Нови цени на ЈСП, бесплатен превоз за студентите

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Види... Батали таксисти. ЈСП како фирма може да си донесува цени и видови билети како сака (нормално со амин на град Скопје). Ама, плаче за тужба и тоа немаш појма каква. А и град Скопје исто, само тоа е друг муабет (иако е поврзан со оваа тема). На што личи тоа, влегуваш во бус и на релација од 20-30 мин, на секои 10-15-20 секунди (во зависност дали се брои слушањето или паузата) имаш: Користењето на електронските картички е задолжително. Влезот е на предната врата. Контролорите имаат право да идентификуваат брз основа на закон?!? Замисли сега 30 мин возење, колку пати го слушаш истово. Што е ова? Перење мозок? Сублиминална порака? Заплашување народ? Масовна хипноза?... Дали се свесни глупаците во администрација на ЈСП, посебно она лигле Јанушев (ко за беља лично го познавам) дека ова е психичка тортура и за ова дебело се одговара? Дали знаат дека истото предизвикува немир што брзо преминува во нервоза и бес? Дали се свесни дека некој ден ќе има убиство на возач, а уште поверојатно контролор како последица на ваквото малтретирање? Што се патниците, малоумни? Кој к.р фактор се нивните контролори што се однесуваат како треторазредни вратари на некоја прчвара? Вчера, на 70 годишна жена ѝ се изживувале да помине електронска картичка 2 ПАТИ, затоа што мислеле дека ги лаже. Жената колнеше цел пат! Таа е стара и не може да врати, ама не се сите такви. Ало ЈСП! Ќе ве собираат по улици, опаметете се веќе еднаш!!!

Делумно си во право, делумно не.
Прва работа, контролорите се морони без мозок вработени од партија (сите до еден), и нормално пички што им фуфка да наплатат пари на Албанци или Турци. Типичен пример, влегува во наш автобус, одма пишува 3-4 казни, демек построги биле законите сега, немало веќе гага возење или за една станица. И во ред, така треба да биде. Ама...
Влага во автобус со мнозинство Албанци, налетува на две студентки, им прозборува на Албански и ги остава да си се возат.
Дека немаат никаква култура повеќето од нив - немаат.
Дека имаат двоен аршин - имаат.
Дека некогаш знаат да претераат со неосновани сомнежи - знаат.

Ама, од друга страна нема никакво оправдување за тие што не ги куцаат картичките и баш ради нив е ставено тоа што повторува дека влезот е на предна врата бла бла. Значи, такво е правилото, ако пензионерите можат да се клатат секој ден, да влегуваат како фурија од задна врата, тогаш имаат сила и да си застанат во ред и да си ја куцнат картата. Па човече, од нив не можеш да излезеш од автобус, се отвораат вратите и нагрнуваат за да фатат место. Мора луѓето да се научат на ред, ако вика дека влезот е на предна врата и картичката МОРА да се искуца дури и ако имаш бесплатна вожња, тоа значи дека треба да го направиш тоа и се друго МОРА да се казни. Може да има исклучоци кога автобусот е преполн и не ни можеш да влезеш од напред, ама сигурен сум дека во такви случаеви нема да ти замерат ако не си ја искуцал. Или кога ќе се подиспразни ќе одиш и ќе ја куцнеш.
 
@Colt Willcox а што се должни оние што ги поништуваат билетите, не влегуваат во бус со 5 торби и количка полна од пазар, не влегуваат од "задња" и не заспиваат пред да се симнат (го нема она: Мајсторе, мајсторе...чекај да се симнам) да ја "учат истата лекција" over and over again? Нека си среди ЈСП со "проблематичните", а не урамниловка. Фер?
 
@Colt Willcox а што се должни оние што ги поништуваат билетите, не влегуваат во бус со 5 торби и количка полна од пазар, не влегуваат од "задња" и не заспиваат пред да се симнат (го нема она: Мајсторе, мајсторе...чекај да се симнам) да ја "учат истата лекција" over and over again? Нека си среди ЈСП со "проблематичните", а не урамниловка. Фер?
на почеток ќе биде само ова,има многу што се возат и туркаат инает од типот не знаевме дека треба да ја куцнеме.
 
И сега јас како турист да речеме, од друг град, сакам да дојдам в недела на шопинг, со друштво...и какви билети треба да купиме? Сигурно ќе одиме до 3-4 различни локации со автобус, четворица.
Јас не сум од Скопје, вчера во Скопје и во ЈСП автобус кај шоферот купив билет и го поништив во тоа апаратот.
 
Добар бесплатниов превоз, денеска ми побараа да платам 300 за да ми издадат картичка која ќе ми важи до октомври. Во октомври пак 300 за обновување на картичката:pos:.
 
И нема врска дека проектов е за сите редовни студенти на сите државни универзитети со седиште во Скопје, обична и дрска манипулација е тоа :)
 
Добар бесплатниов превоз, денеска ми побараа да платам 300 за да ми издадат картичка која ќе ми важи до октомври. Во октомври пак 300 за обновување на картичката:pos:.
и ќе ти важи до следен октомври. Не претерувајте по секако ќе даваше 300 за картицата плус 1050 месечно.
 
Бесплатен за пензионери, бесплатен за студенти. А оние што плаќаат придонеси и данок, ќе плаќаат и карта?
 
Бесплатен за пензионери, бесплатен за студенти. А оние што плаќаат придонеси и данок, ќе плаќаат и карта.
Не е за сите студенти, остај ти шо се вика демек било за сите. Многу е битно сите да знаат за ова :)
 
Бесплатен за пензионери, бесплатен за студенти. А оние што плаќаат придонеси и данок, ќе плаќаат и карта?
За нив нема бесплатно. Туку, што правиме со невработените? Или тие не смеат да излезат од маало подалеку?
 
и ќе ти важи до следен октомври. Не претерувајте по секако ќе даваше 300 за картицата плус 1050 месечно.
Од Прилеп сум. Кај нас со 350 денари полнење на картичка се добиваше 70 возења, кои мене ми траат едно добри 8-9 месеци. Сега го намалија бројот на возења на 50(кои ваљда ќе ми траат 6 месеци).[DOUBLEPOST=1458145946][/DOUBLEPOST]П.С. За вадење на обичната картичка платив 70тина денари, кои се еднократна цена и ми ја издадоа веднаш. За студентскава кажав бараат 300 секоја година и плус ДВЕ недели чекање за да ти ја издадат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom