Закон за свиркачи (кодоши, шпиони, цинкачи, тастери полициски).

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Америка притиска за закон за заштита на "свиркачите" во Македонија,
додека за нивните свиркачи распиша потерница - Wanted - dead or alive.
Исто и за свиркачите тука, треба да се заштитат, но само тие што свиркаат по американската музика.
 
Во оваа држава секогаш било и секогаш ќе биде: ебаниот ебан, тепаниот тепан. Секогаш!
Гледаш како сепак разбираш понешто?
Ај сега прашај се пак, дали за тоа погоре ти е крив законот - или тие што треба да го спроведуваат?



Не постојат "свиркачи" (да и го свирнам јас на Слаѓана (само да беше помлада)) кај нас. Сите такви се класични кодоши! Точка. Нема дискусија понатаму. Што мислиш, зошто некој би "издал" дека работи во корумпирана фирма, институција? Зошто би "издал" дека некој загадува?

Постојано проектираш моменти од гледна точка на кодоши. Зошто не тргнеш од себе си? Ти не ли би пријавил (на пример) еколошки инцидент, ако знаеш дека позади тебе има закон кој навистина ќе те заштити?
Знам дека јас би пријавил, дури и без таков закон.

Пази зборуваме за принципи, не за тоа дали колку реално можеш да измениш нешто во оваа држава. Пошто со такви изговори, „ништо не можам да сменам“ - никогаш ништо и нема да се смени. Најмалку што можеш е да пријавуваш, нешто со што овде малтене никој не се замара. Други нека пријават.

Затоа пораката не стигнува до следните кандидати за парламентот, затоа нашите гласачи не добиваат ништо за својот глас. Затоа што не постои култура на критика и јавна свест таму каде се брои тоа - на избори и преку често пријавување на секојдневните прекршоци на законите на кои сите сме сведоци. Тие од горе свират, народот игра како што му свират.
Овци колку сакаш, а богами и волнени џемпери за овчарите. ;)
 
Гледаш како сепак разбираш понешто?
Ај сега прашај се пак, дали за тоа погоре ти е крив законот - или тие што треба да го спроведуваат?





Постојано проектираш моменти од гледна точка на кодоши. Зошто не тргнеш од себе си? Ти не ли би пријавил (на пример) еколошки инцидент, ако знаеш дека позади тебе има закон кој навистина ќе те заштити?
Знам дека јас би пријавил, дури и без таков закон.

Пази зборуваме за принципи, не за тоа дали колку реално можеш да измениш нешто во оваа држава.

Јас цело време те разбирам. Јас бев оној кој верува во Утопија, не ми го земај местото :) Самиот кажа погоре, законот НЕМА механизам за заштита на "свиркачот". Муабетот "и да нема закон, ќе кажам" е продавање ветар во магла. И ќе ти кажам зошто. На времето, пред мн мн години, работеше еден човек во Скопска Пивара. Здрав, прав, вреден, чесен... Секојдневно ги трпеше заебанциите (има и полош збор, само да не "летнам") од претпоставените. Отишол кај директорот и му кажал. Од тој момент животот (на работа) му станал пекол. Барал поддршка кај колеги, "пријатели", ама сите само го бодреле од страна. Гледајќи дека нема излез, го убил директорот! Знаеш што се случило после тоа? Сите си останале на работа, здрави, прави и среќни што некој друг го жртвувал своето јас, за нив. Кога тој човек ги "плати" долговите кон општеството, остана без работа, без примања, без пријатели... Тој човек остана САМ! Гладен! Без дом! Дојде некој од истите оние што го бодреа да помогне? Не! Сите му се смееја и го правеа будала, во стилот: кој те тераше. Наместо херој, тој човек стана сенка и предмет на подбивање и исмевање!

Работев во една фирма и на време "избегав" од таму. Знаеш кое беше мотото на СИТЕ вработени? Додека чури ќумбето, ќути си и седи мирен.
 
Сега @Триптико тоа погоре е спротивната екстрема на муабетов. Од „ќути и трај“ - до убивај луѓе, тоа е еден заебано голем јаз.
Јас лично не сум за убивање, но ниту сум за ќутење.

Моментот кога мнозинстовото ќе разбере дека не мора да ќути, е моментот кога ќе се достигне критичната маса.
 
Сега @Триптико тоа погоре е спротивната екстрема на муабетов. Од „ќути и трај“ - до убивај луѓе, тоа е еден заебано голем јаз.
Јас лично не сум за убивање, но ниту сум за ќутење.

Моментот кога мнозинстовото ќе разбере дека не мора да ќути, е моментот кога ќе се достигне критичната маса.
Никој не пропагира убивање. Тоа е последното средство кое "пали" овде. Ширење демагогии по цел ден не решава проблем. Закон, судство, народ...сѐ е против. Единствено решение е директен судир со одредени структури од различни нивоа на општествената скала. Само радикален пристап решава проблем. Рак се лекува со навремено отстранување. Не со пиење чаеви!

Моментот "кога мнозинството ќе престане да ќути" е моментот кога ќе ги нема. А тоа е прилично долго време. Неможеш да очекуваш дека народ кој цела историја бил "цвеќе", одеднаш да стане "тигар", нели? ;)
 
Друг муабет е тоа. Работите мора почнат да се менуваат одвнатре во системот, пред ескалацијата да стигне до нешто повеќе од тоа. Дури и во таа насока, нема да штети повеќе критичка свест и свесност од самите луѓе.
 
Истиот муабет е. За да се случи "посакуваното", потребна е маса луѓе. Каде ќе ја најдеш? Како беше она: во друштво од 3ца, 2ца се кодоши. Секој на своја страна, нормално. Нема народ. Сите си заминаа. Останаа само паразитите и полтроните. Од нив чекаш револуција? Невозможно. Нема револуција, без еволуција. Тоалетна хартија не може да стане весник. Може само да добие некоја капка парфем и тоа е сѐ. ;)
 
Ниту се сите отидени, ниту е престаното доаѓањето на нови генерации.
Премногу црно гледаш, а тоа е дел од целта на гадовите што ги матат работите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom