Пламени јазици во црквии манастири - опомена божја?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Божји знак е и допуштање нештото да се случи по воља божја. Божји знак е и да госпот ништо не направи да спречи пожарот, и тоа е знак дека “Така треба да биди“ Вољата божја е дали нештото ќе изгори во оган или не зато шо покрај друго тој е и господар на пламенот

Ма све е „божји знак„...битно е дека е знак. :icon_lol:[DOUBLEPOST=1462348188][/DOUBLEPOST]
Кутриот ти....си го верглаш ова како животот да ти зависи од тоа. Колку кутро човече си ти.... Олицетворение на суета, тврдоглавост и глупост. Дрим тим комбинација.

Кај ти отиде интелектуалната супериорност?

Толку е супериорна што не можеш еден (еден, не два, не три...) одговор да дадеш па уште бараш да те постетам на кое прашање не си одговорил, иако си веќе прашан?...
 
Последно уредено:
Ма све е „божји знак„...битно е дека е знак. :icon_lol:
19. Тогаш царот Навуходоносор се исполни со јарост и изгледот на лицето негово се измени против Седраха, Мисаха и Авденаго, па заповеда да запалат печка седумпати посилна отколку што обично ја угоруваа;
20. и им заповеда на најзилните луѓе од војската своја да ги врзат Седраха, Мисаха и Авденаго и да ги фрлат во вжарената печка.
21. Тогаш тие луѓе беа врзани со долните и горните облеки, со преврски на главата и со другите алишта и беа фрлени во печката огнена што гореше.
22. Бидејќи царската заповед беше строга, и печката вжарена необично многу, пламенот од огнот ги умртви луѓето што ги фрлија Седраха, Мисаха и Авденаго.
23. А тројцара – Седрах, Мисах и Авденаго – паднаа во вжарената печка врзани.
24. И одеа меѓу пламенот, славејќи Го Бога и благословувајќи Го Господа.

За ова има некој службен извештај дека била природна работа или некој божји знак да не беше?
Госпот со своја воља уништува или поштедува од оган и пламен.
Ти очигледно не веруваш во тоа
 
Последно уредено:
Кај ти отиде интелектуалната супериорност?

Толку е супериорна што не можеш еден (еден, не два, не три...) одговор да дадеш па уште бараш да те постетам на кое прашање не си одговорил, иако си веќе прашан?...
Епа Мики видиш, да имаше еве немора супериорност, доволно е да имаше микроскопски траги од интелект кај тебе, ќе сватеше милион пати дека тоа што ти не разбираш одредено нешто, незначи дека истото не е одговорено. Ама во својата ограниченост, комбинирана со суета и тврдоглавост, си се претворил во трол чија единствена мантра му е: "немаш одговор".
 
19. Тогаш царот Навуходоносор се исполни со јарост и изгледот на лицето негово се измени против Седраха, Мисаха и Авденаго, па заповеда да запалат печка седумпати посилна отколку што обично ја угоруваа;
20. и им заповеда на најзилните луѓе од војската своја да ги врзат Седраха, Мисаха и Авденаго и да ги фрлат во вжарената печка.
21. Тогаш тие луѓе беа врзани со долните и горните облеки, со преврски на главата и со другите алишта и беа фрлени во печката огнена што гореше.
22. Бидејќи царската заповед беше строга, и печката вжарена необично многу, пламенот од огнот ги умртви луѓето што ги фрлија Седраха, Мисаха и Авденаго.
23. А тројцара – Седрах, Мисах и Авденаго – паднаа во вжарената печка врзани.
24. И одеа меѓу пламенот, славејќи Го Бога и благословувајќи Го Господа.

За ова има некој службен извештај дека била природна работа или некој божји знак да не беше?
Госпот со своја воља уништува или поштедува од оган и пламен.
Ти очигледно не веруваш во тоа

Let3,

на поставено прашање се дава соодветен одговор, а не монолог.[DOUBLEPOST=1462349617][/DOUBLEPOST]
да имаше микроскопски траги од интелект.

...кај тебе, до сега ќе одговореше.
 
Let3,

на поставено прашање се дава соодветен одговор, а не монолог.
Мики, божји знак или ќе го прифатиш или ќе го отфрлиш
 
Мики, божји знак или ќе го прифатиш или ќе го отфрлиш

Let3,

ќе прифаќаш и ќе отфрлаш тогаш кога ќе почнеш да разликуваш „што е што„. До тогаш, можеш да тераш монолог...
 
Let3,

ќе прифаќаш и ќе отфрлаш тогаш кога ќе почнеш да разликуваш „што е што„. До тогаш, можеш да тераш монолог...
Mики монолог или немонолог на ден кога една од христијанските цркви си го славеше својот најголем празник, пламнаа и изгореа нивни храмови ширум планетата.
Пошто сме сега во 21 век, може црквата да се вади на форензика, полициски извештаи, изолации на струјни кабли, термодинамика.... на се освен на божја воља.
Змисли Мики, спаднавте на негирање на дело божје во божји храм!
се оградувате дека госпот имал било каква улога или влијанија во она шо се случвало во госпотовите цркви и манастири!
А од друга страна демек токму молитви и обреди правени во тие цркви биле пат до госпот да услиши и благослови.
Мики и Ленин ќе го цитираш ако треба само да се отсрани госпот од овие немили настани кои ја погодија православната црква
 
Mики монолог или немонолог на ден кога една од христијанските цркви

Let3,

еден убав ден ќе ти текне дека нема „...една од христијанските...„ туку има само една Црква Христова. Ако почетокот од постот ти е погрешен, погрешен ќе ти биде и текот и крајот од постот.

За мене е трагикомично што покажуваш чуден (?) и инстант интерес за Црквата, и тоа токму сега кога се случија пожарите (иако не гледам некоја посебна возбуда кај самите верници околу пожарите, кои се случија и кај нас во Македонија...), а за која до сега покажа само и само непознавање на нештата што се со неа поврзани.

Но добро, како веќе напишав, терај си монолог...
 
добродојде у монологот, трагикомичноста не е во мојот интерес за една од хрисијанските цркви, трагикомичност е што масовни пожари по православни храмови ширум свет на најголем православен празник се обидуваш да му свалиш на грб на небожји фактори, затнато црево, недогорена свеќа, неисправни осигурачи, пиромани, несоодветно чување на запаливи материи, дефект во електронски уреди за дојава на пожар...
Демек госпот бил немоќен да стори било шо да спречи таква трагикомедија поради објективни причини... Творецот на вселената и се живо на планетата кој уништувал и оживувал и правел секакви чуда... не можел ништо да стори храмовите госпотови каде верници го славеле неговото повторно раѓање да не изгорат на тој ден... не можел или не сакал, или дури и подпомогнал.
Тие се три трагикомични решенија за еден верник, или госпот не можел, или не сакал или иницирал паљевинит
Додуше има и четврта опција (која гледам ти е најблиска по коментарите)- нема госпот а сето ова е плод на човечки фактор.
 
Не си ти во умот на Бог за да знаеш како би направил нешто доколку одлучи да направи нешто. Нели логиката и овоземните дебати не се својствени за Неговото размислување поради што има толку чудни и необјективни одлуки коишто ги прави. Посебно чудата кои селективно одлучува да ги направи во некое збутано село со 10 сведоци. Во сета таа негова омнипотенција, не му текнало до сеа да се симне на Земја и да каже „Еве, постојам!“? Чудни се неговите патишта поради што, не можеме ние да дебатираме што Он би направил доколку одлучи да направи нешто и како ќе го направи.
Зошто и сеа да не е така? Или логиката ја употребуваш кога ти одговара?
Не ли сум во умот на Бог? Не заебавај....

Фала, што ја долови поентата на моето учество во темава.

Не можеме ние да знаеме дали ова е казна за правоверните од Ѓаволот, како што пишав на почетокот од темава или пак е е човечка воља/грешка, како што пишав после. Контрадикторно нели? А можев и трето толкување да пишам во трет засебен пост.
Сеедно, пошто се сложувам потполно со тебе, ние не сме достојни, нит способни да проникнуваме натаму.

Освен Let3. За него е ОК. Он може комотно да ја толкува божјата воља и постапки, без страв дека некој ќе се посомнева во напишаното.
 
добродојде у монологот, трагикомичноста не е во мојот интерес за една од хрисијанските цркви, трагикомичност е што масовни пожари по православни храмови ширум свет на најголем православен празник се обидуваш да му свалиш на грб на небожји фактори, затнато црево, недогорена свеќа, неисправни осигурачи, пиромани, несоодветно чување на запаливи материи, дефект во електронски уреди за дојава на пожар...
Демек госпот бил немоќен да стори било шо да спречи таква трагикомедија поради објективни причини... Творецот на вселената и се живо на планетата кој уништувал и оживувал и правел секакви чуда... не можел ништо да стори храмовите госпотови каде верници го славеле неговото повторно раѓање да не изгорат на тој ден... не можел или не сакал, или дури и подпомогнал.
Тие се три трагикомични решенија за еден верник, или госпот не можел, или не сакал или иницирал паљевинит
Додуше има и четврта опција (која гледам ти е најблиска по коментарите)- нема госпот а сето ова е плод на човечки фактор.
Ти не разбираш, Господ ни дал слободна волја за да праиме што сакаме и нејќе да се меша, дури и кога палиме негови храмови, силуваме деца, убиваме невини луѓе или невини луѓе умираат од болештии. Он не интервенира, а зошто? Ти не се Бог, за да ги сфатиш тие нелогичности за тебе, во твојот овоземен ум. Исто ко што не можеш да сфатиш зошто Бог дозволил Јов да го јаде иако ја знаел иднината на исходот (дека дотичниов ќе му остане верен.), освен ако не го наречеш Бог, садистичко говно. Ама тоа е со овоземната логика која не функционира за Него пошто ние не можеме да ги знаеме неговите пориви и планови.
Ама кога станува збор за запалени храмови насекаде во светот, сигурно Бог ако сака да ни даде знак, ќе го направи тоа логично и ќе ги запали сите храмови. Овоземната логика функционира перфектно у случајов. Исто така, овоземната логика кога таа одговара на нашите конформациони пристрасности, е одлична за објаснување на вакви појави коишто со окамовиот брич не' носат до најверојатното, а тоа се запалени свеќи, лоша инсталација или подметнати пожари.
Еве ја ќе си го исечам на лице место ако сите православни храмови гореа во светот, дека некој од вернициве ќе кажеше дека е божји знак. Најверојатно ќе го толкуваа ко дело на шејтанот или нешто што е изведено од непријатели на Бога!
Дури и Исус да се симнеше на Земјата видливо и да кажеше, православието е срање пошто не е канонско, вистинскиот пат го следат протестантите, Мики1 и остала багра ќе кажеа дека тоа е Шејтанот. Тешко е да смениш закоравени светогледи кои се базираат на страв и интензивни емоции. Скоро и невозможно.
 
Слободната воља е одговорот на твоите дилеми чедо.
 
Додуше има и четврта опција (која гледам ти е најблиска по коментарите)- нема госпот а сето ова е плод на човечки фактор.

Чек‘ се‘а: ко‘ ти треба, има Господ, ко‘ не ти треба, нема Господ.

Ај одлучи се па јави...
 
Не ли сум во умот на Бог? Не заебавај....

Фала, што ја долови поентата на моето учество во темава.

Не можеме ние да знаеме дали ова е казна за правоверните од Ѓаволот, како што пишав на почетокот од темава или пак е е човечка воља/грешка, како што пишав после. Контрадикторно нели? А можев и трето толкување да пишам во трет засебен пост.
Сеедно, пошто се сложувам потполно со тебе, ние не сме достојни, нит способни да проникнуваме натаму.

Освен Let3. За него е ОК. Он може комотно да ја толкува божјата воља и постапки, без страв дека некој ќе се посомнева во напишаното.
Во ред е ако пристапуваш агностички, ондак се слагаме. Можда е ѓаволот, можда Бог дава знак, можда е човечка грешка допуштена од Бог, можда се рептили, можда и еднорози. Не можеме да знаеме.
Мики1 на пример ЗНАЕ дека не е Бог умешан у ова.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom