Имав прилика да бидам во Битола преку ден. Не видов некоја еуфорија по улиците, иако беше прилично рано. Единствено Пискачот го видов како седи на широк сокак
Очекував дека уште од 12 саатот ќе има некое раздвижување во градот. Од Велес дојдоа двајца на помош на Чкембари
Во воз со скриени маички, ги извадја дури во Битола
Ние без навивање. Многу коли и два автобуси (ако не се лажам за бројот на автобуси). Немаше навивање поради случувањата од вчера. И не беше реално дека Комити ќе имаат некоја голема бројка, кој ќе ти дојде од Скопје кога одново се најавуваше исто невреме. Во секој случај, и без тоа се сомневам дека ќе бевме некоја поголема бројка. Се скандираше неколку пати и се извади парола за вчерашната катастрофа. Имаше неколку луѓе од Ајдуци што седеа со нас. Публиката ми личеше на прилично поделена што ми падна доста чудно. На крајот имаше голем дел Струмичани што им аплаудираа на фудбалерите на Слога
Главната трибина солидно исполнета. И на нејзе можеа да се видат луѓе во дресови на Вардар.
Одново кај управата на Слога имаше членови на Шверцери, меѓу кои и воџата. Пред мечот помала група успеа да ја обие вратата од трибината на која беа сместени, влетаа на трибина, ама беа спречени од полицијата да дојдат во физички контакт. Полетаа неколку бакљи накај претставниците од Слога. Омер главен семкар на трибината