Закон за свиркачи (кодоши, шпиони, цинкачи, тастери полициски).

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Законот за „свиркачи ”: Задолжителен за приватните компании!
март 31, 2016

  • inShare
Законот за заштита на укажувачи или таканаречни „свиркачи” ќе треба да го применуваат и државните институции и приватните компании. Според законското решение кое стапи на сила од 18-ти овој месец, секоја приватна компанија со повеќе од 10 вработени ќе мора да назаначат лице кое ќе ги прима пријавите од укажувачите кои имаат сознанија за нерегуларности кои се од јавен интерес. На овој начин експертите велат дека може да се спречат евентуални коруптивни зделки кои би можеле да ја оштетат државата.Според ескпертите иако законот ќе предизвика финансиско и административно оптоварување за компаниите, сепак на долг рок ќе им донесе позитивни ефекти, односно ќе се врати интегритетот на јавниот и на приватниот сектор.

„ Се согласувам дека тоа претставува дополнителна административна обврска за компаниите но убедена сум дека овој закон долгорочно гледано ќе има позитивни ефекти и за бизнис секторот. Сите компании кои што имаат повеќе од 10 вработени треба да имаат воспоставено систем за внатрешно и за надворешно пријавување, што ќе значи дека треба да имаат внатрешно воспоставена процедура која што ќе биде заснована на интерните акти и на процедурата на процесот на работење на самата компанија. За тоа треба да бидат информирани вработените. Овие одредби повеќе одат во насока на обезбедување на здрави компании, компании кои што ќе работат на основа на стандарди за усогласеност и на интегритет и кои што ќе бидат прифатени за меѓународната поставеност и работење,вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешенал”.

Компаниите со помалку од десет вработени ќе може да се организираат и заеднички да назначат лице кое ќе ги прима пријавите. Тасева посочува дека овој модел го применуваат компаниите во Германија.

Дел од бизнис заедницата реагираат дека не биле консултирани кога се носел законот. Од Сојузот на Стопански комори велат дека доглорчните ефекти не можат да се предвидат но ова законско решение за нив ќе значи ново административно оптоварување и дополнителни трошоци.

„ Претставува дополнителна административна обврска за компаниите, и во овој месец кога започнува неговата имплементација, не сме сигурни какви ќе бидат долгорочните ефекти врз бизнис секторот во Македонија. Овој закон уште еднаш го потврдува значењето и важноста на вклучувањето на релевантни претставници на бизнис секторот во процесот на подготовка на новите законски регулативи од кои директно се засегнати компаниите. На овој начин ќе се елиминира и дополнителната потреба за спроведување на дополнителни проекти за ревидирање на постојната регулатива како што се Регулаторна гилотина и слично”, изјави извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов.

Од Сојузот на стопански комори велат дека засега немаат подготвено предлози бидејќи не ги процениле долгорочните ефекти и не биле вклучени во изработката на законот.

Според Тасева овој закон е согласно европските регулативи за што има потврда и од Веницијанската комисија.

„ Законот беше ставен во против тежа со Законот за заштита на приватноста.Беше изготвен за многу кратко време да не речам за 24 часа и воопшто немаше време за јавна расправа.Но сепак имаме многу добар закон и оценките на Веницајанската комисија се такви. Она што го добивме како укажување од Веницијанската комисија е дека треба да се воспостави институција која што ќе се грижи за правилна примена на законот и дека треба да се обезбеди соодветна обука како на јавниот така и на приватниот сектор за правилна примена на занкот. Овие правила се веќе неизбежни и мора да бидат соствен дел на секој договор кој што компанијата го склучува со комапнија надвор од Македонија кај што мора точно да се знае доколку во врска со тој договор или со неговото исполнување се забележани незаконитости, неправилности и нерегуларности, мора да се има јасна информација каде треба тоа и каде може заштитетно да се пријави”, вели Тасева.

Како се заштитени укажувачите?

Законот предвиденува прецизна заштита на личните податоци и идентитетот на укажувачите, доверливоста на информацијата. Точно е прецизирано како треба да постапи лицето кое ја прима пријавата од укажувачот, кои се правата на укажувачот доколку информацијата што ја кажал предизвика последици по неговиот работен однос.Лицето што ќе го назначат компаниите за примање на пријавите треба да се грижи за доверливоста на целата постапка, за заштита на идентитеот на пријавувачот и за целосна проверка на тоа што било пријавено, и соодвтено да истражи дали информацијата од укажувачот е точна. Пријавувањето може да биде внтрешно, надворешно и јавно. Поточно ако укажувачот нема доверба во лицето што ги прима пријавите може да информацијата да ја пријави во Антикорупцикста комисија, Народниот правобранител, Јавниот обвинител, Министерството за внатрешни работи, но ако нема и во нив доверба информацијата може да ја даде на медиумите. Во рок од 15 дена укажувачот треба да добие повратна информација за тоа што го пријавил, како е направена анлизата и заклучокот.

“Пријавувачот не мора да биде сто проценти уверен, тој може да верува, може така да му изгледа нешто незаконско, затоа велиме станува збор за пријавување по добра волја и за јавен интерес и затоа се работи за доверливост.Никој друг во компанијата освен лицето што ја примило пријавата и лицето што ја поднело пријавата не треба да знае за таквото пријавување, тоа мора да остане апсолутно тајно и доверливо.
Ниту иднетитетот на пријавувачот треба да се открие, ниту пак содржината што ја има пријавено.И сето тоа треба да се провери точно за да се утврди дали има некаква основа и што потоа. Но, ако настанат последици по работниот однос на укажувачот, да добие отказ или промена на работното место, судските постапки по тој основ се итни, се водат по итна постапка и обврската за докажување паѓа на другата страна. Значи ако лицето тврди дека последицата настанала поради ова пријавување, дека тоа не е така треба да докаже другата страна, вели Тасева.

Законот за заштита на укажувачите произлезе од политичкиот договор во Пржно. Во законот не е предвиден рок за иплментација, но затоа се предвидени глоби. Па така доколку приватните компании и државните институции не го применат законот предвидени се глоби од 2.000 до 6.000 евра за правното и одговорното лице, а казни се предивдени и за откривање на идентитетот на укажувачот.

http://faktor.mk/2016/03/31/zakonot-za-svirkachi-zadolzhitelen-za-privatnite-kompanii/

Ова како во Советскиот сојуз има да биде комшијата ќе пишува извештаи за тебе кога јадеш, кога сереш, кого ебеш, ич кур да не те боли :icon_lol:.
 
Може само да верува и да пријави?... :confused:, озна, па ко ќе ти го свирне.... Ова башка како што гледам треба да е за буџетски фирми, не за приватни. А во буџетските па имаш кодоши повише од вработени.
 
Последно уредено:
А има и друга работа, кога компанијата има штета од бизнисот со државата... доцнење со плаќање, па и не плаќање.... а има некој државни организации, посебно од медицинската фела, тие мислат дека не треба да плаќаат ништо... само ќе се крене галама... тоа што никој не смее да им исклучи струја, вода греење е едно... многу тешка работа е односот меѓу држава и фирми... некој си наплаќа дебело, некој воопшто не може да наплати... на времето, пред 10-12 години, еден приватен сервис се жалеше, МВР дошле да си ја земат колата што ја дале на поправка, а не платиле, му доваѓаат со некој ливчиња, хартии... а овој само за делови дал 1000 евра .. па ја скрил некаде, а овие му се закануваат...
Значи едно е заштита на државен интерес, ама има и државен криминал.... озаконет, отсекогаш...во 90-тите им запленија возила на некој луѓе, убави возила , им фрлиле мерак...не зборувам за случките од 2000-та кога се либерализира увозот па одземаа возила со аргумент сомнително било, чекале од интернет, а началникот од станица ќе се тури од возење и им ги враќаа на луѓето амортизирани
 
Може само да верува?... :confused:, озна све дозна па ко ќе ти го свирне.... Ова башка како што гледам треба да е за буџетски фирми, не за приватни. А во буџетските па имаш кодоши повише од вработени.
Сите компании кои што имаат повеќе од 10 вработени треба да имаат воспоставено систем за внатрешно и за надворешно пријавување, што ќе значи дека треба да имаат внатрешно воспоставена процедура која што ќе биде заснована на интерните акти и на процедурата на процесот на работење на самата компанија.
 
Сите компании кои што имаат повеќе од 10 вработени треба да имаат воспоставено систем за внатрешно и за надворешно пријавување, што ќе значи дека треба да имаат внатрешно воспоставена процедура која што ќе биде заснована на интерните акти и на процедурата на процесот на работење на самата компанија.
И по една безбол палка (една внатре, една надвор) за, ако се случи лицето што пријавило(?) нешто да добие отказ, да може да му го пукне носот и по некое ребро на претпоставениот. Нели?
 
Последно уредено од модератор:
Ако се имплементира ова Штази можи вода да носи.
 
jas prijaviv nekoj krazbi vo kompanijata,(skoro sekojdnevni)
mene me izbrkava od rabota, kradecot go nagradiva.
 
jas prijaviv nekoj krazbi vo kompanijata,(skoro sekojdnevni)
mene me izbrkava od rabota, kradecot go nagradiva.
Анчо , тоа било по друг закон .
За малите викаат да се здружат и да назначат заеднички шпиун? Е како сега јас треба да барам уште 5 фирми што се како нас ? Од кај ќе знае он од пм што се случило кај мене у фирма?
Боља варијанта , јас ја отпуштам колешката и останувам сам у фирма и сам ќе се пријавувам , сам ќе докажувам дека не е точна пријавата!
 
Последно уредено:
Боља варијанта , јас ја отпуштам колешката и останувам сам у фирма и сам ќе се пријавувам , сам ќе докажувам дека не е точна пријавата!

Баш денес се смеевме со другар. Замисли одиш на суд и сам себе се тужиш за нешто. Знаеш што е вицот? Ќе изгубиш! :D
 
Значи сите тие глупи закони и неразумни казни не се нешто да се доведи во ред, туку се да наметнат сервилност ропски менталитет, контрола на популацијата.

Најстарото човечко писмо од ова цивилизација е сумерското клинесто писмо, и во него има текстови кои што се преведени и таму пишува како народот се жали на корупција во системот. Тоа не можи да се реши неколку илјади години, сега во Македонија има да го решат со овие мерки, абе ајде...
 
Ja промашувате поентата на овој закон. Не само што законот држи здрава логика, туку навистина е потребен ваков закон. Освен тоа „свиркач“ е нешто тотално друго од „шпион“. Ебате, зборуваме за случаи како тие на Сноуден, Асанж, или за откривање на корпорациски, индустриски, владини, и разни други скнадали.

Како е „шпион“ тој што ќе јави дека на пример, фабриката за хемиски препарати во која работи - ИСТУРА ОПАСНО ЃУБРЕ ВО ОБЛИЖНАТА РЕКА??
Како е „шпион“ тој што ќе јави дека неговите колеги се корумпирани, или ја злоупотребуваат должноста?


Проблемот е во тоа што како и сите други закони, така и овој ќе остане само на хартија и нема да се применува. Или полошо, ќе се применува селективно.

Еве на пример не специфицираат какви права има свиркачот и како точно е заштитен. Како ќе се казнува одговорниот што ќе изнесе во јавност информации за свиркачот?
Без ваквите моменти, слични на заштитата на сведоците - ништо од овој закон. И не само од тој аспект, и од други аспекти овој закон нема да функционира како што треба (според досегашните искуства со разни други закони).


Значи - во право сте кога чуствувате дека се спремаат (и случуваат) страња. Но на погрешна работа го празните незадоволството.
Повеќето закони во Македонија се релативно добри, проблемот е што тие закони не се применуваат. Сите варијанти на власт што владееле и владеат, сите тие законите си ги применуваат селективно. Наместо законите да бидат исти за сите, и врз сите исто да се применуваат.
 
Ja промашувате поентата на овој закон. Не само што законот држи здрава логика, туку навистина е потребен ваков закон.

Проблемот е во тоа што како и сите други закони, така и овој ќе остане само на хартија и нема да се применува. Или полошо, ќе се применува селективно.

Сам си прашуваш, сам си даваш одговор. Ќе треба да се одвикнеш од реторички прашања ;)
 
Сам си прашуваш, сам си даваш одговор. Ќе треба да се одвикнеш од реторички прашања ;)
Треба да почнеш да ги разбираш поентите. ;)
Пошто постојаното кукање и жалење без концепт, ниту разбирање - не само што не ти помага туку и те прави пинг понг топче со кое лесно си играат разните клептократи кои се менуваат на позицијата на власт.
 
Треба да почнеш да ги разбираш поентите. ;)
Пошто постојаното кукање и жалење без концепт, ниту разбирање - не само што не ти помага туку и те прави пинг понг топче со кое лесно си играат разните клептократи кои се менуваат на позицијата на власт.
Не постојат "свиркачи" (да и го свирнам јас на Слаѓана (само да беше помлада)) кај нас. Сите такви се класични кодоши! Точка. Нема дискусија понатаму. Што мислиш, зошто некој би "издал" дека работи во корумпирана фирма, институција? Зошто би "издал" дека некој загадува? Само во еден случај го прават тоа. Кога имаат директна корист за себе! И никогаш за "доброто на сите". Досегашните примери малку се? Кој и да излезе јавно со некаква информација за корупција (не само во државни служби), со информација за загадување, инсајдерски информации за кои може да добие куршум...сите знаеш како реагираат? Види го будала, мисли дека ќе ја смени државата. Во оваа држава секогаш било и секогаш ќе биде: ебаниот ебан, тепаниот тепан. Секогаш!
Дури и во една "демократска" Америка, каде што има 300 заштити за таквите, Сноуден бегаше по светов и се крие, којзнае каде. Со цел памет мислиш дека е во Русија? :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom