Абе мене јес да не ме бива за објаснување ама мислам дека сум многу јасен...
Значи никој не вика дека не треба да се однесуваат согласно вредностите на цивилизираниот свет. Пример ако у тие некои арапски земји е традиционална полигамијата, не значи дека и ние тука треба да ја прифатиме, туку обратно он ќе прифати дека ова е моногамен свет.
Пример ако негде таму е нормално да ја фатиш жената и да ја шинеш од мавање зошто поише спиела свртена на десно него на лево, не значи дека и тука ќе можеш тоа да го правиш.
Цело време викам дека е нормално дека треба да ги прифатат цивилизациските достигнувања, ама од друга страна лет 3 кажа дека ако отидеш у некоја земја мораш да прифатиш и да се однесуваш како што е таму.
Мојата поента е дека не значи дека секоја вредност во западниот свет е и добра вредност, а муабетот со минарињата и фереџињата го земав само како пример за ограничување на правото на практикување на религијата кое е гарантирано со многу меѓународни договори.
Ај ваљда конечно се разбравме
