Да да сигурно. А некој што ниту пуши ниту пије кафе работи за 200 € што да прави да оди со велосипед на работа зима лето по твое? Или еден студент кој нема пари ни јадење да си купи а камо ли за цигари и кафе да си плаќа такси ? И за што кажими за едно пензионерчиште да се шета цел ден зошто нема друга работа?
Ако нема простор во автобусите, тоа не е крива владата, туку крив е возачот, што упорно пика секој студент, секој пензионер, и се помеѓу нив во години внатре, и нит има место каде да се седне, а прашање е и колку луѓе на време ќе се симнат на правата станица. Обично кога сум имал проблем со гужви, било ради тоа. Во странство, кога возачот ќе види пополнети места до крај, не собира луѓе на наредна станица дур не се испразнат места во автобусот. Таков менталитет немаме се уште овде. Али исклучиво да ги обвинувате пензионерите што ги користат автобусите на слободни денови е бесмислено.
И да, обично пензионериве се возикаат по автобусиве баш затоа што немаат подобра работа. Пензионери се. Пензионери со хобија се реткост овде, тие на запад повеќе ги има. Тука ова им е заедничка активност. Кој ради тоа се вози, кој искористува шанса почесто да се дружи со негови врсници дур се уште имаат време да се дружат, а нема кој да ги возика наоколу, не се за точак да возат или такси, да не збориме за пеш. Ќе бидеш и ти еден ден пензионерка, не верувам дека вакви мислења за тебе сакаш пола зелена млада популација да прави. И да не се возикаш по автобуси, или трамваи, или што и да има во твое време кога ќе влезеш во пензија, ќе има за нешто друго за што ќе ги нервираш луѓето околу тебе. Тоа е секогаш така, затоа што не сме навикнати како народ да ги почитуваме. Има гнаси во карактер и меѓу нив што не вреди да ги погледнеш, не па почитуваш, ама збориме генерала овде.
Имам другар со 150 евра плата и постојано е на точак и зимо и лето. Претходно на студии идеше со точак. Испод части ти е тебе тој начин на превоз или што е проблемот?
@kano Ми смета кога ке видам гужва у автобус они седнале пошто нели се постари а ние што работиме, студираме треба да стоиме и плус да плаќаме а они да си седат седнати и да си кружат цел ден и плус цел ден шетаат седат и пак се поуморни од сите мисламмм нема логика
Има логика. Стари се. Уморни се од што држат очи отворени и од што дишат. Не знам дали имаш дома постари лица, ама звучиш ко да ги немаш. Ние сме млади, повеќе енергија имаме, нормално дека на нас е повеќе да постоиме него ли некој кој има потечени вени или проблем со коски и зглобови итн. Ако ти смета гужвата, ти реков возачот е крив, не владата што дала бесплатни превози за пензионерите.
Ова е дискутабилно за некој што живее поблиску а не за некој кој е 20км од Скопје и нема начин како да отиде со точак до школо нит пари да плаќа по 600денари за такси секојдневно.
Јас зборам за Скопје. Најмногу пензионери што ги користат бесплатните денови на кои јас сум бил изложен се во рамки на градскиот круг.