Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Благодарение на аномалијата Пионер (сондите Пионер 10 и 11 во последниве 40 години полека се приближуваат сѐ повеќе до Сонцето, иако врз тоа не влијае ниту една позната сила), астрономите се на работ на едно епохално откритие, нова фундаментална сила.
Астрономите во НАСА ги зеле предвид сите познати фактори, во обидот да пресметаат што ги повлекува двете сонди Пионер 10 и 11 сѐ поблиску до Сонцето, почнувајќи од гравитацијата, преку радијацијата, па сѐ до можноста за технички проблеми. Но, ништо од тоа не го објаснило ваквото чудно движење.
Оттаму, тие дошле до заклучок дека се работи за нова, до сега непозната фундаментална сила, која е околу 10 милијарди пати послаба од гравитацијата. Сега останува уште наодите да бидат официјално издадени, по што ќе започнат научните препукувања - како да се потврди постоењето на силата, како таа да биде именувана итн.
http://dvice.com/archives/2010/09/has-nasa-discov.php
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.029

Не се работи за приближување на сондите до Сонцето, туку нивното отстапување од курсот, т.е. од пресметките направени со помош на некои Ајнштајнови равенки.
Имено, сондите треба да бидат подалеку од колку што се сега (некаде околу пола милион километри), но не се.
Некои научници сметаат дека се работи за грешка во Ајнштајновите равенки, а според други причина за тоа е т.н. темна материја.

Еве нешто повеќе:
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=1429

--- надополнето ---

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=334

--- надополнето ---

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=334
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
знае ли некој кога треба да помине некоја комета набрзо..халеевата кога требаше?
 
Во секој случај интересна и мистериозна Аномалија :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.029
знае ли некој кога треба да помине некоја комета набрзо..халеевата кога требаше?
Халеевата колку што знам ќе помини некаде после 2050 година... :vozbud:
Далеку е, ќе чекаме друга. :)

--- надополнето ---

Во секој случај интересна и мистериозна Аномалија :)
Доколку се разоткрие што е проблемот, може да донесе нови и неверојатни научни сознанија. :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Халеевата колку што знам ќе помини некаде после 2050 година... :vozbud:
Далеку е, ќе чекаме друга. :)

УУУ далеку е јебб..А нели имаше една пред 10тина години мислам прелетуваше..како ја викаа таа?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.029
УУУ далеку е јебб..А нели имаше една пред 10тина години мислам прелетуваше..како ја викаа таа?
И јас знам дека имаше....тогаш бев мал... и ми изгледаше застрашувачки... ама јебига не знаев... а денес едвај чекам да се појави некоја комета. :)

А како се викаше појма немам.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.029

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Планета со 100% шанси за живот

Американските астрономи откриле планета до сега најслична на Земјата, оддалечена на само 20 светлосни години од нашиот соларен систем, со речиси иста атмосфера и гравитација, 100 процентни шасни за живот и можност за присуство на вода.

Деценискиот лов на научниците од универзитетот во Калифорнија конечно резултираше со откривање на планетата наречена Gliese 581g, лоцирана во “Голдилокс зоната” во која условите не се ни премногу жешки ни премногу студени за течната вода да формира океани, езера и реки.

“Нашето откритие нуди неспорен доказ за планета со потенцијални услови за живот. Фактот што можевме да ја откриеме толку бргу и толку блиску, укажува на тоа дека планетите како неа мора да се навистина чести. Ако детектираме живот, ова ќе биде најзначајното откритие на сите времиња”, објаснува астрономот Стивен Вогт.

Доколку сето тоа биде потврдено, Gliese 581g ќе биде најсличната планета на Земјата која некогаш била откриена во некој друг соларен систем. Досега астрономите лоцирале повеќе од 400 егзопланети, но повеќето од нив биле гасовити џинови, како што е Јупитер, на кои не може да постои живот.

Откриена благодарение на В. М. Кек опсерваториумот на Хаваи, планетата кружи околу ѕвездата Gliese 581 (50 пати постудена и за две третини помала од Сонцето) во соѕвездието Вага, нејзината револуција трае само 37 дена, што значи дека годишните времиња траат само по неколку денови.

Едната нејзина страна константно е свртена кон ѕвездата и на неа секогаш е ден, додека на другата страна постојано владее мрак. Просечната температура се движи од -31 до -12 степени Целзиусови, но температурата на тлотo варира од многу жешко на светлата, до смрзнувачки на темната страна.

Има сличен геолошки состав и гравитација како Земјата, од која има од 3 до 4 пати поголема маса. Астрономите досега забележале 6 планети во орбитата на Gliese 581, што е најголем број на откриени планети во еден систем, освен нашиот.

Извор

СЕНЗАЦИОНАЛНО :vozbud:

(Лурц веќе пишал за ова во Вонземјани ама местото е тука)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
Ако не треба во мистерии, нло, вонземјани...ако е вишок, бриши го. Не ми текна на оваа тема :)

Информацијата е јака, а условите за живот -ваљда се мисли на услови за живот -според наши мерила.
Дали со помоќна, посовршена техника би можеле да "погледнеме" и подалеку...според нови и нови сознанија изгледа не се поставува прашањето дали туку кога. Бтв, описот на завртеноста на страните ме потсеќа на Кларковиот опис на Европа, сателитот на Јупитер и нејзиното "оживување"
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Префрлете дискусија во темата за Вонземјани и Нло и онака таму на големо се дискутира за живот на друга планета :)

Епа кога неќете вие, јас сакам и префрлив, за планетава и тоа има/нема живот и каков е терајте тука
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.029
Полека парите вложени во истражувања даваат резултати.... кои се бесценети. Еден ден ќе може да основаме колонија таму, па и да ја населиме таа планета. Освен ако веќе не е зафатена.
 
T

Tetro

Гостин
Колку ќе чини ноќевање во орбитата?

Руската компанија Orbital Technologies најави дека ќе направи хотел на комерцијална вселенска станица во орбитата околу Земјата. :vozbud:

Оваа московска компанија се надева дека комерцијалната вселенска станица покрај местото за богатите туристи ќе понуди и работно место за научни проекти.

Станицата би требало да има седум соби до 2016 година, а бројот на соби ќе може да се зголеми или смали во зависност од потребите.

За сега е нејасно дали руската државна компанија RKK Energia, која е наведена како главен изведувач на проектот, ќе има доволно средства и капацитет да го спроведе планот, наведува AP.

Energia ги направи капсулите Сојуз и вселенските бродови Прогрес за превоз до Меѓународната вселенска станица, кои ќе бидат единствено превозно средство до тие гранки кога следната година ќе се повлечат американските флоти на спејс шатли.

Директорот на Orbital Technologies Сергеј Костенко рече дека планираната комерцијална вселенска станица ќе биде „удобен хотел во орбитата, осмислен посебно за туристите“.

„Ќе биде поудобен од Меѓународната вселенска станица бидејќи таму нема да биде непотребната научна опрема“, додаде тој.

Малкумина вселенски туристи до сега мораа да престојуваат со космонаутите на Меѓународната вселенска станица, каде мораа да внимаваат што прават за да не скршат нешто.

Хотелот во вселената го најави и милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на компанијата Virgin Galactic. Тој истотака соопшти дека за 18 месеци ќе почне да нуди комерцијални летови во вселената. :vozbud:

http://korzo.mk/patuvanja/846-kolku-ke-cini-nokevanje-vo-orbitata
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
ne znaev kade da go pisham prashanjevo..:kesa: Kako se brojat svetlosnite godini ? Kolku bi imale 1 svetlosna godina vo nashi godini?:kesa:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom