СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.280
Поени од реакции
8.446
Ова е веќе лига што е на исто рамниште со француска. Уште да има поголем натпреварувачки карактер... Сите што инвестираат во ракомет видоа ќар од лигава и Загреб и Вардар и Веспрем. Едино на античките им е испод част да играат во лигава за тоа 2 години бараат вајлд карти за ЛШ а другиве играат четврт-финалиња, финалиња.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.374
Поени од реакции
6.898
Од утре почнува СЕХА лигата. Никогаш посилна, практично без слаби екипи (освен евентуално Извиѓач). Реално и германската и француската лига во ништо не се појаки од оваа, разликата е сеуште до некаде во натпреварувачкиот набој кој постепено се подобрува, но не е на потребното ниво. Како и да е ми се чини дека горе долу е оформена веќе лигата каква што би требало да изгледа на подолг рок.

Фаворити за титула: Вардар и Веспрем

Кандидати за фајнл фор: Мешков Брест, Загреб, Целје и Горење

Солидни екипи: Нексе, Металург, Татран Прешов

Аутсајдер: Извиѓач

Прогноза за крајниот распоред:

1. Веспрем
2. Вардар
3. Мешков Брест
4. Загреб
5. Целје
6. Горење
7. Нексе
8. Металург
9. Татран Прешов
10. Извиѓач
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Од утре почнува СЕХА лигата. Никогаш посилна, практично без слаби екипи (освен евентуално Извиѓач). Реално и германската и француската лига во ништо не се појаки од оваа, разликата е сеуште до некаде во натпреварувачкиот набој кој постепено се подобрува, но не е на потребното ниво. Како и да е ми се чини дека горе долу е оформена веќе лигата каква што би требало да изгледа на подолг рок.

Фаворити за титула: Вардар и Веспрем

Кандидати за фајнл фор: Мешков Брест, Загреб, Целје и Горење

Солидни екипи: Нексе, Металург, Татран Прешов

Аутсајдер: Извиѓач

Прогноза за крајниот распоред:

1. Веспрем
2. Вардар
3. Мешков Брест
4. Загреб
5. Целје
6. Горење
7. Нексе
8. Металург
9. Татран Прешов
10. Извиѓач
Се океј али никако не би ги ставил Нексе и Металург на рангот на Татран. Иако им заминаа доста играчи на Словаците сепак мислам дека се ниво над овие. Очекувам да направат проблеми дома на фаворитите.

Задњата тројка мислам дека ќе биде Металург, Нексе, Извиѓач, а во Ф4 типувам дека ќе избори место еден словенечки тим на сметка на Загреб.

Интересен состав има лигата во секој случај, исто е добро што пак ќе имаме можност во Јане да ги видиме Тоска и Брумен. :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Навистина сезонава СЕХА ги крена стандардите,квалитетот со влегувањето на Словенците и шуткартата за Србите(конечно) е каде каде подобрен.
Уште Сегед да влезеше наместо Извиѓач и тоа ќе беше ЛШ во мало.
Неколку врвни екипи како Веспрем,Вардар,Мешков опасно се приближува,секоја сезона се се појјаки.
Загреб е веднаш зад нив,сезонава со појјака клупа и ширина на ростер.
Цеље,Горење се опасни екипи,да можеа да ги задржат на подолг рок тие млади деца шо секоја сезона им никнунуваат ќе беа многу опасни,а и вака се кадарни да скинат некој скалп.
Вардар и Веспрем никогаш посилни.
Имаат ширина на ростер за да туркаат на високо ниво во сите конкуренции,посебно ова за Вардар важи,со оглед дека групата на Веспрем во ЛШ е за класа посилна од онаа на Вардар.
За очекување е Веспрем да ги штеди тие постари играчи како Илиќ,Ласло,Шема и компанија,но имаат по 3 играчи на секоја позиција,и тоа какви играчи:shok2:(не се нормални оние бе):pos:
Вардар исто,далеку поголем фонд на ПУЦАЧИ за разлика од лани,Кањелас,јасно е се за него,еден талент како Деревен(ако набие на физикус дечкото треба да се врати во репка на Русија како стартер)и можеби најголемото(конкретно)засилување летово,Вуко Борозан,играч шо фалеше лани,кога не одеше,да земи да испуца едно 10ина бомби кон голот.
+Старите техничари од лани како Карачиќ,Циндриќ,Алекс+Македа како џокер:icon_mrgr:
Опасни ќе бидат Вардар сезонава,ваљда и онај Фереира е некој солиден играч,штом игра два правци сигурно ќе е доста корисен,ќе видиме уште вечер со Мешков.
Опасно се засилија и тие,Џамали на лев,+од лани Атман/Николенкау на среден,десно Кристопанс и Шиловиц,десно крило проверен играч како Рајко Продановиќ итн,опасна екипа ќе бидат.
Ќе видиме денес дали ќе се испукаат уште одма,или ќе кријат нешто за ЛШ.
Веспрем и Мешков/Загреб треба да се сигурни за Ф4,ако случајно има некое изненадување од страна на Словенците,ама не ми се верува,немаат сила за 3 фронта,со оглед дека април ќе им почнат и првенствата,па ќе имаат и репрезентативци на СП,немаат ширина на ростер.
Останатите екипи би требало да се борат за плеј аут,да видиме дали Лино ќе изделка нешто од децата,или пак нон стоп ќе играат некои си МладеновиЌИ и ОбрадовиЌИ:icon_mrgr:
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Абе ќе тепа денес Вардар? Добри се цицкиве од Брест? За кладилница ми е...[DOUBLEPOST=1472552302][/DOUBLEPOST]@Tomasino ?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Абе ќе тепа денес Вардар? Добри се цицкиве од Брест? За кладилница ми е...[DOUBLEPOST=1472552302][/DOUBLEPOST]@Tomasino ?
Треба да тепа,појјаки се,ама и Мешков не е за фрлање,лани ги здрвија во Скопје.
Не е СЕХА за уплата поголема од некоја стотка.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
На тв ќе ја даваат? Нема ни најава нема ништо, само резултат изгледа ќе ни кажат, ко во Северна Кореја.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
На тв ќе ја даваат? Нема ни најава нема ништо, само резултат изгледа ќе ни кажат, ко во Северна Кореја.
На Прва од 20:30 со (најверојатно) коментар на дуото Зоки Видевски и Југо Костовски.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Тие најавуваа филм вчера за во тоа време, скроз забегале.
Иначе очекувам тесна победа, не верувам да изгубат.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
СПОРТ НА МТВ ВО ТЕКОТ НА ОВАА НЕДЕЛА

вторник, 30.08.2016
20.30 (МРТ-1) ракомет СЕХА: ВАРДАР-МЕШКОВ- (ком: Ј.КОСТОВСКИ)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Јаки Мешков(y)
Ќе бидат сериозна екипа во групата во ЛШ.
Оваа ништо чудно и нерешено да заврши,натаму оди:cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom