- Член од
- 31 јули 2008
- Мислења
- 2.843
- Поени од реакции
- 1.636
наместо да бидеш класичен пример на стереотипите во државава (со кој бренд и да имаат лошо искуство тој е најлошиот што постоел во човековата историја)
Наречи ме стереотипен, ама мислам дека во ред е да се размислува малку old school на таа тема. Имам многу искуство со телефони, и се бавам професионално со апликации итн. Знам дека има дефекти кај секој производител, тук таму ке се погоди нешто лошо. Проблемот мој со Самсунг беше следниот:
- Сакаат да се рамнат со бренд како Apple (се што кажа за нив е точно) а корисничката поддршка во Македонија е непостоечка. Немаат ни македонски сајт, има само една Facebook страна (!) кај што ми рекоа да се обратам кај нивните овластени сервисери (истите тие што се сервисери и за Алкател, ЛГ, Сони, итн итн.) А овие овластени сервисери се однесуваат бетер од маалска мобилара и 2 % не се замараат за корисниците и нивните телефони, сум имал повеќе несреќни искуства. Значи Самсунг ако сака да си ја оправда цената како еден iPhone тогаш нека направат и во Македонија да си имаат салам сервис и салам корисничка поддршка. Јас самиот си го поправив нивниот дефект со тоа што си ставив custom ROM. Значи фактички ми продадоа дефектен телефон, нивниот сервис овластен не се замараше, и си го поправив за да го користам. Не е ОК.
- Ако сите корисници прават како мене (дека нема да купам повеќе Самсунг, old school логика: Кога некој те издупил - да не му купуваш повеќе) тогаш и самите производители ке не респектираат повеќе, и повеќе ке внимаваат на тоа да не ни продаваат лајна, и ке пружат подобра корисничка поддршка.
Тоа што има милиони задоволни корисници на Самсунг е точно. И тоа што во Македонија да имаш Самсунг е исто како да имаш ZTE е исто точно.
Од сево ова ваљда поентата ми е дека не треба како корисници толку лесно да се помируваме со лошата работа на еден производител, туку треба да му се укаже на грешките на тој производител.[DOUBLEPOST=1477061983][/DOUBLEPOST]Инаку за Пикселов, имаше најавено дека 2 години ќе има апдејт за софтверот.