Супер Ѕвезда - детска едукативна и музички емисија со Дарко Мијалковски

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.457
Поени од реакции
8.651
Возраст
34
upload_2015-12-18_14-56-24.jpeg
Супер Ѕвезда е најголем медиумски проект за деца на возраст до 12 години во Македонија. Иако е наменет за најмладата популација, поради своите интересни содржини масовно е прифатен и од возрасните. Супер Ѕвезда започна со работа во 1998 година, а прв пат во јавноста е презентиран на 16 јануари1999. Водител и создавач на овој проект за деца е Дарко Мијалковски.​

Вчера гледав Јади бурек со Јанко и гости му беа Викса и Дарко Мијалковски кој пред крај на емисијата најави дека Супер Ѕвезда се враќа наскоро на моќен медиум но во малку поинаков концепт од оној како фестивал кој беше последниве неколку години. Најверојатно ќе сака да го врати оној концепт на емисија налик Бранко коцкица што му беше.
 
Пораснав со Супер Ѕвезда, сеа нема такви емисии за деца, освен Ѕвон (сеа со сменето име не знам само зошто мораше да го мењаат) друго нешто и за деца нема. Сител 3 даваат репризи од Сител Бамбини ама не е тоа тоа. Ивце Пивце беше интересен за децата, ама и него го снема.
Ќе биде добро ако се врати Супер Ѕвезда.
 
Ќе биде добро ако се врати Супер Ѕвезда.
Ќе се врати најави кај Јанко.

И јас пораснав со Супер Ѕвезда емисиите во кој Дарко децата ги носеше во фабрики, игротеки, во радио, во музичко студио. Паметам некој од првите емисии му беа снимани кај децата дома каде децата ги покажуваа нивните соби со играчки, компјутер...

Сега ретко има добра детска едукативна емисија на телевизија. Остаа само 5+ Петко и Ѕвон за деца од училишна возраст. Искрено моментално да не е Петко 5 + нема што да гледаат наше македонско едукативно за предшколска и школска возраст.

Се надевам Дарко проектов ќе го врати на добар пат каква што треба да биде денес емисијата кога е доста суша од детски тв емисии.
 
Супер ѕвезда беше на место емисија за деца (y) :) Пред се секогаш на убави места ги носеа и сето тоа имаше едукативна смисла.
 
Супер Ѕвезда е дефинитивно еден од најдобрите наши музички проекти за деца кои биле давани на телевизија. Колку што памтам Супер Ѕвезда даваа на Канал 5, така да ако повторно се врати на Канал 5, би било одлично.
 
Супер Ѕвезда е дефинитивно еден од најдобрите наши музички проекти за деца кои биле давани на телевизија. Колку што памтам Супер Ѕвезда даваа на Канал 5, така да ако повторно се врати на Канал 5, би било одлично.
Прво одеа на А1 па мислам дека после тоа на Канал 5 и на крај на Алфа каде за брзо време згасна како емисија остана само фестивалот а емисијата ја направија само топ листа со детски песнички од фестивалите.
 
На МРТ ќе оди, негде прочитав денес, не знам каде.
 
Да еве денес ќе оди во 12 и нешто часот.
 
Еве оди на МТВ, баш добро бидејќи и јас израснав дете со оваа емисија:pos:
 
Ова само топ листа за почеток инаку ќе има и емисија целосна како што пишав еден пост погоре.
 
Како беше она за топ листите, МЕСТО БРООООООЈ НЕ ЗНАМ КОООЈ :D
И оној порано бројот телефонски што им беше 123456 мислам дека за пријавување учество во емисија или за нешто друго го користеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom