Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.200
Поени од реакции
10.231
Овој Шилегов е син на Шилегов од политикава?
Пошто стварно е ретко презиме. :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Од кал да е ШИЛЕГОВ ДА Е:pos:,како рече Заев ШИЛЕГОВ СТАЈЛ:ROFLMAO:
Даде неколку гола од тежок агол со пуштање на топка покрај голман,доста тешко е од зглоб да извадиш таков удар,а не успеа од чисти зицер ситуации само да види кај е голманот и да почека да се отвори.
Кај игра овај?Прв пат слушам за него.
Иначе крај на прво го фатив и цело второ,очај Пољаците,немаа никаква идеја,или онај 4ката пукаше од кај стигни или го бараа тој пикерот шо имаше движење како изгубен во некој трговски центар,позиционирање очај,секој допир со топката му беше на граница на пробивање,а и доста добро го затвораа нашите,брзо го удвојуваа и немаше мака.
Доста простор имаше по крила ама успеаа некако и Томовски и Даниловски да ги решат тие ситуации.
Во напад не ме бендисаа нашите,премногу некако се мачевме,неизградени позиции пред се од бековски позиции,фали очајно еден класичен плеј кој ќе ги разигра Нелоски и Талески,вака кога еден од овие двајца игра на центар бавно оди,уште полошо кога имавме играч плус,односно кога игравме со 7 во поле,наместо да успееме уште повеќе да се одлепиме ние влегувавме во серија грешки.
Сепак преслаби беа Пољаците и заслужено ги ишлапавме,сеа да видиме со Португалија до каде сме,па да се заокружи циклусот.:cool:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.395
Поени од реакции
7.049
Солидна партија се на се. Многу битна победа. И покрај 2 разочарувачки првенства, мора да се поддржат дечкиве сепак ни се најјака генерација после онаа легендарна од 1980 (Лазаров, Мојсовски, Јоновски, Темелков...). А реално и баш на позициите каде генерацијата 96/97 е слаба таму се придодаваат кадетите од 98/99 и солидно помагаат (десно крило и пикер + длабочина на бековските позиции).

Неколку позитивни коментари за натпреварот

- во моментите кога играа главните играчи, доста добро стоевме резултатски.
- Шилегов одигра над очекувањата (ок крило е иако не е многу познат но ова покажува дека сепак доста напредува и очигледно го надминал Јагуриноски). Само вака нека продолжи.
- Талески и Нелоски одиграа доста солидна комплетна партија во два правци иако не дадоа којзнае колку голови. Особено во одбрана беа клучни.
- факт е дека фали вистински среден бек, но тој е Кузмановски и е повреден. Со оглед на повредата мислам дека максимумот го извадија и ок функционираше екипата.
- голманите беа одлични. Само вака да продолжат. Тие се според мене на некој начин клучот на оваа екипа. Томовски и Даниловски не се лоши голмани, но особено Томовски е многу неконстантен. На првенствата и во 2014 и во 2016 голманите според мене беа клучот за лошите пласмани (скоро на сите натпревари потфрлија и противничките голмани далеку ги надигруваа).

И неколку неизбежни негативни:

- кога се сврти кон клупата Темелковски почна да се топи резултатот. Мора малку повеќе да им се даде самодоверба на помладите (главно клупата е составена од кадетите).
- не знам зошто но многу малку играше Крстевски. Барем според мене тој треба да има солидна улога во екипата како прва замена за Талески и Нелоски во двата правци.
- многу промажени зицери. Психички поподготвена екипа може да ги казни ови промашувања.
- слаба игра 7 на 6, потребно е доста работа ако планираат стварно да ја користат
- практично цела ротација на екипата е од Металург. Тоа очигледно помага во уиграноста и дефинитивно се чувствува. Но од друга страна јас да сум на место на останатите екипи сериозно би се запрашал за сопственото производство на играчи. А изборот според мене е 95% реален. Единствено недостасува Кузмановски а на негово место е веројатно исфорсиран Џонов од Пролет иако Димовски, Ончев или Трпчевски од Вардар Јуниор мислам ќе беа подобри опции. Но тоа е минимална забелешка, во реалната ротација не менува. Останатите 15 се навистина 15те најдобри.

Полска во секој случај беше барем на хартија главен фаворит. Сепак беа прв носител во групата, додека Португалија и Македонија обете беа втори носители. Еве и малку контекст за да имаме повеќе осет за квалитетот на противниците, ова се резултатите во минатите 3 првенства за оваа генерација (У18 и У20 европски и У19 светско) подредени по година (2014/2015/2016)

Полска: 8 место како домаќини на ЕП / 19 место на СП / 8 место на ЕП
Португалија: 3 во квал. група / --- / 2 во квал. група
Македонија: 15 место на ЕП / --- / 15 место на ЕП
Турција: 2 во квал. група / --- / 4 во квал. група

Португалија иако не учествувала на првенство во оваа генерација никако не е за потценување. На квалификациите за последното ЕП за влакно не се квалификуваа откако изгубија 2 разлика од Словенија која е реално во топ 3-4 екипи во оваа генерација.

Ова го пишувам бидејќи натпреварот со Португалија е потенцијална нагазна мина. Дигање во облаци после Полска во комбинација со 0 скаутинг на противникот мене и тоа како ме загрижува. Португалија ни е традиционално незгоден противник а згора на се имаат и солидна генерација (најголем дел од екипата се играчи на Порто, Брага, Бенфика и Спортинг - сите сериозни екипи, а некои од овие играчи имаат и реална минутажа во ЛШ или купот на ЕХФ).

И на утрешниот дуел мора максимално концентрирано и претпазливо да се влезе. Евентуална победа практично ќе го зацементира пласманот, па после тоа против Турција може да се пуштат помладите да играат а постарите да ги вратат кај сениорите. Но за да се стигне до победа нема да биде лесно. Очекувам многу потежок натпревар отколку против Полска.

Утре стискаме палци за уште еден добар натпревар!!!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Отворен е подфорумот за СП, може да почнете да го полните :)
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.370
Поени од реакции
5.767
:cujte:Абе кој ми го избриша постот :pistoldz::pistoldz::pistoldz:
Иронично беше тоа соросоид не планирав да мешам политика ебате мислам сите разбравме дека е шала ..
Како и да е на здравје подфорум се селиме таму :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
:cujte:Абе кој ми го избриша постот :pistoldz::pistoldz::pistoldz:
Иронично беше тоа соросоид не планирав да мешам политика ебате мислам сите разбравме дека е шала ..
Како и да е на здравје подфорум се селиме таму :D
Тука ти е постот, види убаво
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Аууу црвените дресови се :shok2::drk:,чувучеее:cuc:.
Мора да се набави еден ваков item.
Уште да научиме дали,каде и од кога ќе се продаваат?Anyone?:cujte:
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.373
Поени од реакции
5.575
Колку исклучувања и џабе не згазија
Мислам дека некои шанси ја ќе ги погодев
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Џабе помош од судии, џабе се.
Голман немаме, пикер исто, крилото вчера се истроши, а може и толку вреди.
Млада репрезентација, ракометари на нивна возраст се веќе носители на игра во клубови кај шо играат, а тие делуваат ко стари баби на терен.
Чест на исклучоци на два - тројца.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom