Ова ми е последната реплика на твој пост, зошто ти или не ги сфаќаш работиве шо ги зборам или не сакаш да ги сфатиш.
По 100 пати кажав дека не оправдувам насилство и силување и ти по 100 пати ми викаш „ама не треба да оправдуваш насилство и силување“. Човек више сум кажал дека не оправдаувам, не знам шо ти е целта со повторувањево се едно те исто...
Цело време збориш домаќини и гости.
Какви бе тоа домаќини и гости ?
Како тоа можеш да очекуваш некого да го интегрираш во твоето општество ако од старт му викаш „вака сеа, ја сум тука газда, ќе играш ко шо ќе ти свирам или има лом ќе те праам“.
Ќе повторам пак, нити сте имале контакт со бегалци нити ништо, ама битно сите знаете дека бегалциве плански се населуваат во Европа за да не истребат. Ни ми се плаче ни ми се смее...
Значи се дур муслиманите се малцинство немаат право на глас. И после „еј абе зошто се бунат муслиманите, се им дадовме“...
Пак ќе кажам џамијата мене не ме спречува да градам црква. Што е тогаш забраната за минариња ако не покажување сила ?
Треба да сфатиме дека не е поентата да покажеме кој е посилен, поентата е да живееме заедно.
Ако ја можам да си одам во црква коа сакам, да се молам коа сакам, да градам црква кога сакам, ако сакаат муслиманите и вселенски бродови нека градат, едноставно не ме интересира !
По твојава логика ако идеме, у Македонија има 2 милиони луѓе, од нив само 100.000 преку сила да протестираат против власта, значи ние ја сакаме оваа власт !
Иначе со болдот се тоа шо ја се трудам да го кажам и ти сам си го кажа. Злоупотребува е клучниот збор !
Ти (не конкретно ти туку мислам на државата) треба да се бориш против тие што злоупотребуваат, а не против сите муслимани или бегалци воопшто.