UEFA Champions League 2016/17

Абе шампион сезонава е...


  • Вкупно гласачи
    69
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.804
Поени од реакции
44.115
Jунајтед, Реал, Барса од секогаш вртеле милијарди и порано и сега. Сега е разликата што има уште неколку тима кои вртат милијарди. Тоа секако не го расипало фудбалот. И не ми е јасно кога некој ќе употреби збор "вештачки" за некој од новиве клубови кои имаат многу пари, дали тоа значи дека играчите во неговиот клуб доаѓаат безпари и дека играат од љубов?
Не е толку проблемот дали играат од љубов или не, колку што играчите не знаат што да прават со парите и славата. Види го Грилиш на пример, младо талентче изигра неколку стварно добри утакмици на 18 години, идиотот на цела слава и пари место да се развие во играчина, изнаправи 300 глупости и еве го сега на 21 година си дреме во Чемпионшип место вечерва да игра во ЛШ. :) Секое просечно Бразилче вреди над 30 милиони и кога ќе направи трансфер во Европа едноставно го снемува на фудбалската мапа. Да почнам од Хулк кој испадна најголемата пичка во фудбалот, преку овие модерните Бернард, Тешеира, Филипе Андерсон... до Оскар и Лукас Моура кои реално веднаш да си заминат од нивните тимови никој нема ни да примети, а околу нив се дигна фама ко да се Пирес и Кака. Доволно е човек да изигра 3 јаки утакмици и да добие нов договор, огромно медиумско внимание, да му скокне трансфер вредноста и да биде споредуван со некоја легенда на тимот во кој игра. Почнаа да вадат автобиографии на 23 години, стана позери сите до еден.. Исто иам чувство дека играчи што претходно се сметаа за обичен просек се повеќе почнаа да прават трансфери во големите фудбалски екипи. Депај како да заборави да игра фудбал по трансферот во Јунајтед, а се кладам дека на крај нема ништо да испадне и од тој Ренато Санчес. :)

Види ги бековите и кажи ми 5 салам фудбалери помлади од 25 години. Види ги стоперите, Манчестер од Видиќ и Фердинанд е симнат на Крис Смолинг, на Ливерпул главен им е Ловрен, Гери Кејхил неможе ни вода да му носи на Тери, а да не правиме муабет кога Барса ќе има стопери како Пујол и Рафа Маркез. За идиоти ко Мангала и Отаменди се фрлаат по 50м, а полуписмениот Маркос Рохо игра за Јунајтед.

Додуша доволно е да видиш какви играчи играле за репрезентациите на Англија, Италија, Холандија, Аргентина, Португалија, Бразил пред 5-10 години и какви играчи играат сега и се ќе ти стане јасно. Шпанија да не ја чепкаме, бидејќи тие имаа златна генерација последниве години, можеби една од најдобрите генерации во историјата на фудбалот.
 
R

red.devil

Гостин
Jунајтед, Реал, Барса од секогаш вртеле милијарди и порано и сега. Сега е разликата што има уште неколку тима кои вртат милијарди. Тоа секако не го расипало фудбалот. И не ми е јасно кога некој ќе употреби збор "вештачки" за некој од новиве клубови кои имаат многу пари, дали тоа значи дека играчите во неговиот клуб доаѓаат безпари и дека играат од љубов?
Вештачки просто значи работа со финансии кои не се генерирани од клубот.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Мислам дека не паметам утакмица каде што Калински нема барем за еден играч кој има родители од различна националност кажано. :D

Во случајов беше: „Емре Мор- Татко Турчин, мајка Македонка“ :pos:

Буквално на секоја ваква утакмица има по еден играч за кого го објаснува семејното стебло :cuc:
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.047
Поени од реакции
6.074
Малку му е што 10 години нема клин-шит, па и автогол си дал :pos::pos:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Баерн, Реал, ПСЖ, Сити, Бенфика, Порто, Севиља, Леверкузен. Не ја гледам поентата Лестер да продолжува.:D

На Реал ќе им се падне Лестер.

Sent from mTalk
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.252
Поени од реакции
8.168
Баерн, Реал, ПСЖ, Сити, Бенфика, Порто, Севиља, Леверкузен. Не ја гледам поентата Лестер да продолжува.:D

На Реал ќе им се падне Лестер.

Sent from mTalk
Лестер од овие може да ги помине Бенфика и Леверкузен, со другиве ТЕШКО.
 
Член од
5 декември 2014
Мислења
379
Поени од реакции
384
Страшна услуга си направија со ремиво, не куршум, ракета избегнаа со ваков пласман, а богами и за сите останати испадна најидеално вака, се избегнаа потенцијално 2 меча меѓу топ 4-5 фаворитите уште у осмина.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom