Цел ден на работа, мртва уморна, ме фаќа да ме боли секое делче од телото, едвај до кревет се прибрав да легнам и ми ѕвони ѕвонче. Смрт.
-Комшија, некој болен случај зел и ги исекол жиците од лифтот. Знам јас зошто е тоа, тој до тебе со 4те деца ги искина за да не плаќа и за инает на сите, еве да се потпишеме сите дека човекот не чини, да пратиме по полиции по болници нека имаат обзир дека болен човек живее тука, да не бидеме ние после криви сме знаеле не сме кажале и нека си превземат мерки зошто ова веќе не се трпи.
И гледам јас од 25 станови, 20 се потпишале. Што ти се вика гнаса луѓе и душата ќе ја продадат само на некој лошо да му направат.
- А комшија вие го видовте дека е тој? И знам на кај оди тоа и зошто е тоа така. Тој што ни е наводно домар (самопрогласен) е многу тврдоглав човек и сака во истата секунда се што ќе каже, без прашања да се направи, моментално да се издејствува секоја негова идеја, во спротивно си му непријател и се ќе направи да ти го уништо животот. И на оние што ќе ги види дека прават муабет со тебе. Ако тој не прави муабет со него, нема што ти да правиш. А нешто пред некој да ги скине жиците, домарот и татково што е обвинет се скараа за паркинг место пред зграда.. И сега тој ги скинал жиците. Никој не го видел, ама гарант е тој. И успеал да убеди 20 фамилии дека е тој што е најтрагично во случајов.
И викам јас не се мешам во тие работи, не можам да знам со сигурност дека е тој, човекот има 4 деца, не сакам грев да носам. Ок чао чао. Очекувам јас утре влезната врата да ја имам украдено ама ок.
И легнувам да одмарам демек ама не можам, цело време памет ми е во тоа, сигурна сум дека човеков не е крив.. И станав да идам демек да истражувам да докажам кој вистина ги скинал жиците на лифтот. Идам прво кај бабиве пред зграда, викам што се деси со лифтот зошто не работи..
Ееее ене за инает да не плаќа ги скинал, бла бла бла, тоа што им го кажале ми го кажуваат. Мозокот им го испрале. А викам го виде некој човеков дека е тој. Не ама тој е. Ништо не направив со нив се качив нагоре, па ми текна да го викнам синот на домарот, демек ај на по едно цигарче надвор, да извлечам нешто и од него. Ништо, истото и тој го тврди. Не го видов ама тој е. И замина, ја искинал тренерката на ракавот, срам му било да седи така луѓе да го гледаат. Немав време да извлечам нешто друго. И идам сега кај жициве којзнае што ми текна, мн филмови изгледа гледам, па отпечатоци ќе барав.
И одам во подруми, вратата ширум отворена, жиците соголени и искинати, језива глетка, пуштам блиц и што да видам. До жиците виси парче од тренерката на синот на домарот.
Брзам јас идам кај бабиве, разгласувам состанок ќе има, викнете ги сите Груевски ќе не посети. И за 2 мин се собираат сите, костумосани дотерани и им кажувам. Човекот не е крив, жиците ги искинаа од кај домарот, само да се одмаздат за паркинг местото... И ме креваат на раце, ги фрлаат шеширите, го извикуваат моето име.
Се зезам, затворена беше вратата кај жиците, може и не беа таму жиците, може и лифтот позади таа врата не се наоѓал. Ништо не направив, си заминав и си легнав и еве сега очигледно се досадувам.
Не сум јас за детектив, тешко на тој што мене ќе ме најми да му докажам невиност
