Погба е ТОП3 играч на Јунајтед, срамота е Ерера да го ставиш али добро.
Се направи голем хајп околу неговиот трансфер, мега маркетинг и цела приказна околу враќање во својот клуб, па #PogBACK па ова па она...
Прв пат игра во Премиер Лигата после заминување од Јувентус, доаѓа во најголемиот клуб на Англија кој пати од заминувањето на Фергусон, воедно е и платен 100 милиони ( не играчки, маркетингшки), со нов тренер. Тој цел хајп околу него па уште и цената е голем притисок, и сеуште е дете да се справи со тоа, реалност. Се гледа тоа во дерби натпреварите, таму игра очајно. Со другите игра одлично, и не може никој тоа да го оспори, освен ако води инает.
На пример Ибрахимович го отепаа плукање, дедо, остарен, нема што да прави во ПЛ, па тој ги игра сите натпревари на нереално ниво, навистина не е реално што прави човекот на 35 години. Тој може и се справи со притисок, има искуство, е тука е разликата во годините со Погба.
Погба би му дал рејтинг 7/10 оваа сезона, и тоа само заради големите утакмици.
Веќе следната сезона ќе биде ниво погоре, али добро тоа не можат да го прифатат разни твит и фејсбук тролери, бидејќи изиграл слабо со Ливерпул (да ги прашаш зошто ќе ти речат оти го направи пеналот), тој е флоп за нив. Па нека биде флоп, нека биде флоп како што беше овие 2 месеци, освен со Ливерпул.