Дали религијата му наштетува на светот?

  • Креатор на темата Креатор на темата hypoterrian
  • Време на започнување Време на започнување

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Возраст
24
Локација
Skopje
Јас мислам дека да за неколку причини ама што е вашето мислење кајганџии?
 
или некој отвара тема да проповеда за религијата или некој отвара тема против религијата- како му штети на општеството итн итн
како и да е, многу сте опседнати со религијата
да не се ближи крајот на светот?
 
Нели овој форум е точна за оваа тема?

Отварај теми, меѓутоа во воведниот пост елаборирај малце повеќе, објасни што, како, зошто, наведи правец на дискусија.

„Јас мислам дека да за неколку причини ама што е вашето мислење кајганџии?“

Еве и јас мислам да. И неколку други члена мислат да. Други не.
Темава ќе замре до 3та страница максимум, без никој да произнесе став. Кажи зошто мислиш да, па ќе се најде некој со контра став, и ќе заживее темава.

Сите теми ти се со наслов и едвај една реченица во првиот пост. Не е ова реддит.
 
Па моети мислење за како може да наштети е на пример начинот на кој децата од мали го сваќаат светот. Во школо им викаат дека се случило едно а родителите дома со религија друго. Не само тоа но исто така туку религиозните луѓе стануваат многу арогантни и у минатото но и денес тие навредуваат луѓе и ги изолираат во околината каде повеќето следат една религија. А да не кажеме дека сите верници пробуваат да направат проблеми за начинот на кој се претставува науката во школата но и надвор од тоа. Религијата по мене само ги прави луѓето да ја игнораат реалноста во светот и се што е поврзано со неа. А да не кажам дека од минатото и до ден денеска илјадници а да не кажам милиони луѓе ги убиле за нивните мислења за светот, различна верска припадност и друго.
 
Пред се, луѓето се убивани поради пари, власт и моќ. Религијата се користи како параван. А за таа фората господ те направи, верувај дека е тешко на дете од 5 години да му се објасни еволуцијата. Кога ќе порасне ќе свати.
Е сега ова што се случува во светов ако мислиш дека е поради религијата, најверојатно религијата се прави од нафтата, па затоа каде што има нафта, има и религиозен екстремизам. Да не објаснувам повеќе што бараат УСА, Русија, Израел, Иран, Турција, дел од Европа и уште некој друг да војуваат во Сирија и Ирак. Меѓудругото ИСИС е создаден и подржуван од секуларни држави, односно од атеистички режими.
Всушност религијата е безопасна, но станува опасна кога позади неа ќе застане некој атестички психопат кој сака својте цели да ги реализира преку неа.
Значи ако бараш кривец, барај го помеѓу твојте почитувани атести. Меѓу другото ако не ти се допаѓа религијата, немој да ја практикуваш.
 
Religiite poveke kreiraat podelbi, kako na lokalno, taka i na globalno nivo, a podelbite kreiraat nedoverba i omraza pomegju lugjeto. Toa deka religiite deluvaat pozitivno i gi zbratimuvaat, splotuvaat i pomiruvaat lugjeto e totalen non-sens !
 
Пред се, луѓето се убивани поради пари, власт и моќ. Религијата се користи како параван. А за таа фората господ те направи, верувај дека е тешко на дете од 5 години да му се објасни еволуцијата. Кога ќе порасне ќе свати.
Е сега ова што се случува во светов ако мислиш дека е поради религијата, најверојатно религијата се прави од нафтата, па затоа каде што има нафта, има и религиозен екстремизам. Да не објаснувам повеќе што бараат УСА, Русија, Израел, Иран, Турција, дел од Европа и уште некој друг да војуваат во Сирија и Ирак. Меѓудругото ИСИС е создаден и подржуван од секуларни држави, односно од атеистички режими.
Всушност религијата е безопасна, но станува опасна кога позади неа ќе застане некој атестички психопат кој сака својте цели да ги реализира преку неа.
Значи ако бараш кривец, барај го помеѓу твојте почитувани атести. Меѓу другото ако не ти се допаѓа религијата, немој да ја практикуваш.
Во моментот не постојат атеистички држави. Првата и последната била од Енвер Хоџа. Иначе нема смисла зошто атеистички земји да гиподржуваат Исис. Јас мислам светските сили се замешани.
 
Повеќето држави се секуларни, односно одвоени од религијата. Меѓу кој и РМ. А исис се подржани за да прават тензија и да придонесат за создавање на нови фракции кој ќе бараат создавање на нови држави кој потоа ќе дозволат експоатација на минералните богатства или на геостратешката положба. Во Сирија се судираат интересите на САД, Турција и Русија. Верувај дека таму на никој не му е гајле за некој овчари од изис, ниту пак се плаши некој од нив.
 
Атеизам = секуларизам?!? Браво бе.
А една секуларна Македонија па да се чудиш. САД па ептен секуларна. Да речеш западно европските земји и некако.
 
УСА никогаш нема нападнато под изговор...во име на бога ќе ве бомбардираме. Исто така и Македонија е секуларна. Во уставот нема дефинирана религија. Односно има религиозна слобода или може и да бидеш атеист. Ако премиерот или претседателот практикуваат некоја религија, не значи дека судската и извршната власт се религиозни.
Исто така и кај нас се користи религијата за остварување на некој цели. Чиј што нарачатели и потикнувачи, воопшто немаат врска со религијата. А нарачатели најчесто се Мафијата, политичарите, корпорациите...личности кој најмалце имаат врска со религијата.
Е сега кај Саудиска Арабија, Иран, Катар...и ред други се со религиозно управување.
Но чуствувам што сакате да кажете. Атеистите како единки најверојатно се порационални личности, но немирите не се потикнати од религијата, туку од некој што воопшто нема врска со тоа и е атеист. Например некој мафијаш или милјардер шпекулант или политичар , некое лоби итн...
 
Политиката,моќта желбата за власт,материјализмот,тоа сеглавните причини за целокупното страдање во светот.Религијата,национализмот или кобајаги борбата за демократија се само параван или изговор,зад кој се кријат обично мотиви од материјалистичка природа или желба за моќ.Па Америка цело време на Саудициве им гледа низ прсти,сигурно не ради религиозни причини,се работи за интерес и правење пари,никаква идеологија, никаква религија,чисто бизнис![DOUBLEPOST=1466337076][/DOUBLEPOST]
Во моментот не постојат атеистички држави. Првата и последната била од Енвер Хоџа. Иначе нема смисла зошто атеистички земји да гиподржуваат Исис. Јас мислам светските сили се замешани.
Ја заборај Северна Кореа и нејзиниот славен лидер.И нормално како атеистичка држава,,народот живее во совршенство и изобилиее!:cautious::eek:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom