Македонскиот олимписки сон - Рио 2016

Како ќе не пишат на церемонијата на свеченото отворање?


  • Вкупно гласачи
    89
  • Гласањето е завршено на .

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695


"Во моментов заминува скромната делегација на Луксембург а сега на татранот треба да се појават оние кои ние ги очекуваме. Еве ги, влегува на стадионот црвено-жолтата чета, на чело со војсководецот, единствениот, величенствениот Кире Лазаров. Гордо е развеано од неговите раце македонското сонце во оваа претопла бразилска вечер. Зад него доаѓаат неговите соиграчи од ракометниот тим. Претседателот на МОК, Тупурковски во друштво на Стоилов и Пешевски. Па каква тројка од супретешка категорија е тоа почитувани гледачи. Зад нив е Пандев, но не Горан туку Ристе, нашиот атлетичар. Има тука уште и по некој кајакар и по некој борач од Таџикистан со македонски пасош. Конечно македонската делегација не можеме да ја изброиме на прсти и имаме пристоен број натпреварувачи."

- Вака некако би звучело обраќањето на маестро Златко Калински на 5ти август, доколку македонсктие ракометари ја искористат историската прилика за тоа Македонија првпат да има претставник во групните спортови на една Олимпијада.

Во стилот на квиз на Драган Вучиќ, ракометарите на СП2015 година си обезбедија гратис викенд во Полска, каде што веќе пред неколку месеци го играа последното ЕП. На овој викенд имаат прилика да си чекираат once in a lifetime можност за двонеделна екскурзија до земјата на фудбалот и жени со големи газови, Бразил.

Среќата, односно сплетот на оклности овојпат не посака па ја добивме најлесната квалификациона група. Да не биде па се прелесно, ИХФ не ни ја додели организацијата на мини-турнирот па нашите момци ќе треба вторпат во кратко време да играат во Полска, каде што покрај домаќинот ривали ќе ни бидат „егзотичните“ репрезентации на Тунис и Чиле.

Против сите три репрезентации имаме поволен скор досега. Со Пољаците имавме два победи во два меча се до годинешниов пораз на ЕП. Со Тунис имаме една победа и еден пораз, додека со Чиле победа во единствениот меѓусебен дуел одигран на СП.

Петок: Македонија - Полска 20.30
Сабота: Македонија - Тунис 18.30
Недела: Македонија - Чиле 18.00

Турнирот го започнуваме со најтешкиот противник, домаќинот Полска и евентуално „изненадување“ и победа врз тимот кој сега е предводен од Талант Дујшебаев, би значело дека со една нога сме на Копакабана. Сепак со оглед на тоа што на ОИ одат првопласираните две селекции, нашата шанса ќе ја имаме и против Тунис и Чиле. Освен ако нели не ја заебеме во наш македонски стил и ги загубиме сите три меча како на минатите квалификации за ОИ во Лондон.

Да не ја тупиме многу. Ваква историска шанса мора да искористиме и ќе го направиме тоа доколку Торко Ристовски си ја пренесе клупската форма и во репрезентацијата, а истото го сторат Јоноски и Маркоски во одбранбениот бедем. Во нападот се надеваме на поголем блесок на Кузмановски, стандардни партии на Прибак и Миркуловски, враќање на препознатливата форма на Столе и секако Кире Лазаров плус веќе стандардните крила.

Па во август да го гледаме капитенот како го вее знамето во Рио и новинарската екипа на МТВ како патуваат со авион а не со комбе до таму.

Среќно. :oeoeoe:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Дојдоја... и си ојдоја.
 
Последно уредено:

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.822
Поени од реакции
10.551
Само голој треба да клават.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
Некако слабо хајп за турниров....дел што до пред пар месеци се хајпаа за ЕП како експерти сега ги нема....а другиот дел па наивно веќе не сметаат како дел од Рио..

Битно е да не ја правиме македонската и да не дозволиме чуда...ваква шанса еднаш во 100 години се добива така да..со среќа нека ни е, па и нас еднаш да не огрее сонце (особено тоа во Рио)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
мене ме фаќа паника дека ќе ја усереме и ќе си отидеме.
А имаме тим, имаме феноменална шанса и противници по мера. :(
Се надевам ќе ме уверат у недела дека грешам.
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Ќе има ли пренос било каде?
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Ова ни е историска шанса, убедливо најлесна група имаме. И да загубиме со Полска, треба машки да се одигра и со Тунис и со Чиле. Само да не спласни атмосферата ако загубиме од Полска и да ги турнат гаќите после, да се вратиме со 0-3.

Се надевам и Борко (да му е*ам брадето) ќе покажи некое издание како во РНЛ, а не да брка муви. Кирче ќе пука, Миркуловски и Прибак стандард, се надевам ќе има Фитилот пак добри партии, зошто да не и Орката. Само да не го отупи со Мојсо, да го гледаме 40-50 минути.

:oeoeoe:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Од овие само со Полска имам гледано натпревари. Зезнати се полјаците. Другиве не ги знам, ама ви верувам дека можи да биди нешто :D

Ајде момчовци машки само изиграјте и ќе веете знамиња по олимписките игри.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Ау ќе летаат чаши и флаши еден сервис да си најдам за секој случај.
Една надеж има во мене а таа е да не испадне како и секад прво полувреме водиш а у второ си ко балетан.
Во името на Рио,македонската репрезентација и светата Македонија Амин.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Со Полска тешко да тепаме, ама Тунис и Чиле ако не ги тепаат... веднаш нека се даде оставка на комплет репрезентација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom