Не ви чини ни Мурињо, а ваков фудбал немаме гледано од последната година на САФ, па и треба да го сменат и да донесат некој нов Мојс. Јеботе пластики, одма и наеднаш сакате резултати, ова ако не ви е очигледен огромен напредок во играта офанзивно и тактички од претходниве 3 години треба да посетите лекар.Може да му се суди после 2 години, како што добија и Ван Главонњата со мртов фудбал.
Читам тука што како дали да ве играм на тикет вечер и овој твојот пост боде очи.
Ова е огромен напредок?
Каде е тој огромен напредок?
Упорно форсирање на срање играчи, поставување на играта 0, Мурињо е изгубен во денешниов фудбал, ама тотално изгубен.
Малку е подобро да, ама малку, не е доволно тоа.
Викаш треба да му се суди на Мурињо после 2 години како на Мојс и Ван Гал....поголема грешка од ова нема.
Јунајтед е паднат во тешко срање и Мурињо е донесен да направи нешто уште ОДМА а не за 2-3 години, не викам да освои 3 титули уште првата сезона нормално ама ова сега што е е катастрофа, и резултати и игра.
Јунајтед со Мурињо имаше само 2-3 добри утакмици, ама она стварно добра игра да си помислеш еве го стариот Јунајтед се враќа и следната утакмица пак по старо со кретенска игра и упорно форсирање на малоумни играчи како Лингард, Рохо, Фелаини..
Оваа со Фејнорд 4-0 беше нешто најдобро што сум го гледал од Јунајтед оваа сезона, Миктаријан што правеше тоа беше невозможно, каков играч..играта брза без никакво кочење или кружење ај на една страна па на друга и незнаат што да прават, го немаше тоа. Зошто следната утакмица ги немаше Руни и Миктаријан најдобрите играчи против Фејнорд?
Оваа со Вест Хем ја гледав ја имав 1 и 2+ јас и уште цел свет, во 80 и некоја минута мислам ја прави последната замена и го става Фелаини, тоа би го направил само тежок кретен, ама ГЛУП човек.
Фелаини не само што не направи ништо како и што очекував туку и ќе направеше пенал, на 2-3 пати го поминаа како мало дете и Вест Хем имаа шанса за гол..и некој ќе рече до играчите е не е до Мурињо, НЕ.
До тренерот е зошто ги пушта тие неиграчи на терен и не воочил дека такви неиграчи не се за ваков тим, а кога ќе размислиш малку не се за во никој тим.
Резултатот 1-1 Јунајтед наместо да напаѓаат последните минута тие се бранат, па не ми се веруваше што гледав.
Марсиал, Миктаријан и Рашфорд, тие се играчите што можат да направат нешто и мораат да почнат да играт заедно што повеќе. Неможе да се очекува нешто од Марсиал кога не игра доволно или од Миктаријан кога пред 2 дена почна да игра со тимот.
На Јунајтед му треба уште некој играч, Рохо и Дармиан се пропаст, уште не ми се верува дека такви играчи играат за Јунајтед исто и Фелаини.
До сега играат како без душа, без жар..едино утакмицата со Фејнорд беше на ниво, таква игра, висок пресинг..и мора повеќе да вршат пресинг, и да не се посеруваат на крајот и да паничат па да примаат гол во последните минута или па во првите минути, како навика да му стана.
Според мене од тоа што го имам гледано најдобар играч ви е Беји или Бејли како го викате незнам, човекот е стварно ѕвер.
Еве против Фејнорд играчите покажаа што знаат, следната утакмица тренерот го смени составот и одма се гледаше промена во играта, неубава за гледање, многу бавна.
Треба да се ослободни од некои играчи како што кажав ама и со овие сега што ги има Јунајтед треба да гризе, да го реши секој тим без проблем..нормално некогаш се нема и среќа како со Стоук или Барнли незнам кој тим беше ама мислам дека ме сфаќате што сакам да кажам.
За голман нема потреба да се прави муабет, играчишта како Рашфорд, Миктаријан, Марсиал, Погба, Ибра а дури и Руни, ако е катастрофа сега сите видовме како игра кога сака.
Ерера човекот стварно со срце игра, Керик ви е стара класа играчиште..е сега одбраната и бековите се срање ама ако играта и нападот се како што треба одбраната нема да биде толку на мета ама мора да се купе уште нешто таму.
Дармиан и Рохо не би ги пуштил топките позади гол да ги собираат а Лингард незнам какво крило е тоа што неможе да пробие напред.
Тука јас ја гледам грешката на Мурињо, мораше да земе уште некој одбранбен играч а не да игра со кретени кога ќе се повреди некој.
И да ја смени играта доста веќе оди со глава во ѕид.
Понашањето и не е толку важно кога ќе има резултати и игра.
Тоа е од мене, се надевам ќе победете вечер ќе ја ставам 1 на тикет.