Денес клубот ни полни 1 година.
Јас посакувам што повеќе членови, бесконечно многу филмови и иста таква дружба како што имавме од почетокот. Мило ми е што сум тука со вас, ве сакам сите!
Среќен прв роденден клубче!
[DOUBLEPOST=1482696370][/DOUBLEPOST]Филмов...
Не знам дали треба некој да се пронајде во него или се работи за некоја поинаква љубовна приказна, ама мене воопшто не ми се допадна, ме иритираа и ликовите (посебно женската) и се што се дешаваше во филмов. Прво, некаде додека да идат до Мексико си викав ок не е лош, не знам зошто му ставиле 5, ама како гледав понатаму умрев од досада, се нервирав со тоа сексот, давам не давам, ако дадам да не се заљубам... Па побогу во врска си со него, зошто да не се заљубиш?!
Во некои моменти и јас се пронајдов во неа за некои работи, па малце и се засрамив што толку ми беше банално тоа гледајќи вака од страна, а морал мене некој да ме трпи со тие глупости.
А заприметив нешто што и мене ми се дешава... Кога дечкото кажуваше дека треба да ја остави затоа што била препаметна, се осеќал несигурно со неа, му се треселе раце и станувал нервозен. И се тоа само затоа што мислеше дека љубовта не му е возвратена. Да била, т.е да знаел дека е, немаше нејзиното незатегнато тело да биде секси, ни па смешните фустани убаво да и стојат. Ќе беше дебела крава и ќе ја оставеше. И ваљда, затоа беа и сите тие проблеми измеѓу нив, па и затоа и се трпеа толку време-затоа што и едниот и другиот мислеа дека другиот не се осеќа исто.
Раскинувањето ми дојде ко гром од ведро небо, не ми е јасно што и се деси на оваа па да го остави, очекував дека ќе и се повтори истата приказна како со бившиот и ќе го пронајде и овој во нејзиниот кревет со друга, затоа што ваљда никој не може да го трпи тоа сакам не сакам и тоа комплексите нејзини... Ама, за чудо дечково остана со скршено срце, понатаму изгубив концентрација, сега го завршив а не знам што се деси со крајот... За тоа и за цел филм
5/10.