Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
http://amc.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=37672&i=42&l=MK&q=&SupplierArticleID=&Action=

Шо вели апаратов? Не е многу висока цената, разгледував на јутуб некои review и ко арен ми стои. Некој поискусен збор два? Знам колку пари толку музика, ама ко за аматерско чкрапање и личен мерак го бива?
Oна шо не е толку битно е дека има огромен зум, она шо е битно шо квалитетот на фотографиите не е нешто посебно, ако ти треба да сликаш нешо епен далеку, земи го , ако ти е битен квалитетот на фотографијата или други можности.... побарај нешо друго
 
Ве молам за предлог за евтина и добра Mirorless камера која може да се набави од Грција. Какво мислење имате за Nikon 1 J4 која ја најдов за 249 EUR?
 
Ве молам за предлог за евтина и добра Mirorless камера која може да се набави од Грција. Какво мислење имате за Nikon 1 J4 која ја најдов за 249 EUR?
Ако ти е доволно 10-30 мм,земај го!

Sent from my GT-I9195 using Tapatalk
 
Ај малку помош.....се думам меѓу Nikon D3300, D5200 и D5300. Што би било подобро? Дали вреди да се плати 150 евра плус за D5300 кога е тука негде со D5200 освен што вториот нема Wi-fi i GPS.
 
Ај малку помош.....се думам меѓу Nikon D3300, D5200 и D5300. Што би било подобро? Дали вреди да се плати 150 евра плус за D5300 кога е тука негде со D5200 освен што вториот нема Wi-fi i GPS.
Za 150 eur 35mm f1.8 zemi
 
Ај малку помош.....се думам меѓу Nikon D3300, D5200 и D5300. Што би било подобро? Дали вреди да се плати 150 евра плус за D5300 кога е тука негде со D5200 освен што вториот нема Wi-fi i GPS.
зависи дали ти требаат или не ти требаат вајрлес или џипиес во работата, имам приател фотограф од прилеп на кој му бркат работа и баш ради тоа и зел Канон 6D, GPS би ми бркал работа ако биди некогаш можно да се лоцира украдена или загината камера, сега за сега не може, али еднствено ради тоа би зел апарат со таков додаток, така да ако 5200 и 5300 се исти а само им е разлика во вајрлес и џипи, јас би зел 5200
 
Фала на одговорот друже. Како што читав покрај џипиес и вајрлес 5300 има и подобар процесор и понизок нојз ефект на високо исо. Ама сепак незнам колку тоа ја оправдува разликата во цена, имајќи во предвид дека за тие пари може комотно да се земе Nikkor 35mm f1.8 објектив. Сега ќе те замолам за помош околу тоа што би било разлика меѓу VR II i VR објектив, или кој би бил подобар? Благодарам однапред.
 
Здраво на сите :)

Вака, се бавам со снимање. Тоа ми е професијата.

Сега сум во план да купам фотоапарат.
За следниве намени :

-Да можам со него да сликам свадби (професионално)
-Некоја фотографија за по дома (аматерски)
-Да има можност за снимање (снимање на краткометражни филмови,промотивни видеа,статични видеа за реклами и слично )

Муабетов ми е сликање на свадби (финансиски причини ) секако апаратот треба да е солиден. Не е фер да се упропасти за некого толку битен момент да излезат лоши слики.
Значи да е ок за по свадби.

Гледам нешто околу следниве апарати :

-Никон 3200 со објектив 18-55
-Никон 5100 со објектив 18-55
-Канон ЕОС 40Д со објектив сигма ДЦ 18-250

Барам мислење од поискусните фотографи или некој кој што се бави или се бавел со фотографиранје свадби.
Некој кој може да ми предложи,поучи,советува...

Ви благодарам однапред за советите

Ги очекувам вашите мислења и предолози

Ке ми бидат од големо значење

Поздрав :)
 
-Да можам со него да сликам свадби (професионално)
-Некоја фотографија за по дома (аматерски)
-Да има можност за снимање (снимање на краткометражни филмови,промотивни видеа,статични видеа за реклами и слично )

-Никон 3200 со објектив 18-55
-Никон 5100 со објектив 18-55
-Канон ЕОС 40Д со објектив сигма ДЦ 18-250
освен за дома “аматерско“ нишо од горе спомнато нема да ти брка работа

Додуше кај нас поим за “професонална“ свадбарска фотографија е доста дискутабилно, али лично, не би одел испод Канон 6Д или 5Д и канонова 24-70 на 2,8 плус 50 на 1,4 плус Канонов блиц, (може 580), батери грип, статив, картици..... и остала ситнурија
Никон 3200 е ептен основен модел со кроп сензор и не така добри карактеристики за “профи“ апарат, 5100 е нешто подобар али и то се рачуна во “домашен“ апарат, канон 40Д ти е скоро 10 години стар модел и најлош избор од сите, објективите 18-55 се кит, бавни за сликање во затворен простор или при послабо светло, а сигма 18-250 е уше полош избор за профи свадбена фотографија.
Гледам дека не си упатен во “тајните“ на фотографија али ќе ти поможам со совет и искуство шо ти е нејасно или непознато
 
Најпрвин благодарам на одговорот и на одвојеното време.
Како што пишав горе , работам со видео камера,со тоа се бавам и малку повеќе сум упатен во таа насока.
Фотографијата ми текна онака нели има некоји сличности со снимањето.
Поточно разлогот ми беше следен.
Да купам апарат кој добро би снимал (ке ми треба како што наведов за кратки видеа,промо видеа и слично)
Најпрвин сето тоа ми беше за снимање замисла од хоби снимање свирки,промовирање бендови и слично .
А делот со сликите и свадбите беше замислата,да изгурам бар некоја свадба барем да ги повратам парите што сум ги вложил во апаратот а потоа ке си терам со снимањето(хобито) :)

Очигледно не оди баш така :)

Јас би одма на камера , али знаеме солидна камера испод 1000 евра тешко.

Вашето мислење за снимање со овие апарати ?

Благодарам на одговорите уште еднаш

Поздрав :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom