red baron
sad but true
- Член од
- 3 ноември 2012
- Мислења
- 960
- Поени од реакции
- 825
- Возраст
- 39
Хазарите како етнос и создадената од нив средновековна држава нарекувана Хазарски каганат имаат важно место во историјата на Источна Европа. Темата за нивното потекло, јазик, култура, религија, за уредот на нивната држава и контатктите им (мирни и воени) со соседните народи одамна е предмет на интерес за историчари и археолози.
Кои се Хазарите и од каде доаѓаат ? Каков е нивниот јазик и култура ? Зошто прифаќаат јудаизмот за официјална религија ? Како успеваат да создадат силна држава која принудува десетици словенски племиња да плаќаат данок како истовремено со тоа е во смртен конфликт со моќниот Арапски калифат и Киевска Рус ?
Пред сè за Хазарскиот каганат треба да се знае дека поради неговата локација во средниот век тој ја игра улогата на посредник меѓу културите на богатите азиски области на Khwarezm и Sogdiana, Кавказ, Византиja и Блискиот Исток на југ и словенските племиња на север.
Но да се вратиме на прашањата ... кои се Хазарите и од од каде доаѓаат ? Етногенезата на самите Хазари не е целосно позната, но повеќето историчари се придржуваат кон теорија за нивното потекло. Во последните години после детално истражување на ерменските и сириските извори некои руски и историчари изразуваат друго мислење - за сармато - аланско потекло на Хазарите. Ајде да видиме самите Хазари што велат за себе :
Јас ти велам дека јас потекнувам од синовите на Jaфет, од потомството на Тогарма. Така открив во генеалошки книгите на предците ми дека Тогарма има десет сина, eве нивните имиња - прв Авиор, втор Турис, трети Аваз, Угуз, Биз-л, Т-р-на, Хазар, Jaнур, Б-лг-р (Булгар) и Савир. Јас потекнувам од седмиот син Хазар.
Еврејско -хазарски документ извештаj на хазарскиот каган Joсиф до еврејскиот научник Хасдаj ибн Шапрут, советник на халифот на Кордоба - Абд ар-Рахман III . Поврзување на потеклото на народи и царски династии со библиски ликови е честа појава во средниот век.
http://admw.ru/books/V-YA--Petrukhi...v-Rossii-v-drevnosti-i-rannem-Srednevekove/75
https://ru.wikipedia.org/wiki/Фогарма
Што велат сириските извори за потеклото на Хазарите и нивната прататковина :
Во тоа време тројца браќа од Внатрешна Скитиja воделе со себе триесет илјади Скити и шеесет дена патувале од планините на Имеон (планините Tian Shan, Pamir, Hindu Kush) . Тие тргнаа во зима, за да наоѓаат вода, и достигнаа до Танаис. Таму еден од браќата се оддели со 10 000 луѓе и со дозвола на императорот се насели во провинциите Мизија и Дакија. По неговото име Булариос Византијците нарекле овој народ Бугари, а другите двајца браќа се населиле во земјата на Аланите и кога еден странски народ почнал да владее таму тие станаа познати како Хазари по името на најголемиот брат Хазариг.
Michel le Syrien. Chronique
http://odnapl1yazyk.narod.ru/protobul.htm
Од зборовите на хазарскиот каган и од сириските извори (а како што ќе видиме подоцна и од ерменските) се гледа дека Хазарите се блиски по потекло до Бугари и Барсили (генеалогиjaта за двајцата браќа од хрониката на Михаил Сириjски и синовете на Тогарма за кој зборува каганот).
Таму кај Кавказ се и Савирите предци на денешните Чуваши.
На каков јазик зборувале Хазарите и дали тој е туркски ? На ова прашање одговор даваат арапските хроничари :
Ибн Хаукал : Јазикот на Хазарите е сличен со јазикот на Бугарите, јазикот на Русите е различен од јазикот на Хазарите.
http://www.vostlit.info/Texts/Dokumenty/Russ/X/Garkavi_mus_pis/17.htm
Ибн Хаукал: Јазикот на вистинските Хазари не личи на турски и не е сличен на ниту еден познат јазик. Н Марр стр 94
«јазык чистых хазар не похож на јазык турецкиј, и с ним не сходен
ни один из јазыков известных народов»
http://www.pseudology.org/Georgia/MarrIzbrannoeTom5a.pdf
Но да запреме тука бидејќи другите прашања бараат и подолги одговори.

Последно уредено: