Терористички напади во светот

Член од
24 април 2008
Мислења
11.118
Поени од реакции
12.699
Вас некој да ве вратеше зад Карпатите убо ќе би беше?
Тие кои дојдоа од Карпатите своеволно се асимилираа религиски во општествата во кои мигрираа, кирилицата и фактот дека до денешен ден православното христијанство доминира кај тие кои дојдоа од Карпатите, се доволен доказ за тоа.

Од друга страна, овие кои доаѓаат од блискиот исток и од северна Африка, немаат никакви намери за религиска асимилација. И тоа е во ред и прифатливо е бидејќи денес живееме во секуларно општество кое им го гарантира правото на луѓето да веруваат и да не веруваат во што сакаат. Но настрана религиската асимилација, овие новодојденици од блискиот исток и од северна Африка, немаат никакви планови ни за национална, ни за културна, ниту па најважно од се - општествена асимилација.

Па кога нивниот начин на размислување дека неверникот/неверничката треба или присилно да биде воведен(а) во религија за која тој/таа воопшто не е заинтересиран(а) и воопшто не ни планира да ја практикува, или да биде истребен(а), тогаш општеството има проблем, бидејќи ваквите луѓе се нарекуваат религиски фанатици и фунтаменталисти, а за такви луѓе нема место во секуларното општество.

Нивниот религиски фанатицизам и фундаментализам нека си го чуваат за по дома - иако и дома им е забрането да убиваат по религиска или било која друга основа, освен во самоодбрана - а надвор на отворените и јавните места важи правилото дека во секуларното општество нема место за религиски фанатицизам и фундаментализам.

За увезените религиски фанатици и фундаменталисти само депортација и ништо друго.

 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Другар абе што збориш? Прави разлика меѓу јавен настан/собир и секојдневна ситуација. Значи не збориме за концерт,забавен парк, кафана итн. каде немаш полиција, имаш обезбедување. Да, невозможно е стопроцентна заштита од тероризам да се обезбеди, освен ако технологијата не дојде до некое ниво ко од филмон мајнорити рипорт. И да, шоферот беше убиен откога ги изгази сите и се расчисти гужвата. Па сеа дали траело се 2,5 минути или 1 минута, 84 животи се изгубени. Немаше ниту еден полицаец кој ќе реагира уште кога почна да се доближува до толпата. Имаше двајца и тие се усраа. Мисијата е остварена, а тоа за колку брзо го елиминирале не им праи многу чест. Значи збориме за земја каде имаш 300 убиени во терористички напади во последниве години. Во било која друга западна развиена земја ќе шетаа командоси наоружани до заби. Само пред 3 недели мајка и татко, полицајци, во Париз беа крвнички заклани пред нивното дете во нивниот дом, од иста ваква будала. Што треба да се деси за да превземат посериозни мерки?
Шо искуство имаш вака со акција оружје процедури за дејствување

Му пишав денес коментар на една тема дека дома седнат пред ТВ јас имам даено најмалце 12 гола на Европското
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.275
Поени од реакции
13.238
Да им пратиме сеа ние олеснувачи за полесно да се договорат со џихадистите?
СВе да им ебам педерско француско,малку им е!
Греота за децата само,како нација кој ги ебе!

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Тие кои дојдоа од Карпатите своеволно се асимилираа религиски во општествата во кои мигрираа, кирилицата и фактот дека до денешен ден православното христијанство доминира кај тие кои дојдоа од Карпатите, се доволен доказ за тоа.
И тие многу народ исклаа и многу градови спалија во вековите додека прифаќаа религија и писмо...
можи и денешните екстремни мигранти за 50-100 години ќе станат мирни ЕУ граѓани??
да почекаме и да видиме?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.077
Поени од реакции
6.561
Другар абе што збориш? Прави разлика меѓу јавен настан/собир и секојдневна ситуација. Значи не збориме за концерт,забавен парк, кафана итн. каде немаш полиција, имаш обезбедување. Да, невозможно е стопроцентна заштита од тероризам да се обезбеди, освен ако технологијата не дојде до некое ниво ко од филмон мајнорити рипорт. И да, шоферот беше убиен откога ги изгази сите и се расчисти гужвата. Па сеа дали траело се 2,5 минути или 1 минута, 84 животи се изгубени. Немаше ниту еден полицаец кој ќе реагира уште кога почна да се доближува до толпата. Имаше двајца и тие се усраа. Мисијата е остварена, а тоа за колку брзо го елиминирале не им праи многу чест. Значи збориме за земја каде имаш 300 убиени во терористички напади во последниве години. Во било која друга западна развиена земја ќе шетаа командоси наоружани до заби. Само пред 3 недели мајка и татко, полицајци, во Париз беа крвнички заклани пред нивното дете во нивниот дом, од иста ваква будала. Што треба да се деси за да превземат посериозни мерки?
Јавен или приватен не е важно, секој собир на граѓани може да биде цел на морон со возило, имаше такви напади во Израел и на други места. Сега ти правиш муабет како да знаеле дека ќе се случи таму напад и не го дочекале на куршум. Претходно беше напад на концерт, ти текнува?

Така е тоа, требаше веднаш хеклерот од на рамо и рафално накај камион, посебно одзади, во одминување. Маса народ околу. Ако одеа според вашиве идеи сега ќе имаше 840 мртви.:) Или со пендрек по глава?
Можеби во гуми да пука, како во сериите?
Друго треба да знаеш надвор од филм со пиштол/револвер не го погодуваш така лесно на такви растојанија, значи требало да имаат простор за да го елиминираат без да се загрозат уште сто животи, како што и се случило. Други се пропустите, не е до полицијата на лице место.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.118
Поени од реакции
12.699
И тие многу народ исклаа и многу градови спалија во вековите додека прифаќаа религија и писмо...
можи и денешните екстремни мигранти за 50-100 години ќе станат мирни ЕУ граѓани??
да почекаме и да видиме?
Подобро да се спречи отколку да се лечи.

Во средниот век немаше законодавство и услови за живеење како денешните, каде што не се врши дискриминација врз религиска, етничка или расна основа.

Нема потреба да се чекаат 50-100 години за овие религиски фанатици и фундаменталисти да станат мирни ЕУ граѓани, слична шанса им беше дадена на Адолф Хитлер и нацистите, па на Британците и Французите кои им дадоа одврзани раце на Хитлер и нацистите за да маршираат низ Австрија и низ Чехословачка и да истребуваат Евреи, комунисти, социјалисти, хомосексуалци и останати групи на луѓе кои не им беа по идеолошки мерак на Хитлер и нацистите, како бумеранг им се врати во 1939, 1940 и 1941 година нивната мирољубива мисија, или "мир во нашето време" како што велеше тогашниот британски премиер Невил Чемберлен, кој беше принуден да поднесе оставка кога нацистите ја нападнаа и ја окупираа Франција во мај 1940.

И на мирољубивите ЕУ граѓани ќе им се врати како бумеранг ваквото неконтролирано примање на недокументирани имигранти од блискиот исток и од северна Африка, па затоа подобро е уште сега да ја спречат бурата, отколку да живеат под чадор и опкружени со вреќи песок во наредните 50-100 години.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Имаше масовни протести против Исис во Турција и Египет.
Какви протести???
Ми зборуваш за протестите на Курдите во Дијарбекир и низ европските градови??? Или за протестите на 62 шиити во Лондон?? Ми зборуваш за протестите на религиозни и етнички групи директно засегнати од воениот конфликт во Ирак и Сирија??
Јас ти зборувам за протест од морални причини и против навреда на "хуманистичката суштина" на нивната религија (за која многу зборуваат ама на дело никако да покажат), каков што немаме видено никаде помеѓу 1,5 милијарди муслимани.
Протести како што беа протестите во Аман, Грозни, Пешавар, Лондон, Карачи, Техеран, Дака, Кано, кога десетици илјади маршираа поради навреда на религиозните чувства заради филм и цртеж.
Ај, не по пустините и пештерите во Азија и Африка ама барем во западните земји кои ги примиле и им обезбедиле кров над глава и храна, а каде што членови на нивната заедница убиваат невини луѓе.
Според нивните верувања уште Ерусалим и Рим не се под нивна контрола.
Во првите години од појавата на исламот, нивните верници биле добри лекари, астролози, геолози итн, а денес овие новокомпонирани муслимани (секако дел од нив не сите) исламот го сфаќаат како одмазда и некаква желба останатите да ги стават под своја управа.
Јас сум само поради таа причина на страната на Израел. Јес да се закоравените ционисти и религиозните Евреи носители на истиот семитски/блискоисточен менталитет, јес да се подмолни и шпекуланти, ама барем официјално се трудат да прифатат некои норми на современата цивилизација. Уште повеќе што ако не се поставеше Израел така нетолерантно и бескомпромисно кон секој (најмал) обид и можност за напад кон нив сега ќе зборувавме уште за еден геноцид над нивниот народ.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.901
Поени од реакции
36.965
Благодарение на економските политики на Владата, МНР со задоволство извести дека немало македонски туристи во Ница.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.077
Поени од реакции
6.561
Какви протести???
Ми зборуваш за протестите на Курдите во Дијарбекир и низ европските градови??? Или за протестите на 62 шиити во Лондон?? Ми зборуваш за протестите на религиозни и етнички групи директно засегнати од воениот конфликт во Ирак и Сирија??
Јас ти зборувам за протест од морални причини и против навреда на "хуманистичката суштина" на нивната религија (за која многу зборуваат ама на дело никако да покажат), каков што немаме видено никаде помеѓу 1,5 милијарди муслимани.
Протести како што беа протестите во Аман, Грозни, Пешавар, Лондон, Карачи, Техеран, Дака, Кано, кога десетици илјади маршираа поради навреда на религиозните чувства заради филм и цртеж.
Ај, не по пустините и пештерите во Азија и Африка ама барем во западните земји кои ги примиле и им обезбедиле кров над глава и храна, а каде што членови на нивната заедница убиваат невини луѓе.

Јас сум само поради таа причина на страната на Израел. Јес да се закоравените ционисти и религиозните Евреи носители на истиот семитски/блискоисточен менталитет, јес да се подмолни и шпекуланти, ама барем официјално се трудат да прифатат некои норми на современата цивилизација. Уште повеќе што ако не се поставеше Израел така нетолерантно и бескомпромисно кон секој (најмал) обид и можност за напад кон нив сега ќе зборувавме уште за еден геноцид над нивниот народ.
Не знам какви и колку протести имало само тоа не е толку важно, ако несогласувањето се манифестира само преку протести тогаш не знам што да кажам. Од друга страна, ако сакаш да видиш како завршуваат мороните од ИД при судар или заробување од страна на Курдските паравоени единици или селските милиции кои се борат против ИД, отвори го линкот. (предупредување, се работи за крајно експлицитни слики)

http://www.barenakedislam.com/2014/12/21/kudos-to-the-kurds-takin-out-the-islamic-garbage/

А курдите и алавитите се муслимани, па сега направи сметка на кому најмногу му смета ИД, според жестокоста со која ги дочекуваат мороните од ИД би рекол дека најмногу им сметаат на тамошните муслимани.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.118
Поени од реакции
12.699
Благодарение на економските политики на Владата, МНР со задоволство извести дека немало македонски туристи во Ница.
И треба да бидеме благодарни за тоа - бидејќи немало Македонци меѓу жртвите во Ница, а не за економските политики на владата.

Елена Голомеова (Тина татина) живее и работи како оперска пејачка во операта во Ница, нека е жива и здрава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom