Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.476
- Поени од реакции
- 5.172
Екстрасоларни планети кои ротираат кон својот крај!?
08.11.2010
Пред 15 години, за прв пат беше забележана планета со големина на Јупитер да орбитира на близина од само 8 милиони километри од својата матична ѕвезда, слична на Земјата. Од тогаш се поставува прашањето како може толку големи планети да орбитираат толку блиску до ѕвездата без притоа да бидат “проголтани”. Теоријата е дека некои од нив можеби биле привлечени во овие блиски орбити на своите ѕвезди после, условно кажано, борбата помеѓу самата ѕвезда и некои други масивни планети во тој систем, а додека други биле привлечени кон ѕвездата заедно со други дискови материја од оваа ѕвезда кои подоцна исчезнале па ја оставиле планетата сама во својата несигурна, но и прилично стабилна орбита.
Тука тие може да останат и да се “пржат” цела вечност, но за најголем дел од нив, гледајќи во далечна иднина, нема да преживеат.
Уметничка визија на OGLE-TR-113b.
Се поставува прашањето, зошто е тоа така? Знаеме дека нашата Месечина на која и е потребен еден месец да заврти цел круг околу Земјата, а со обѕир на тоа дека на Земјата е се потребни само 24 часа да заврти еден круг околу себе, ефектот кој се создава кај неа е да таа се оддалечува од Земјата.
Повод за ова се гравитационите взаемни дејства на Земјата и Месечината кои се причина и за плимата и осека кои се создаваат на нашата планета. Овој ефект предизвикува да брзината на ротацијата на Земјата се намали и за тоа време Месечината собере поголема енергија што предизвикува да таа полека мигрира на надвор.
За разлика од ова, погоре споменатата планета, ја завршува својата ротација за само неколку дена, а некогаш и за помалку од 24 часа, што предизвикува гравитациони дејствија кои имаат спротивен ефект, односно планетата полека се приближува кон својата матична ѕвезда.
6.5 метарскиот телескоп низ кој се прати екстрасоларната планета OGLE-TR-113b.
Таква е судбината и на набљудуваната планета означена како OGLE-TR-113b со големина 1,3 пати од онаа на Јупитер, која се врти околу ѕвезда која е слична на нашето Сонце и се наоѓа на далечина од 1 800 светлосни години во соѕвездието Carina. Бидејќи ротирајќи, оваа планета поминува директно пред ѕвездата, лесно им е на нашите астрономи да го одредат нејзиниот точен период на ротација. Набљудувајќи ја планетата со помош на 6,5 метарски телескоп во период од 3 години, забележано е дека периодот на револуција малку, но сигурно се намалува. Измереното отстапување е 60 милисекунди во период од една година.
Сепак, постои можност да ова отстапување е предизвикано од некој друг “невидлив” објект кој гравитационо делува на набљудуваната планета, објект кој не би бил многу поголем од нашата планета. Сепак она на што се алудира, е дека сепак за прв пат астрономите забележале планета која константно ротира кон својот крај.
Во секој случај, крајот на планетата ќе настане многу пред таа всушност и да се судри во својата планета. За крајот на планетата прво ќе се погрижат гравитационите меѓусебни дејствија со матичната ѕвезда кои буквално ќе ка разнесат планетата на парчиња, пред воопшто и да допре до површината на ѕвездата. Преостанатиот век на живеење на OGLE-TR-113b, се пресметува на околу една половина до 2 милиони години.
Астрономија