Распадот на Југославија

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
А никаде ниту збор за гласање за промена на општественото уредување или економскиот систем. Е тоа ти се вика превара. Народот сигурно мислел дека ќе продолжи како до тогаш само наместо тробојка со петокрака ќе се вее жолто, сонце, шаховница или триглав.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Како гласеше референдумското прашање за независност на Р. Македонија, кое било така двосмислено поставено?
Преовладуваше југоносталгијата подржана од вграденото србоманство. Проценките беа, дека иако од Југославија евидентно, ќе остане само Србославија, сепак мнозинството на народот беше за останување во таа таква каква заедница. Киро и КПМ ПДП (денешен СДСМ), на Љубчо му викаа дека е националист кој сака да ја сруши Југославија - тогаш кога Љубчо им викаше - Луѓе, не е прашањето дали конфедерација или федерација, туку дали независност или конфедерација.
Народот тогаш беше мнозински определен да остане во Србославија. Точна беше таа проценка на странските фактори, кои сакаа по секоја цена да ја срушат СФРЈ (што денес веќе не е никаква тајна), па мораа да смислат прашање, кое ќе личи округло па на ќоше (што би рекол господинот груевски, кога амнестира воени злосторници со тајна координација од грчка плажа), плус кампања и ете, успеа референдумот, кој немаше шанси да успее, да беше недвосмислено поставено прашањето.
Народот во Македонија е инертно глуп, кога станува збор за историска одговорност.
Затоа и не успеавме да се ослободиме од Турците, пет века, за разлика од околните народи. Затоа и во II С.В., востанието во Македонија беше насилено и закаснето, под притисок на Темпо. Затоа и Македонците 45-та како мивки тргнаа накај Срем, наместо накај Солун (малкумината кои се противеа беа стрелани), затоа и дозволија да им ја искриват азбуката, која ја користеа со векови, за да бидат поблиски со српскиот, а не со бугарскиот, како што и било. Затоа и референдумот беше таков, како што беше, затоа и покрај целиот државен грабеж и криминал, инертно си гласаа како попчиња за СДСМ, а сега исто така гласаат за гомново предавничко, што ги злоупотребува националните идеали за лично богатење и кој самиот е некаква кармичка кулминација на сите срања. Лишени од сенс за историска одговорност, со убиен дух, овие амеби од луѓе (со чесни исклучоци кои се вртат во гроб) егзистираат низ вековите со премисата - ведната глава, сабја не ја сече.
Нешто има тука во таа ваљда генетска инертна глупоќа, нешто во ситнодушноста, нешто во духовната беда, која самата е причина за предходното.
 
Последно уредено:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

Tокму тој темпо кој го величаш место на солунско поле со закани и притисоци ги прептратил македонците на сремски фронт

За разлика од транзицискиве криминалци кои создадоа олигарси,армија од 200к невработени,сменија знаме,име,устав,дадоа 300к македонски државјанства на шипт
арски косовари,зелс по мерка на шип-тарите,двојазичност на цела територија која сега црвениве криминалци мора да ја спроведат кои какво такво барем имаат некое чуство за Македонија.......

И сега излегува дека транзицискиве криминалци се предавници а црвениве криминалци јунаци.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Tокму тој темпо кој го величаш место на солунско поле со закани и притисоци ги прептратил македонците на сремски фронт
Реков дека востанието не започнало се додека Темпо не беше пратен. Никаде не го величам, Бог да чува.
Си имаш ти некаков пробем со перепција, за то е доказ и ова:
И сега излегува дека транзицискиве криминалци се предавници а црвениве криминалци јунаци.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Реков дека востанието не започнало се додека Темпо не беше пратен. Никаде не го величам, Бог да чува.
Си имаш ти некаков пробем со перепција, за то е доказ и ова:
востание со слабо ухранети и наоружани млади момци без воено искуство не се крева така........такви прилики се овозможиле после капитулацијата на Италија кога партизаните добиваат голема помош од сојузниците од опрема и стручен кадар

сте се изнаслушале прикаски за Срем и Солун, не било возможно тогаш да се удри на сојузник,не знам како ја замислувате вие ВСВ со 50 милиони загинати и разурнати цели држави до темел.............
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
востание со слабо ухранети и наоружани млади момци без воено искуство не се крева така........такви прилики се овозможиле после капитулацијата на Италија кога партизаните добиваат голема помош од сојузниците од опрема и стручен кадар
Има повеќе причини зошто биле Првите Пушки доста подоцна во Македонија, не се само споменатите: Македнскиот народ многу страдаше во Прва Светска, каде што беше фронтот, како и во предходните две балкански, што придонесе да му е некако скурчено од војување, нешто слично како кај Шпанците да речеме, кои беа свежо излезени од војна. Потоа, тој окупацијата, за разлика од другите југословенски народи, ја доживеа само како смена на окупаторот и други причини.
Сепак, факт е дека задњи, на крај бевме.

сте се изнаслушале прикаски за Срем и Солун, не било возможно тогаш да се удри на сојузник,не знам како ја замислувате вие ВСВ со 50 милиони загинати и разурнати цели држави до темел.............
Јасно е дека народ како нашиот генерално не можел ништо против договорите на големите сили, тоа време, сепак има и други такви случаи по светов каде што малите народи одлучуваат да се борат. А за жал, имаме ние доста примери, од кои дел наведов, каде што не можеме исторските услови да ги кривиме.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Има повеќе причини зошто биле Првите Пушки доста подоцна во Македонија, не се само споменатите: Македнскиот народ многу страдаше во Прва Светска, каде што беше фронтот, како и во предходните две балкански, што придонесе да му е некако скурчено од војување, нешто слично како кај Шпанците да речеме, кои беа свежо излезени од војна. Потоа, тој окупацијата, за разлика од другите југословенски народи, ја доживеа само како смена на окупаторот и други причини.
Сепак, факт е дека задњи, на крај бевме.

Јасно е дека народ како нашиот генерално не можел ништо против договорите на големите сили, тоа време, сепак има и други такви случаи по светов каде што малите народи одлучуваат да се борат.
Главна причина беше шо Шарло забранил собирање на оружје муниција и воена опрема. Додека директивата на КПЈ во сите републики да после капитулација се собира оружјето од бившата војска и нејзините магацини - шарло тоа го забранил. Така да додека другите народи се наоружаа за битка против окупаторот, во Македонија фалеше и оружје и муниција и опрема да се создадат единици.
Требаше прво да се исчисти таквото кукавичко и предавничко раководство а кога се направи веќе во рацете на германците и нивните слуги - бугарскиот окупатор завршија и магацини и оружја.

Македонскиот народ се борел и тоа храбро и успешно - против фашизмот и странските бугарски окупатори
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
^Вистина, претерување и лага.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Колку само немаш појма, доста спамаш по темиве - прва и последна опомена.
 
Член од
29 септември 2016
Мислења
464
Поени од реакции
285
СФРЈ никогаш и не ни постоела. сето тоа беше фатаморгана.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Преовладуваше југоносталгијата подржана од вграденото србоманство. Проценките беа, дека иако од Југославија евидентно, ќе остане само Србославија, сепак мнозинството на народот беше за останување во таа таква каква заедница. Киро и КПМ ПДП (денешен СДСМ), на Љубчо му викаа дека е националист кој сака да ја сруши Југославија - тогаш кога Љубчо им викаше - Луѓе, не е прашањето дали конфедерација или федерација, туку дали независност или конфедерација.
Народот тогаш беше мнозински определен да остане во Србославија. Точна беше таа проценка на странските фактори, кои сакаа по секоја цена да ја срушат СФРЈ (што денес веќе не е никаква тајна), па мораа да смислат прашање, кое ќе личи округло па на ќоше (што би рекол господинот груевски, кога амнестира воени злосторници со тајна координација од грчка плажа), плус кампања и ете, успеа референдумот, кој немаше шанси да успее, да беше недвосмислено поставено прашањето.
Народот во Македонија е инертно глуп, кога станува збор за историска одговорност.
Затоа и не успеавме да се ослободиме од Турците, пет века, за разлика од околните народи. Затоа и во II С.В., востанието во Македонија беше насилено и закаснето, под притисок на Темпо. Затоа и Македонците 45-та како мивки тргнаа накај Срем, наместо накај Солун (малкумината кои се противеа беа стрелани), затоа и дозволија да им ја искриват азбуката, која ја користеа со векови, за да бидат поблиски со српскиот, а не со бугарскиот, како што и било. Затоа и референдумот беше таков, како што беше, затоа и покрај целиот државен грабеж и криминал, инертно си гласаа како попчиња за СДСМ, а сега исто така гласаат за гомново предавничко, што ги злоупотребува националните идеали за лично богатење и кој самиот е некаква кармичка кулминација на сите срања. Лишени од сенс за историска одговорност, со убиен дух, овие амеби од луѓе (со чесни исклучоци кои се вртат во гроб) егзистираат низ вековите со премисата - ведната глава, сабја не ја сече.
Нешто има тука во таа ваљда генетска инертна глупоќа, нешто во ситнодушноста, нешто во духовната беда, која самата е причина за предходното.
Сурова реалност.За овие 2 месеца на форумов како шо читам и нови и стари мислења "свака част" да имало вакви повеќе кај нас би било многу подобро.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581

НАЈВИСОКИОТ СУД ВО СЛОВЕНИЈА ОДЛУЧИ: СЕКОЕ ВЕЛИЧЕЊЕ НА КОМУНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ Е ПРОТИВУСТАВНО

Тито и пионерите паднаа на Уставен
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Се вративте во 1941 до 1945, а темата е распадот :)
Да се обидам да кажам лаички 2-3 збора:

Од она што можеме и по интернет да прочитаме, уште во Краљевината Југославија имало нетрпеливост помеѓу Србите и Хрватите.
Втората светска војна на овие простори се состои од герилски акции на партизаните против окупаторските војски, но и еден вид граѓанска војна на партизани против балисти, четници, љотичевци и сл.
И, завршува Втората светска војна, Тито и комунистите се власт.
Владееле како што владееле и само на таков начин може да се одржи државата како едно. Умре Тито, и се роди повторно национализмот, ај... некои велат дека некои странски служби го подгреале малце, ама факт е дека за 40 години не се заборавиле четничките, усташките, балистичките злосторства...
Сето тоа потпомогнато од катастрофалната економска политика, неможноста за нови кредити, и пукна балонот.
11 години од смртта на Тито до конечниот распад на Југославија, историски гледано, не е некој голем период. Брзо бидна.

едит:

Тогаш, во 1991 година, јас бев дете на некои 14 години, и татко ми редовно купуваше Нова Македонија, а и јас си читав:
Имаше тогаш за викенди како додаток во весникот, нешто во стилот: извадоци од светскиот печат, и ми остана во сеќавање една статија не се ни сеќавам од кој западен весник, но ми остана нешто во главата од содржината:
Беше тоа во смисла Југославија да се преуреди од федерација во сојуз од 6 независни држави, кои од својот суверенитет во корист на заедницата би се откажале во делот на валутата (динар),претставувањето во меѓународните односи (постои Југославија - заедницата, а не 6 држави) и евентуално одбраната. Дури го беа илустрирале и предлог знамето - тробојката со шест жолт ѕвезди, наредени во круг слично како ЕУ, наместо тробојката.
 
Последно уредено:

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Знаеш дека ова власт само во Македонија има прислушкувано повеќе луѓе од колку цела УДБА во Југославија?
Југословенската УДБА за овие денешни УдБКа се Скандинавија
Глупости во боја...
УДБа успевала да натера брат брата и сопружници да се кодошат и цинкарат, и да имала технички можности како што има денеска би ги прислушкувала буквално сите.
Ајде понастрана од дневната политика и глупостите на бившите удбаши, ајде повеќе за темата од историски аспект.

...
Затоа и во II С.В., востанието во Македонија беше насилено и закаснето, под притисок на Темпо...
Од купот дефетистички будалаштини што си ги навел, оваа е најголема и нај лажна.
Редно е кон крајот на 2016 г. да се поднаучат барем основни работи за Македонија во ВСВ.

Главна причина беше шо Шарло забранил собирање на оружје муниција и воена опрема. Додека директивата на КПЈ во сите републики да после капитулација се собира оружјето од бившата војска и нејзините магацини - шарло тоа го забранил. Така да додека другите народи се наоружаа за битка против окупаторот, во Македонија фалеше и оружје и муниција и опрема да се создадат единици.
Требаше прво да се исчисти таквото кукавичко и предавничко раководство а кога се направи веќе во рацете на германците и нивните слуги - бугарскиот окупатор завршија и магацини и оружја.

Македонскиот народ се борел и тоа храбро и успешно - против фашизмот и странските бугарски окупатори
Бог да чува...
До кога бе со глупостиве на Колишев-ИЧ и компанија?
Шарло е тој што ПРВ издал прогласи дека Македонија и Македонците се повторно окупирани од Германци, Бугари, Италијанци.
Ајде по којзнае кој пат, делови од прогласот пишуван и раширен од Шарло во април-мај 1941 г. со наслов „Писмо до Стојана“:

И никаква забрана за собирање на оружје не издал Шарло!
Таквата лага си ја надополнуваа уште и со тоа дека наводно наредувал и да се предава оружјето.
Баш напротив, не само што во ПК имал одредено човек за собирање на оружје, туку и собирале пари и купувале оружје од „Арнаутите“.

На набедувањата на КПЈ за што е сменет од местото секретар на ПК во Македонија, Шарло поднесува извештај до Коминтерната на 16 септември 1941 г.:

„Директива за несобирање на оружје не сме давале. За оружјето кое веќе беше собрано и складирано исто така не сме давале директива да се предава. За тоа можете да се информирате кај одговорниот другар во Скопје, одговорен во ПК за собирање оружје. Ние тоа оружје го набавивме купувајќи го нарочно кај Арнаутите.“

ДАРМ, Фонд НОБ 1941-1944, к.1, док. 5019.

Антун Колендиќ, еден од членовите на скопскиот партизански одред (прв во Македонија формиран токму од Шарло) за истово:

„Никогаш немам слушнато за директива дека оружјето мора да се предаде, нити сум слушнал дека некој од другарите го предал оружјето на непријателот.“

Антун Колендиќ „Услови тек и значење на НОБ во Скопје 1941“, Скопје во НОВ 1941, Скопје, 1973, стр. 151.

Ако на некого нешто не му е јасно околу Шарло нека повели ТУКА

Ајде, глупо е на стари членови да им укажувам што и како треба да се дискутира на подфорумов за историја.
Си има тема, држете се до неа.
За се' друго си има други места.

.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Од купот дефетистички будалаштини што си ги навел, оваа е најголема и нај лажна.
Редно е кон крајот на 2016 г. да се поднаучат барем основни работи за Македонија во ВСВ.

.
Е важи, ти ако кажеш дека нешто е лажно, тебе ќе ти веруеме.
Доволно е само да оквалификуваш нешто дали е црно или бело и тоа е закон на форумиве. Нема потреба да се замараш со аргументи.
Еве не било закаснето, можеби ти имаш други податоци за востанието и датите, кажи си ти како ти рекоа у штаб дека било, ние ќе поверуваме.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Глупости во боја...
УДБа успевала да натера брат брата и сопружници да се кодошат и цинкарат, и да имала технички можности како што има денеска би ги прислушкувала буквално сите.
Ајде понастрана од дневната политика и глупостите на бившите удбаши, ајде повеќе за темата од историски аспект.

Од купот дефетистички будалаштини што си ги навел, оваа е најголема и нај лажна.
Редно е кон крајот на 2016 г. да се поднаучат барем основни работи за Македонија во ВСВ.

Бог да чува...
До кога бе со глупостиве на Колишев-ИЧ и компанија?
Шарло е тој што ПРВ издал прогласи дека Македонија и Македонците се повторно окупирани од Германци, Бугари, Италијанци.
Ајде по којзнае кој пат, делови од прогласот пишуван и раширен од Шарло во април-мај 1941 г. со наслов „Писмо до Стојана“:

И никаква забрана за собирање на оружје не издал Шарло!
Таквата лага си ја надополнуваа уште и со тоа дека наводно наредувал и да се предава оружјето.
Баш напротив, не само што во ПК имал одредено човек за собирање на оружје, туку и собирале пари и купувале оружје од „Арнаутите“.

На набедувањата на КПЈ за што е сменет од местото секретар на ПК во Македонија, Шарло поднесува извештај до Коминтерната на 16 септември 1941 г.:

„Директива за несобирање на оружје не сме давале. За оружјето кое веќе беше собрано и складирано исто така не сме давале директива да се предава. За тоа можете да се информирате кај одговорниот другар во Скопје, одговорен во ПК за собирање оружје. Ние тоа оружје го набавивме купувајќи го нарочно кај Арнаутите.“

ДАРМ, Фонд НОБ 1941-1944, к.1, док. 5019.

Антун Колендиќ, еден од членовите на скопскиот партизански одред (прв во Македонија формиран токму од Шарло) за истово:

„Никогаш немам слушнато за директива дека оружјето мора да се предаде, нити сум слушнал дека некој од другарите го предал оружјето на непријателот.“

Антун Колендиќ „Услови тек и значење на НОБ во Скопје 1941“, Скопје во НОВ 1941, Скопје, 1973, стр. 151.

Ако на некого нешто не му е јасно околу Шарло нека повели ТУКА

Ајде, глупо е на стари членови да им укажувам што и како треба да се дискутира на подфорумов за историја.
Си има тема, држете се до неа.
За се' друго си има други места.

.
Шарло е бедна историска фигура и не е за гордеење за државата
Тој стоеше на пробугарски идеи, подржаваше насилно иселување на Србите од Македонија кое го спроведуваа бугарските фашистички окупатори, не превзеде директива од КПЈ да се организираат демонстрации против пристапување на Југославија кон Троен пакт, од покраинскиот комитет ги исклучи двата члена од српска националност (Орландиќ и Видиќ) а останатите тројца ги прати во нивни роднии места без никакви задачи - значи свесно и јасно го разби покраинкиот комитет, без да праша членство, без да се консултира со раководството - замина во Софија и сам ја приклучи Македонската партиска организација во составв на Бугарската работничка партија дури и документите беа потишувани со Работничка партија на Македонија, ги прекина сите врски со централниот комитет н КПЈ, не ојде на Мајското советување, одби две покани да присуствува на состанок на ЦК на КПЈ за д се размотри ситуацијата во Македонија и да се дадат насоки за делување, одби да прифати и дистрибуира партиска литература по организациите на партијата, ја растури печатницата на партискиот комитет (предходно го растури и ксамиот комитет) одбиваше да се припреми народот за војна, велејќи (исто како Бугарската работничка партија) дека треба да се чека “вистински момен“т, во мај месец забрани собирање на оружје а веќе собраното да му се предаде на неприателот и бугарските фаашисти за да “се сочува народот од репесалии“
Самите партиски организации по градовите во Македонија, ја видоа вистинската слика на Шарло и почнаа да му откажуваат послушност, поради Шрло целото востание започна подоцна и со многу помала организација и помалце оружје и опрема
 
RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Абе Шарло е за се крив, уа Шарло издајнику бугарски.
 
Зошто македонската партиска организација треба да биде со српската и другите југословенски, а не наместо тоа, на пример, со бугарската. Македонскиот народ е поблизок со бугарскиот, отколку со српскиот.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Зошто македонската партиска организација треба да биде со српската и другите југословенски, а не наместо тоа, на пример, со бугарската. Македонскиот народ е поблизок со бугарскиот, отколку со српскиот.
Бугарите не се народ. Тие се нација. Според тоа - ние не можеме да бидеме блиски со бугарскиот народ :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Зошто македонската партиска организација треба да биде со српската и другите југословенски, а не наместо тоа, на пример, со бугарската. Македонскиот народ е поблизок со бугарскиот, отколку со српскиот.
Со оглед колку војна со борби и битки се водеа против Бугарските окупатори не би рекол да сме многу блиски
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Со оглед колку војна со борби и битки се водеа против Бугарските окупатори не би рекол да сме многу блиски
За среќа, не се прашуваат рандом членови на Кајгана, туку си има наука, која се вика етнологија. Епа според етнологијата која се изучуваше во СФРЈ (и сега во Македонија) и свугде друде, Бугарите и Македонците спаѓаат во Јужната група на јужнословенски народи, сите други (и Словенците, да) спаѓаат во Северна. Нема тука некоја научна дилема дали Србите или Бугарите ни се поблиски.
Но ако гледаме кој што окупирал, можеме да се потсетиме и на српската колонизација на Македонија, по српската окупација (после Втора Балканска), тиквешко востание и да не набројувам...
Но, нема потреба за тоа, бидејќи некако сум убеден дека етнологијата ги дава валидните параметри за блискоста на народите.

Јас не викам дека КПМ требало да се ујдиса исклучиво со бугарскиот пандан на КПЈ, туку само ме чуди како тоа си давате за право по default, како исправно, го третирате прклучувањето на Македонија и Македонците со Србите и другите од таа земја?
 
Ако видиш состојба на Македонија која остана во СФРЈ и она која остана во граници на Бугарија, ќе видиш дка етнолошките ни Бугари спроведуваа невиден терор и злосторство врз Македоницте во Пиринска Македонија, со нивно негирање, забранување затварање и гушење на секаква идеја дека се тие народ со јазик писмо култура.
Од друга страна во рамките на СФРЈ, заедно со Србите, Македонија ги доживеа своите најблескави моменти уште од време на Александар. Со своја академија на науки, со свои факултети, школи, музеи, културно уметнички друштва, фолклорни институти, издавачки дејности, филмска продукција, свој јазик, свое писмо....
па сега оцени онака која средина беше поприродна за Македонскиот народ....
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Ако видиш состојба на Македонија која остана во СФРЈ и она која остана во граници на Бугарија, ќе видиш дка етнолошките ни Бугари спроведуваа невиден терор и злосторство врз Македоницте во Пиринска Македонија, со нивно негирање, забранување затварање и гушење на секаква идеја дека се тие народ со јазик писмо култура.
Од друга страна во рамките на СФРЈ, заедно со Србите, Македонија ги доживеа своите најблескави моменти уште од време на Александар. Со своја академија на науки, со свои факултети, школи, музеи, културно уметнички друштва, фолклорни институти, издавачки дејности, филмска продукција....
па сега оцени онака која средина беше поприродна за Македонскиот народ....
Ова е точно. Но, овој третман започна по убиството на Георги Димитров. Георги Димитров имаше друг план, околу односите со СФРЈ и Македонците. Како и да е, Бугарија можеше со само еден мал потег елегантно да ги придобие Македонците, на кои српска пропаганда 50 години им го переше мозокот. Но, не. На Бугарите им беше полесно, исто како и на сите балкански лидери да зимаат карткорочни националистички политички поени на домашна сцена, наместо да исправуваат историски криви дрини, кои можеби би донеле долгорочна добивка.
А денес? Дали на Македонците во Бугарија (читај ЕУ) им е потежок или полесен животот?
Не се знае, кое време што носи. Бугарија беше беда за нас, денес се подобри од нас. Утре - кој знае.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom