Среде операција докторите си прават селфи(?!?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Триптико
  • Време на започнување Време на започнување
Колку треба да си ретардиран за ваква слика да ставиш слика на фејсбук?

Сигурно не се н ипрви ни последни што се сликале со некој пациент, ама треба ептен глуп да си да ставиш ваква слика на фејсбук..
 
Е , од овакви глупачи си патиме, амеби .
 
Селфито успешно, пациентот мртов.

Ќе ти го заборават селфи стикот во желудник.
 
А 100 % нема можност мобилниот да е стерилен, така што се доведуваме до ситуација да е направена повреда на лекарскиот протокол, медицинарите подобро ова би го објасниле, односно средината е контаминирана од надворешен предмет.
Без разлика дали операцијата е успешна или не, извршено е повреда на правилата.

Го знам тоа :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1461176635][/DOUBLEPOST]
А 100 % нема можност мобилниот да е стерилен, така што се доведуваме до ситуација да е направена повреда на лекарскиот протокол, медицинарите подобро ова би го објасниле, односно средината е контаминирана од надворешен предмет.
Без разлика дали операцијата е успешна или не, извршено е повреда на правилата.

Го знам тоа :icon_lol:.
 
животот нема никаква смисла ако неможеш да направиш селфи кај сакаш.
 
А 100 % нема можност мобилниот да е стерилен, така што се доведуваме до ситуација да е направена повреда на лекарскиот протокол, медицинарите подобро ова би го објасниле, односно средината е контаминирана од надворешен предмет.
Без разлика дали операцијата е успешна или не, извршено е повреда на правилата.
Според сликата не постои никаква контаминација со надворешен предмет. Едноставно, се што влегува во сала, вклучувајќи го и персоналот, не може да биде стерилно. Важно е запазување на стерилноста на оперативното поле и на се тоа што доаѓа во допир со истото при извршување на оперативната интервенција. Поточно, стерилни хируршки ракавици, стерилен оперативен веш - за изолација на оперативното поле вклучувајќи и стерилни хируршки мантили на персоналот и стерилни инструменти и преврзочен материјал.

Повреда е извршена врз правото на приватност на пациентот. И дечкото во бела униформа не смее да помисли да припари во сала. Смее единствено во зелена.
 
Нема шанси да влезеш во државно здравство ако не си вемероу, не можеш на клинички центар каде што тек тук се бара по некој квалитет не па во помали градови. И поготово на хируршките оддели. Не велам дека меѓу такви ликови нема квалитетен кадар меѓутоа процентуално тоа е малку. Затоа секој ден ќе читаме по некоја ваква случка :)[DOUBLEPOST=1461176018][/DOUBLEPOST]@Bodhidharma Пријател те сфаќам што сакаш да кажеш и во право си. Ексцентрикот од доктор (а сите квалитетни се такви кога ќе сумираш) може ќе се однесува чудно ама нема да прави ништо со што би ги нарушил етичките норми на професијата или пак ќе ги доведе до опасност пациентите во клиниката.
Операционата сала треба да е стерилно место до коска, не мобилни внатре, ножици ставени на престилка, влагање по папучи таму и не знам што :)
Исто така и по ходници и по соби не треба свашта да се пушта затоа што има и пациенти со руиниран имунитет дали ради терапија дали ради закрепнување и најмала бактерија може да го бутне во ковчег.

Ама далеку сме ние од вакви работи, како луѓе прво немаме граница што е морално а што не, не па како треба да се однесува некој што се фатил со медицината. На ова да го додадеме фактот дека нашиве клиники кубурат со материјали и можно е да чекаш материјал за пломба со месеци, камоли за посложен зафат. За мене ова е најпосебната наука што постои и треба да се бавиш со тоа само си зрела и карактерно посебна индивидуа а не со непрележани детски болести од типот на селфиња во операциона.
Ќе се чудиме после од каде луѓево со MRSA, постоперативни инфекции, врагови чудесии....Нека биде ексцентрик дома колку сака, на работно место се знае каков треба да биде, професионален и коректен и ги почитува правилата. Се слика, се снимаат и операции, поготово на универзитетски клиники, но секогаш пациентот е претходно известен и потпишува согласност, во спротивно може да тужи.
 
Jaс имам едно другарче скисна по операциони сали, од инструментар до анестетичар......кои приказни ги имам чуено памет да ти штукне. Еве нека се јави некој доктор овде и да демантира. Треба да ви биде јасно, секој ден се со саати таму и нормално е се тоа. Затоа вредноста се мери со успешни операции, се друго е небитно.
Еве ти на пример во една замислена ситуација, треба да правиш операција на срце. Ќе го одбереш некој(во квалитет) како Жан Митрев што си прави сефи на операција или некој ноу-нејм што работи гледано од страна се под конец а има 70% смртност на операции?
Лошо ти е поставена дилемата.
Секако дека ќе го одберам Жан Митрев и да праи селфи на операција. Али сеа, друго прашање. Имаш 2 опции. Да го одбереш Жан Митрев кој прави селфи и Жан Митрев кој не прави селфи. Кој ќе биде поефективен? Поентата е да се елиминира било каков фактор кој би имал удел у перформансот на лекарот, посебно во ситуации кои се поврзани со животот на пациентот. Шансата операцијата да биде успешна, расте со елиминирање на фактори кои може да не ја направат успешна. И на тоа се темели цел муабет тука. Што е во моќта на лекарот, да биде регулирано колку што е можно, за да не се заебе операцијата.
 
Нема шанси да влезеш во државно здравство ако не си вемероу

Јас познавам доктор кој се вработи во брзата помош, а е СДСМ-овец.
Кога имало оглас само он се јавил и го земале.
 
Јас познавам доктор кој се вработи во брзата помош, а е СДСМ-овец.
Кога имало оглас само он се јавил и го земале.
Морбидна им е малце брзата помош, затоа никој не се јавува и мал е интересот. Мислам дека 90% од завршениве во денешно време и да им дадеш плата од 1000 евра не одат таму. Секоја чест за другар ти што може да глеа такви ствари :)
али за горе на клиника гарантирам дека нема шанси да се влезе, едино ако си дете на професор.
 
Во Брза Помош платите се очајни, иначе до сега ќе беа илјадници од дпмне напикани внатре т.н докторчиња...И самата служба Брза Помош ќе добиеше во "моќ" - логистички и финансиски ќе беше ојачана... :D А со тоа и кадровски спремна... :)))))
 
Морбидна им е малце брзата помош, затоа никој не се јавува и мал е интересот. Мислам дека 90% од завршениве во денешно време и да им дадеш плата од 1000 евра не одат таму. Секоја чест за другар ти што може да глеа такви ствари :)
али за горе на клиника гарантирам дека нема шанси да се влезе, едино ако си дете на професор.

Не ми е баш близок другар и смените им се од по еден ден-два мислам (оваа сум сигурен оти сум го видел дека е на работа минимум 24h), така се договараат со другите да си имале слободно време.
Едншка кога дојде со чизми целите со кал, како му се изнасмеавме:pos:
они да го викнале во едно село дека немало пат:cautious:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom