A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
20 декември 2015
Мислења
142
Поени од реакции
61
Како можи да се раскини договор со оператор без притоа да треба да се плати нешто? Два дена се нервирам со антената на едниот ТВ и појќе не можам да поднесам. Како не се префрлив на Телеком пролетоска, како не се запустив. Можи ќе беше малку поскапо ама ќе добиев сто пати повеќе задоволство, почнувајќи од тоа што нема да се мафтам со антени и триста глупости од праисторијата.[DOUBLEPOST=1448153064][/DOUBLEPOST]ЕДИТ: Средено е се. Откако на нервата ја зафрлив антената, се преврти некако настрана и фати сегде бер 0 и тоа на ваквов(не)времe.
И дозна ли како може да се раскине договор без пенали?
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.323
Поени од реакции
17.775
Ние фала Богу се решивме од тоа чудо. :D Првпат да гледам телевизија, без да се замрзнува сликата, ем подобра слика, ем има мнооогу поголем избор на канали. Деновиве не можам да се изнагледам телевизија.
Да не испадне дека ги рекламирам телеком, али на бум не се враќам, па пари нека ми даваат. Nevermore!!
Живци ми искорнаа.
 
Член од
20 декември 2015
Мислења
142
Поени од реакции
61
Штета што една грешка се плаќа две години...
Се надевам дека ке можам некако да раскинам договор и да се префрлам на телеком или тотал
btw. моментално час и половина нема телевизиjа на боом поради некакви "надоградувања" :(
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.345
До антената ви е штом ви замрзнува,
на мене птвпат кога го вклучив на антена одвај нешто фаќаше,
потоа пробав со појачувач на антената се гледаше ама доста знаеше да блокира, да ми сецка итн.
после неколку месеци најдов една стара антена, елка ли ги викаат незнам, целата беше искривена, ама ја приклучив работи без појачувач и од тогаш многу ретко ми блокира, освен кога ептен има невреме надвор ама како што кажав можеби еднш-два пати во неколку месеци.

Заклучок до антената ви е!!!
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.323
Поени од реакции
17.775
Реално, не е до антената. :D
4 години го имам бум, Бог знае колку антени сме смениле (освен надворешна што сме немале).
Во дневна бидејќи телевизорот е до прозорот, поубаво фаќаше. Во соба, каде што телевизорот е карши прозорот, сликата беше невиден крш.
Антената мораше да стои надолу на сред телевизор да се гледа кабел, иначе никако нејќеше.

Натпревар во живо? Не ни пробувај да пуштиш. Не дај Боже правосмукалка во исто време дур гледаш телевизија. Ко да живеам у камено доба, зад 7 планини, ебате.

Требаше еднаш кај мене да гледаме ракомет, другарка се изнервира, си отиде. xD Ни случајно не се доближувајте до тв, оти ќе фати снег.

До сега немам слушнато некој да се пофали со него. Најозбилно. Единствено позитивно е што можеш да го носиш сегде, не мора дома. Другото, пиши пропало. Не може сите да имаме расипани антени.
 
Последно уредено:
Член од
11 декември 2009
Мислења
292
Поени од реакции
103
Кај мене дома немам проблеми добра си е сликата. Еве сега нема тв скоро 2 сати прв пат до сега,се јавив на 181 ми рекоа дека имало проблем со предавателот во Охрид. Инаку сум задоволен за сега. На филмските канали кога и да пуштам тв има некој интересен филм да се гледа.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Реално, не е до антената. :D
4 години го имам бум, Бог знае колку антени сме смениле (освен надворешна што сме немале).
Во дневна бидејќи телевизорот е до прозорот, поубаво фаќаше. Во соба, каде што телевизорот е карши прозорот, сликата беше невиден крш.
Антената мораше да стои надолу на сред телевизор да се гледа кабел, иначе никако нејќеше.

Натпревар во живо? Не ни пробувај да пуштиш. Не дај Боже правосмукалка во исто време дур гледаш телевизија. Ко да живеам у камено доба, зад 7 планини, ебате.

Требаше еднаш кај мене да гледаме ракомет, другарка се изнервира, си отиде. xD Ни случајно не се доближувајте до тв, оти ќе фати снег.

До сега немам слушнато некој да се пофали со него. Најозбилно. Единствено позитивно е што можеш да го носиш сегде, не мора дома. Другото, пиши пропало. Не може сите да имаме расипани антени.
Никој не рече дека имаш расипана антена, едноставно не е доволно јака или локацијата е неповолна. Јас имам два бум дома и откако си ги наместив добро антените немам проблеми со сликата.

Инаку да, ако не сакаш да се замараш кабелска е спас. Ама бумов го даваа бадијала со попуст така да...
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.114
Поени од реакции
328
И дозна ли како може да се раскине договор без пенали?
Не ама и се предомслив. Значи, ко што кажа Toma, само до антената е. Не се мачете со внатрешни. Срање се. Ставив секаде надворешна антена т.е. делчиња од надворешна и сега не се помрднува берот од 0. Пробајте со надворешна. Ко што кажав, со делчиња од надворешната ми е. Ама не надвор на покрив, туку горе над таванот под ќерамиди за да не сецка ко ќе има невреме.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Имам надворешна антена, на тераса стои и топ никогаш не сецка. Живци киневме со внатрешна, цело време ја шетавме.
Мене ме интересира дали некој го има новиот ресивер и дали има некакво подобрување со него?
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.114
Поени од реакции
328
Живци киневме со внатрешна, цело време ја шетавме.
Абе бегај, катастрофи живи. И најјако беше што ќе фатеше најдобар сигнал во некоја ептен никаква положба да ти е срам од луѓето да ја оставиш така. Пробесена или не знам каква. Рает сум сега со надворешнава. Само тоа му било мајката.
 
Член од
11 декември 2009
Мислења
292
Поени од реакции
103
Не ама и се предомслив. Значи, ко што кажа Toma, само до антената е. Не се мачете со внатрешни. Срање се. Ставив секаде надворешна антена т.е. делчиња од надворешна и сега не се помрднува берот од 0. Пробајте со надворешна. Ко што кажав, со делчиња од надворешната ми е. Ама не надвор на покрив, туку горе над таванот под ќерамиди за да не сецка ко ќе има невреме.
Добро кај се гледа тоа што викаш берот е на 0? Тоа треба да е 0 за да биде најдобар сигналот така? Нигде на тв-то не можам да најдам такво нешто. Инаку со модули сум не со ресивери
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.114
Поени од реакции
328
Види во Help/Support некаде Signal или нешто такво. Зависи што марка на ТВ имаш.
 
Член од
20 декември 2015
Мислења
142
Поени од реакции
61
Не ама и се предомслив. Значи, ко што кажа Toma, само до антената е. Не се мачете со внатрешни. Срање се. Ставив секаде надворешна антена т.е. делчиња од надворешна и сега не се помрднува берот од 0. Пробајте со надворешна. Ко што кажав, со делчиња од надворешната ми е. Ама не надвор на покрив, туку горе над таванот под ќерамиди за да не сецка ко ќе има невреме.
Остај настрана проблемите со сигналот и нивно решавање,можам да ти набројам уште 10 причини за раскинување со бум
Ми останаа уште 11 месеци од договорот па затоа сакав да пробам некако ако може да раскинам договор
Сега плаќам 1500 ден. исто колку што е 3 макс старт + ако додадам макс спорт+ за 250 ден. ќе добијам хд,арените и ск 1до6,па сеа мислам дека се исплати
Кој како сака нека каже бумот не е за овој век
 

Kajgana Shop

На врв Bottom