FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Dzimi go smenil. :P Inace pravilno ke bese. :P I staj mu na lunacy ocena kaj mene! :P

I kaj mene ne simnuva. Koj se snajde neka pomaga!
Од rarbg тој до 53% е ама кога и да го отворам никогаш не симнува. Ко да има еден сидер со голем аплоуд и ми прави пали гаси на неколку секунди :D
У секој случај тој од рутракер се симна брзо.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
G

grande-juve

Гостин
Ме потсеќаше на Once, Before Sunset/Sunrise, Boyhood, ама за жал не ми беше ни блиску сличен по квалитет. Не знам, имаше работи што не ми даваа да се поврзам со било што, а без тоа, чорба. Не осетив искреност и природност како на пример во овие што ги спомнав. Некоја чудна динамика, и на филмов и на двајцава главни со нивните дијалози. Неколку пати се изнасмеав на сериозни сцени, пример Сара коа повтараше
I came to New York to be on my own, 5 пати го кажа :D; после кога Вилијам на ивица на нервен слом и' остава три пораки на машина, Сара конечно му се јавува и му вика: “не треба да разговараме во скоро време“, Вилијам: "мислам си во право.. веројатно.. колку да се согласиме за нешто", Сара: "епа ај за тоа да се согласиме. Чао." Ептен смешно ми дое. Исто и за другото јавување, коа пред зграда и' рецитираше текст па на телефон после и' се извинуваше, сакал само да каже збогум најдобро што знае, а Сара: "е па збогум". Начинот као му ги дае корпиве и неговите реакции ми беа многу смешни. Извини Џимеј сеа се исмевам малце на филмов ама коа не си внесен тоа е.

Друго што ми сметаше малце е музичето што одеше во позадина на скоро сите разговори, не ми одговараше, а песните со текст ми беа убавки.

Сценариото мислам ми се свиѓаше али не толку и' неговото изведување. Сара сумњива ми беше со глумата, машково малку подобар.. И најбитното за вакви филмови, не осетив дека има хемија меѓу нив.

А имаше и нешто што ме бендиса, монологот на мајка му на Вилијам:

А го видовме и Линклејтер со неговата приказна за Џон Вејн..:D

Тоа е, не ми беше ептен нешто лош, али главното е што ликовите не ме заинтересираа и затоа филмов го доживеав како досадна љубовна приказна/раскинување.. 5/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Потполно се сложувам со се @grande-juve :) во воведниот пост вчера прво напишав „свесен сум дека филмот не е ремек дело“ ама после го избришав затоа што не сакав така да го оправдам.

Линклатер со неговите сценарија е многу подобар отколку Итан Хок :) Но се гледа дека вториов некако со убави намери сакал да склопи некое слично филмче.

За жал не успеав да го гледам синоќа, а не ми е гледан со години, ќе пишам повторно мислење.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
If somebody's going to break your heart, I'm glad it was you
Толку позитивно не ме "заебал" некој филм многу одамна. :D па и Гранде ми ги намали очекувањата за филмот кога видов слаба оцена од него, ама ги надмина и тоа многу. Се согласувам со гранде само дека реализациајта на филмот не е баш најдобра, а и навистина слабо одглуми женската, ама и покрај тоа успеав да се поврзам со ликовите, ја осетив таа топлина и љубов меѓу нив на почетокот и сочувствував и се нервирав со Вилијам... Ни на момент не ми беше досаден, дури ни обидите да ја врати Сара не ми беа too much, си беше баш таман, ни малку, ни многу. Многу убав пар ми беа за на кучката наеднаш да и текне дека не сака да има дечко.. :mad:
Така ли изгледа кога ќе се заљубиш ееептен и те заебат? Не, фала...
If I fell in love with you
Would you promise to be true...:rolleyes:
и бтв многу мутава фаца ми има дечкото, ама нема врска тоа ај :D
8/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
И од мене фала за џими и гранде за downplay-от. Oчекував некое тв филмче за кое џими го спукала некоја носталгија ничим изазван.

Филмот воопшто не е мал, поголем не може да биде. Ако се обиде би изгледал блокбастерно, со имиња, со драми, како Love на Gaspar Noe. Oд исти причини ми се допаднаа и двата. Не знам зошто стана воопшто олку тешко или комплицирано во филм да видиш нешто искрено, нешто вистинско, нешто relatable. Да видиш душа. Ме врати во деновите одма после раскинување. Ми ја создаде повторно таа некоја ирационална анксиозност, неканализирана нервоза а кон нешто сосема фиктивно, што не постои. Ја за разлика од гранде не се смеев, се нервирав и нервирав, за на крај да си дојде емоционалното празнење, да не знаеш дали ти е полесно или потешко. А музиката во позадина ми создаде некоја dreamy атмосфера, до степен дури и да не го гледам, само да го слушам да би уживал подеднакво. Џимеј knows what is up, сакам да пијам пиво со него, да кршиме кикирики и да збориме за врски. А ако му се допадне на Злате, ќе го натерам ко у Clockwork Orange да го гледа пак Love. Па ќе го викнеме и него, да части на крај.

Браво. Од заседа.
4ипол од 5.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.892
Џимеј knows what is up, сакам да пијам пиво со него, да кршиме кикирики и да збориме за врски. А ако му се допадне на Злате, ќе го натерам ко у Clockwork Orange да го гледа пак Love. Па ќе го викнеме и него, да части на крај.
Ја би частел и на почеток, вие само викајте. И онака сте меѓу последните од подфорумов кои не ги запознав во живо. ;)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Мех, 5.5/10
Премногу музика имаше во филмов, која патем не ми се допаѓаше нешто особено, можеби е кул за полунесфатени средношколци на излет со гитара.
Режијата и камерата дефинитивно не му се најјака страна на филмов. А и глумата... машково океј, ама типкана лоша глума, па и тоа акцентот додава дополнителен ефект... и недефинирани ликовите многу, посебно женската. Се сакаме, не се сакаме, ај да водиме љубов, не ај да се ебеме, еј коа ќе раскинеме вака ќе праиме така ќе праиме... ама они се млаааади, не знаат што со животот.
И на крај ко женскава шо му праеше цело време, и машково отиде да му напраи на татко му. Демек чекај совет да ти побарам а у меѓувреме и да ти кажам колку тежок деген си што ме остави.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Денес клубот ни полни 1 година. :D
Јас посакувам што повеќе членови, бесконечно многу филмови и иста таква дружба како што имавме од почетокот. Мило ми е што сум тука со вас, ве сакам сите!
15368977_1205416582826701_1456585593_o.jpg
Среќен прв роденден клубче! :P:love:[DOUBLEPOST=1482696370][/DOUBLEPOST]Филмов...
Не знам дали треба некој да се пронајде во него или се работи за некоја поинаква љубовна приказна, ама мене воопшто не ми се допадна, ме иритираа и ликовите (посебно женската) и се што се дешаваше во филмов. Прво, некаде додека да идат до Мексико си викав ок не е лош, не знам зошто му ставиле 5, ама како гледав понатаму умрев од досада, се нервирав со тоа сексот, давам не давам, ако дадам да не се заљубам... Па побогу во врска си со него, зошто да не се заљубиш?!

Во некои моменти и јас се пронајдов во неа за некои работи, па малце и се засрамив што толку ми беше банално тоа гледајќи вака од страна, а морал мене некој да ме трпи со тие глупости.

А заприметив нешто што и мене ми се дешава... Кога дечкото кажуваше дека треба да ја остави затоа што била препаметна, се осеќал несигурно со неа, му се треселе раце и станувал нервозен. И се тоа само затоа што мислеше дека љубовта не му е возвратена. Да била, т.е да знаел дека е, немаше нејзиното незатегнато тело да биде секси, ни па смешните фустани убаво да и стојат. Ќе беше дебела крава и ќе ја оставеше. И ваљда, затоа беа и сите тие проблеми измеѓу нив, па и затоа и се трпеа толку време-затоа што и едниот и другиот мислеа дека другиот не се осеќа исто.

Раскинувањето ми дојде ко гром од ведро небо, не ми е јасно што и се деси на оваа па да го остави, очекував дека ќе и се повтори истата приказна како со бившиот и ќе го пронајде и овој во нејзиниот кревет со друга, затоа што ваљда никој не може да го трпи тоа сакам не сакам и тоа комплексите нејзини... Ама, за чудо дечково остана со скршено срце, понатаму изгубив концентрација, сега го завршив а не знам што се деси со крајот... За тоа и за цел филм 5/10.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Од филмов не очекував нешто посебно и за жал ми ги оправда очекувањата. Според приказната, целната публика е младата генерација со невозвратена љубов, можеби некој од нив ќе се препознае во ликовите. Но не се доволно изградени ниту ликовите ниту нивните мотиви за да може и пошироката публика да се соживее со нивните проблеми. Многу дијалог без некоја суштина или поента. Знам дека обидот е да се прикажат секојдневни ликови исправени пред секојдневни предизвици, меѓутоа не треба да биде дијалогот на ниво на некое реално шоу. Па и таму ќе се најдат поинтересни муабети.

Светлото на повеќепати ми беше чудно, ликовите беа осветлени со светла за кои немаше оправдување од каде се. Еден пример, во една од сцените кога двајцата седеа на кауч, осветелни беа позадински со жолто светло, зад нив прозор со облачно и темно небо а до нив исклучена столна лампа. Значи не е тоналитетот на кадарот во светли и топли бои, туку само позадинското светло. Вакви грешки забележив и во други сцени. Грешки, затоа што не беа доследни за да може да се каже дека се работи за стил или намера.

Затоа пак намерни беа тонските преклопи при промената на сцени, ништо ново или невообичаено освен што започнуваа премногу рано па напати создаваа забуна за изворот на звукот.

Музиката беше фина, избрана да го надополнува расположението на главниот лик, но имав впечаток дека се работи за една иста песна само со различен текст. Како и да е, доколку требаше да има некоја драмска функција освен илустративна, не ја исполни целта.

Филмов е сниман според книга, а со оглед дека ја немам читано истата не можам да одредам дали се работи за лоша екранизација на книгата или лоша е и самата книга.
Од мене за филмов една петка (од десет).
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Од филмов не очекував нешто посебно и за жал ми ги оправда очекувањата. Според приказната, целната публика е младата генерација со невозвратена љубов, можеби некој од нив ќе се препознае во ликовите. Но не се доволно изградени ниту ликовите ниту нивните мотиви за да може и пошироката публика да се соживее со нивните проблеми. Многу дијалог без некоја суштина или поента. Знам дека обидот е да се прикажат секојдневни ликови исправени пред секојдневни предизвици, меѓутоа не треба да биде дијалогот на ниво на некое реално шоу. Па и таму ќе се најдат поинтересни муабети.

Светлото на повеќепати ми беше чудно, ликовите беа осветлени со светла за кои немаше оправдување од каде се. Еден пример, во една од сцените кога двајцата седеа на кауч, осветелни беа позадински со жолто светло, зад нив прозор со облачно и темно небо а до нив исклучена столна лампа. Значи не е тоналитетот на кадарот во светли и топли бои, туку само позадинското светло. Вакви грешки забележив и во други сцени. Грешки, затоа што не беа доследни за да може да се каже дека се работи за стил или намера.

Затоа пак намерни беа тонските преклопи при промената на сцени, ништо ново или невообичаено освен што започнуваа премногу рано па напати создаваа забуна за изворот на звукот.

Музиката беше фина, избрана да го надополнува расположението на главниот лик, но имав впечаток дека се работи за една иста песна само со различен текст. Како и да е, доколку требаше да има некоја драмска функција освен илустративна, не ја исполни целта.

Филмов е сниман според книга, а со оглед дека ја немам читано истата не можам да одредам дали се работи за лоша екранизација на книгата или лоша е и самата книга.
Од мене за филмов една петка (од десет).
Од кај дојде? <3
Донеси ги и твоите сонародници!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom