Фрактура на скочен зглоб (скршен скочен зглоб)

Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
249
Пред една недела се здобив со скршеница на скочниот зглоб. Требаше да се оперирам, следниот ден отидов на операција, следниот ден после операцијата ме пуштија на домашно лекување.
Ногата ми е во т.н лонгета пластична и има за стегање лепенки
Операцијата беше успешна и имам 8 титаниумски штрафови и плочка. Во болница ми рекоа дека сум имал среќа што фибулата била здрава. Сега веќе една недела после операцијата уште имам болки на местото каде е операцијата односно зглобот и на петата, но само кога ногата ми е во лонгета.
Исто така ми е отечена и онака чудно го движам малиот прст другите ѓи движам нормално. До душа не ни може во нормални околности да се движи малиот прст многу но се прашувам дали е нормална последица . Незнам можеби нерви некој или лигаменти играат улога.
Но страв ми е да не имам некоја друга скршеница на стапалото а немам никакви болки на него.. Значи сите прсти ги мрдам без проблем дури и малечкиот но некако чудно како струја на левата страна кога го мрдам него.

Би можел и x ray снимките да ги поставам ако некој изјави желба.
Дали има некој искуство со ваква повреда ,операција,штрафови и плочки ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
А зошто не се консултираш со некој стручен? Може триста работи да бидат.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
249
А зошто не се консултираш со некој стручен? Може триста работи да бидат.
Зборев со мојата докторка ама ми рече као не би требало чим немаш болки на стапалото, И дали ти го прегазил стапалото (ама тоа не памтам) .


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Колку што ми е познато, скршеници на зглобови побавно се залечуваат. Викаш дека ногата ти е потечена кога ти е во лонгета, претпоставувам тоа е заради послабата циркулација. Ако ти кажале вежби, обавезно да ги правеш!
Пред 7 години имав скршеница на капачката на левото колено, беше врзувана таму со жици и со кукачки беше стегната. По осум месеци ги извадив, а ете, денеска бев на фудбал. Биди трпелив, и немај гајле, на крај, ќе зарасне, ќе минеш и физикална терапија, а ќе дојде и денот кога ќе ги извадат металите. Треба време, а времето лечи се, колку и да звучи како клише. Посакувам ти брзо опоравување! Е, може ќе ти останат лузни, колку да те потсетуваат и понатаму да има една чудна без веза болка при промена на време. И јади повеќе млечни производи, да внесуваш повеќе калциум.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Зборев со мојата докторка ама ми рече као не би требало чим немаш болки на стапалото, И дали ти го прегазил стапалото (ама тоа не памтам) .


Sent from my iPhone using Tapatalk
Прашај го докторот специјалист што те оперирал, во случај да не си добил терапија за побрзо разаснување, дали можеш да најдеш апчиња со глукозамин и хонроитин. Во мојата пракса се користи, за хумана не знам како иде.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
249
Не верувам дека можело да дојде до некаков пропуст бидејки се оперирав во Систина, какви се тие апчиња глукозамин и хонроитин.
Инаку внесувам многу млечни производи и калциум,витамини минерали..



Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
Не паничи, повреда на било кој зглоб од телото е комплексна работа бидејќи зглобовите се такви делови од телото што нон стоп се во движење, превиткување и слично. Нормални се одредени болки, ипак за скршеница се работи. Сепак, консултирај се со доктор и стручно лице за тоа, не губиш ништо. Не дај Боже да се искомплицира, ќе треба одново операции, курци палци...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Глукозамин, сулфур, се тоа е одлично - користи ги.

Ама тебе ти треба Curcumin, и Omega 3, Omega 3 иако со послаб квалитет имаш во Зегин, пиј по 4-5 на ден на секои 2-3 (поделени дози) часа.

Куруминот, поготово ако го порачаш од страна барај C3 Complex формула да биде, ова ќе ти ја намали болката и отокот во експресно време, подобро од било кој друг препарат кој е достапен, со гаранција. Curcumin-от земај го исто 4x на ден, 1x на секои 3 часа со омегата и со некаква маснотија, на пример масло од маслиника, јајца... или било што.

Немој да слушаш квази доктори да те тераат да се лупаш со анелгетици, освем намалување на болка не се ефикасни, не те прават да заздравиш него само болката да ја осеќаш помалце.

Комбинацијата од горе е најмоќното нешто достапно во моментот на пазарот за болки и отоци, проверено.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
249
Да вистина е тоа за аналгетиците, за болка сега примам наклофен, ми треба нешто за да почне брзо да заздравува незнам нешто со многу калциум а ќе проверам тоа за отокот што ми го препорача , фала ви многу.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Да вистина е тоа за аналгетиците, за болка сега примам наклофен, ми треба нешто за да почне брзо да заздравува незнам нешто со многу калциум а ќе проверам тоа за отокот што ми го препорача , фала ви многу.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Не е само калциумот, туку за да имак кај тој калциум да се наталожи потребен му е матрикс,кој е `рскавичен,затоа јас ти препорачав гликозамин и хонроитин. А баш сега се враќам од факс каде имаше операција на лакотен зглоб и професорот исто препорача ова што јас тебе ти го кажав. Хуманиот лек што го слушнав е овој, па распрашај се https://en.pharmacy4u.gr/nodol-capsules-joint-pain-p-11286.html
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Да вистина е тоа за аналгетиците, за болка сега примам наклофен, ми треба нешто за да почне брзо да заздравува незнам нешто со многу калциум а ќе проверам тоа за отокот што ми го препорача , фала ви многу.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ти треба тоа што ти го предложив, и она што Пепа ти го предложи, не се залажувај со калциум.....тој калциум за да иде у коска ти треба нешто да го спроведе до таму т.е. витамин D3, A, како и K2, таа комбинација за да ја внесеш треба да јадеш разноврсна храна, за која да биде ефективна после зависи од абсорцијата на оргамизмот т.е. неговата ефикасност која е осетно намалена при стрес и слични моменти.

Така да калциумот ти е скоро бескорисен во овој случај затоа што наместо во коски ќе оди во ткива, јетра и крв.....заборави го.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.089
Поени од реакции
9.000
Овие ги имам јас користено на база на глукозамин.

http://www.healthaid.co.uk/osteoflex-tablets-glucosamine-chondroitin

Имаш и OsteoFlex Plus, истите само појаки. Разговарај прво со ортопед, не пиј ништо на своја рака па макар и суплементи.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ако можеш да најдеш цвик од некој што прави сирење или урда,тоа е спасот.Гадно е до немај каде и назад,ама помага 2000%
 

Kajgana Shop

На врв Bottom