Леле,леле Вардар,играта мизерија,јас да сум има на сите шо играа денес освен на Диви,Дибиров и до некаде на Душебаев да им скинам од платата,како манекенки се влечеа по терен
.
Марсениќ
,Рожерио
,
успорени снимки се овие двајцата,
рефлекс на мрзливо магаре
,двата заедно не се ни 1/4 од Тоскиќ,и тоа пијан Тоски
.
Борозан или скита навечер и се пусти по кафиЌи,или нема квалитет за ЛШ тим,трето нема
Очај невиден е другарчето
Многу нетипичен меч,одамна Металург не ја диктирал играта против Вардар,а денес баш ова се случи.
Да не беа тие неколку црни дупки имаше да ги рашлакаат денес,клучен меч таа серија по исклучувањето на Марчец,ако Металург ја преземеше контролата врз резултатот циркуси ќе беа до крај,а и вака беа..
Машки денес Чиката изигра,дури и мајтап им играше,ејјј со еден Печенко во пола меч си праеја вишоци како од шала,им изигра речиси 2/3 од мечот со играч плус,а притоа прими само 1 гол на празна мрежа,ако не се лажам.
Едноставно шо би рекол Вујо
БИО ЈЕ ФРАЕР
Ги убија од вишоци на линијата,премногу развлечена беше таа зона на Вардар,добро бранеа простор,бркаа играч,човек на човек,ама лесно се распаѓаа кога ќе сакаа да пресечат топка,иако многупати им успеа.
Да не беа тие лошо додавања пред се од Орката,нападот на Металург си одигра за доста висока оценка,Диви ги искина,клучни топки скина,плус неколку технички грешки на крај.
Како и да е,пријатно изненади Металург,заслужи барем бод,Младеновиќ веќе е нешто конкретно и квалитетно,за разлика од Обрадовиќ.
Нелоски требаше да добие некоја минута плус,Фитилот искина,универзален играч,се повеќе напредува,Македонскиот Карабатиќ
,исто ме изненади Велковски,можи да биди нешто од детево.
Марчец опасен играч,ладнокрвен егзекутор,го погоди изборот таму Чиката,за разлика од лани со Бојанчо
Како брани Арсиќ изгледа ДУПЈАЧАНЕЦОН МОРЕ ЧОЕК
че си ја изгледа цела сезона од клупа,море чоек
Добар голман,нема збор,ги искина,
За Вардар шо да кажам,или тактизира Раул и чува сили како за почеток за Веспрем или екипата е во проблеми,очајно делуваа,на моменти аматерски,посебно во последниот квартал од мечот,1 гол само дадоа речиси 15 минути, и тоа со тркалање,одвај.
Избрзани шутеви,нерезонски пред се,милион погрешни силувања за пас до пикер,па некоја лубеница од 20 кила побрзо ќе ја фатеа трапавите пикери отколку топката,понесмасни пикери неам видено.
Столе,земи ослаби друже зошто резил е онакви дудуци да ти кинат минутажа
,уште кога ќе ми текни колкава фама се крена за случајот Марсениќмхаха,онај за грев ти бил бе.
Папата за овај е Рене и Тофт Хансен во едно
Карачиќ освен на почеток после тоа се изгуби,во второ дали неколку напади изигра,Кањелас само одбрана го тераше да игра,Циндриќ задоволи,проба нешто да разигра ама немаше подршка,Деревен откако изеде една банана,закачи една пречка и не ни шутна после на гол,треба делкање за него.
Чупиќ уште во мислите е во Рио,си дојде како на тренинг,исто како да не беше присутен на терен,разликата кога влезе Шишкарев се виде уште одма,допрва треба да се конектира со останатиот дел од тимот(*
конектира,шо би рекол Југо)
Ќе видиме Вардар како ќе изгледа со Веспрем,вака на првите два меча доста тактизираа и резервирано ја отворија сезоната,ќе се види со Веспрем до каде се.
Античките,ако дошлепаат еден пикер кој ќе игра во два правци ќе завршат огромна работа,најслаб дел од тимот им е.