знам како некои ги користат по 3-4 години. И не се повторуваат, туку излегуваат модели со повеќе рам, побрзи процесори, поиздржлива батерија итн. 500-600 евра е ок цена за мобилен да дадеш еднаш во една година.
Нелогично ви е и будали се оние што толку пари фрлаат за телефон, а за цигари и пиење е ок. Кој како сака така ќе троши пари. :)

Ако живееш во Германија.
 
Дете се е преценето во денешно време.
Земи го секој продукт на пазарот и ќе го сфатиш тоа независно од твоето место на живење дури иако си во економска развиена земја и доколку можеш да си го дозволиш тоа производот повторно останува со претерана висока вредност.Потребните состојки за да се направи тоа се минимални она што го сфатив е дека ја штитат идејата-брендот(?) и ја наплаќат убаво мислиш дека ајфон 6-7 навистина заслужуват 1100 евра Не ама затоа знаат дека ќе има недогледни колони кој ебани зомбиња ќе чекат да го земат,имаш професионални чекачи кој во некоје друго име чекат 2 дена пред самиот продукт да излезе во ајпел продавниците(зарем тоа не е доволно лудо)НО во земјите каде што тече мед и млеко не се загрижени многу за цифрите бидејќи знаат дека можат да си го дозволат тоа но во вакви Хирошима земји секогаш ќе се поставува ова исто ебано прашање.
Дали мобилните се преценети одговорот е Да.

Малце избегав од темата но сакав да ти ја доловам поентата и не само на ова точка туку и во глобала.
Доколку сакаш можеш да си го погледнеш овој документарец од 12 минути во врска со наочарите и кога ќе го гледаш ова рачунај дека на секој поле се дешава истово и да завршам како што почнав ''Дете се е преценето во денешно време.'' so don't worry.

 
Незнам точно дали за Ајфон 5 или 6, Ејпл има три пати поголема заработувачка од давачки за еден модел. Премногу расипливи, КРШЛИВИ, краткотрајна батерија и големи цени. Даваш 200-250 евра за телефон со 1гб рам и со 5 апликации и 1000 слики во него почнува да кочи, а тоа не се малце пари. Кој кур телефон 1.000 евра да ти падни од две метра оди јабана. fuck logic...
 
Незнам точно дали за Ајфон 5 или 6, Ејпл има три пати поголема заработувачка од давачки за еден модел. Премногу расипливи, КРШЛИВИ, краткотрајна батерија и големи цени, даваш 200-250 евра за телефон со 1гб рам и со 5 апликации и 1000 слики во него почнува да кочи, а тоа не се малце пари. Кој кур телефон о 1.000 евра да ти падни од две метра оди јабана
 
Flagship моделите ми се преценети. Која е логиката да дадеш 700+ евра за мобилен.
Далеку поисплатливо ми е да земам flagship од прошлата година или нешто настаро и да го држам неколку години. Нема логика секоја година нов flagship. Тоа е огромно фрлање пари. Треба да се гледа од аспект дали телефонот врши работа или не. Ако новиот е маалку побрз не вреди да се лупнат 200-300 евра разлика помеѓу пазарната цена на сегашниот модел и новиот flagship.
 
Смартфоните се мини компјутери, и се далеку повеќе од само телефони, ама некој очигледно нема размислено како што треба. Па така како што не е лудост да платиш 2000 евра за телевизор, исто така не е лудост да платиш 500 евра за уред кој ти е телефон, компјутер, и камера во едно.

Лицемерието нема крај.
 
Последно уредено:
Незнам точно дали за Ајфон 5 или 6, Ејпл има три пати поголема заработувачка од давачки за еден модел. Премногу расипливи, КРШЛИВИ, краткотрајна батерија и големи цени. Даваш 200-250 евра за телефон со 1гб рам и со 5 апликации и 1000 слики во него почнува да кочи, а тоа не се малце пари. Кој кур телефон 1.000 евра да ти падни од две метра оди јабана. fuck logic...
Не е само ајфонот...кај сите е исто, зошто ти не ги плаќаш само компонентите. Ако е така земај склопи го сам? Некој потроши огромни пари за истражување и што уште не, и ти сакаш на крај само компонентите да ги платиш? Тоа го нема никаде :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom