Едни роднини решиле да слават роденден за 9 годишно дете во најелитниот ресторан во градот. И тоа цел клас го викнале. Се собраа 20 деца, а јас онакви деца немам видено. Ѕверови. Прво, за две минути масата со тањири ја изедоа. После заминаа да се возат со лифтот. Пола внатре, а пола од горе им стискаат да се заглават. Почна фудбал, на телевизори се качуваа. Над телевизор се пентереа, а телевизорот на 200 метри надморска височина ставен. И од таму ги забркаа, па заминаа надвор. Доаѓа едно цело зацрвенето и се дере филип ќе си замине дома се налутииии. Идам јас со роднинава да видам што се дешава, незгодно е 9 години има кај ќе иде сам, да викнеме мајка нешто да си го земе. Седнал тој на тротоар, плаче ли плаче мене никој не ме почитува како пријател. Солзи крокодилски. Ај кажувај, теши, објаснувај. Сите те почитуваат, вие сте другарчиња, некогаш и ќе се скарате... Ај ок, се качува горе, по некое време пак се симнуваат доле и пак детето се дере филип плаче викна полицијаааа... Ајде ние пак надоле. Овој вистина се јавил во полиција. Па зборат сите наеднаш кој да ги разбере, тој плаче, надвор ладен ветер дува, горе други гости чекаат, пола деца ги нема... Ајде па од полиција му рекле дека ќе и кажеле на наставничката, па се смири се качивме горе, мир имаше некои десетина минути, па почнаа да се качуваат на вториот спрат. Таму темно ништо не се гледа, овие пискаат се дерат, скокаат по четири скали, паѓаат, кршат нозе. Се вртам јас случајно позади и гледам едно дебело седнало и ждере од пицата. Цело време додека се дешаваа проблемите тој си седеше и си јадеше пици. Заврши цела збрка, седнаа торта да дуваат, и оној навредениот што викаше полиција пее и плаче. Пее и плаче. Тука веќе ме фати смеа, а кога навредениот кажуваше дека за се тој бил крив, а дебелиот му рече не си ти само крив, сите ние сме криви, е тука веќе солзи почнаа да ми течат. Која најјака фаца беше дебелиот. И тој бил крив, а воздух не зеде од јадење.
Него, глупи деца не знаат да си уживаат во детството. Место да се дружат, зеле прават подли работи, гледаат на страна дур не ги гледа никој колку што можат на друго дете лошо да му направат и им се осеќа задоволство во очите кога ќе направат зло. Жално, никогаш вака лошо после деца не сум се осеќала.