За мене нема никаква разлика од лани до сега... Ниедна од утакмиците не ги издоминиравме, освен онаа со Бурнли. Вест Хем и Вотфорд ги добивме во последните 15 мин, ситуации кои можеа многу лесно да бидат во спортивна насока. Свонси и Лфц млитаво, Арсенал не понижи максимално.
Мизерно полувреме со Хул и благо будење во второто.
Не сум воопшто задоволен од прикажаното до сега. Челзи може многу повеќе меѓутоа некој си х фактор ги кочи. Не е само проблем одбраната, со играчи како Хазард, Вилиан, Фабрегас да не знаеш што да правиш со топка кога е на противничка половина е смешно.
Само Коста и Аспи се на задоволително ниво сезонава.
Хазард, Матич, Фабрегас, Тибо, Оскар имаат изиграно само 1 сезона квалитетно во Челзи, онаа кога го освоија насловот. Ма да и таа сезона имаа падови во формата и тоа драстични. Што се вика вториот дел од сезоната го одигравме на мускули а натпреварите ги добивавме со головите на Коста.
После тоа никој ништо не покажа, просечни партии еднакви за екипи кои рангираат кон 5-7 место.
Далеку од шампионски амбиции.
Многу млади играчи имаат потенциал и талент, меѓутоа ретко кој од нив ќе стане класа играч.
А Хазард, Тибо, Матич, Оскар не се барем не до сега.
Да, ама исто играа и Чех,Тери, Лампард, Дрогба, Есиен, Макелеле, Балак, Е. Кол, Џ. Кол... Тимот имаше победнички менталитет, а не лузерски како овој. јбг, тоа ти е кога главни во тимот се хазард, кејхил, иванович и куртоа.
Иванович би го ставил во кош со овие. Човекот до пред 2 сезони беше еден од 3-те најдобри бекови во лигата, со константна форма. Меѓутоа веќе годините го стигнаа а тоа не е негова кривица туку пропуст на раковотството во Челзи. Ете ти го за пример Маикон или Алвес.
Да ги ставиш во игра во тим кој ќе се бори за титула ќе изиграат слабо не е поради тоа што имаат лузерски менталитет туку бидеќи немаат енергија и мускули кои се потребни за ниво кое ќе носи титули.