50 мил евра беше Марсијал во готово, другово е бонуси кои и да се остварат, парите дадени се ништо затоа што тоа остварување во превод е успех на клубот и генерира поголема цифра, без разлика за кој фудбалер збориме
50 милиони се чисти.
Клаузулите:
- 10 милиони ако даде вкупно 25 гола во сите натпреварувања;
- 10 милиони ако додека е кај вас забележи 25 настапи за Франција;
- 10 милиони ако се најде на листата номинирани за Ballon d'Or
Првото може секоја будала да го исполни, па дури и Бентеке еве, само без играње даде 10 гола, а камоли човек ко Марсијал што е редовен стартер.
Второто, Бентеке рецимо не може, ама пак може секоја будала. Пример Жињак кој врвот на кариерата му е полнење на долни француски клубови за Марсеј, па затоа моментално на 30-годишна возраст игра у Мексико.
Ајде, да го оставиме третото како потешко остварување, што и реално е.
Јас мислам дека овие две работи се нешто кои и најпросечен играч може да ги оствари, затоа според мене не важи муабетот дека ако ги исполнел клаузуливе дека вределе демек парите у смисла „ех, камо да ги исполни“. Не, не е никакво достигнување ако ги исполни, овие пари де факто веќе се дадени. 70 милиони за ова, јок.
За да вреди, треба да се развие у квалитетен играч, потпирлив, gamechanger, човек околу кој се гради играта и кој знаеш дека ако е во тимот автоматски придонесува и дека секогаш додека тој е во игра, има сериозна можност за победа. Тоа, според мене, е она што го прави играчот голем и заслужен за цената платена за него, а не некои вакви небитни статистички клаузули. Марсијал е добар, се гледа дека има нешто у него, но далеку е од таквиот статус, иако рака на срце, годините се на негова страна.