израчунај колку кошта денес да имаш куќа 2 бавчи 2 ниви 3 крави 1 теле 2 свињи 8 овци дестина кокошки неколку кошнички пчели мало лозје
па ќе видиш дека во минатото луѓто биле многу побогати од колку денес кога просечно семејство не може ни да се прехрани и се поголем број на македонци пребаруваат по контејнери и питаат по улици[DOUBLEPOST=1480950179][/DOUBLEPOST]
али имале полни трпези
народните песни и прикаски се полни со такви податоци дека се јадело и пиело тоа не бил проблем, проблем биле турци или бугари ил срби ил ДПМНЕ
Денес речиси секој ги има тие 2 ниви и 2 бавчи, а и лесно за неколку години можеш да ги имаш животните, само треба да се работи, а кој да работи.
Види вака пред повеќе години и ние (не се работи сам тоа) садевме бавчи, копавме лозје и си произведувавме патлиџани, грав, лук, кромид, некој години и праз, во лозјето грозје, сливи, јаболка, си беревме и шипки, капини, дренки..
ама сега не го работеме тоа поради тоа што не е исплатливо, имотот ми е од пола саат одење па нагоре, имаме вода само на 2 локации кој речиси пресушуваат јули и август и што е најважно за да произведам пр. 10кг кромид ми треба да скопам место, па да го насадам, па потоа пак да го копам, па да одам да го собирам и тоа при идеални услови, значи подобро ми се исплаќа да си купам една вреќичка за 200-300 денари.
Сега имам бавча на плацот на 5 минути одење и кога можам одам работам саат-два и никако да се збогатам