Норвешка сака да и подари планина на Финска

Член од
4 јуни 2015
Мислења
239
Поени од реакции
221
http://edition.cnn.com/2015/12/18/europe/norway-mountain-gift-finland/index.html

Група на норвешки граѓани покренале кампања за промена на државните граници, барајќи да се отстапи еден планински врв на Финска како подарок за нејзината 100 годишнина, иако станува збор за мала територија сепак е интересно, каде за разлика од кај нас на балканот крв би паднало за вакво нешто :)
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Нцук.
Едно е да ти ја земаат друго е да им ја подариш.

За демаркацијата со Косово (повторувам, демаркацијата) ембарго имаше ако не грешам, а не планина ќе сме дале/ќе ни даделе.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Не би било лошо некој од нашиве соседи да ни даде (врати) некоја наша територија.
Аха со задоволство би ни вратиле се што е наше дури и би не прашале дали сакаме малце повеќе, некој рид плус. Соседи... со Бугарија потпишавме договор за добрососедство иако не ни го признава јазикот, Грција не обвинува дека сме имале територијални претенции кон нив , Србија почна да ни го потпикува за Косово, Албанија не не признава ни како држава ни како нација... Тие горе ќе си подаруваат и планини и територии затоа што ниту Шведска ниту Норвешка, Финска, Данска не виделе војна повеќе од два века, за разлика од нас.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
944
Вие па сега многу сакате, што да ви подарат муфтаџии едни... Кога летувате на Јадранот - на нашето море си бевме, Кога летувате на Егејско - исто. А се лутите што Бугарите одат на нивниот Охрид.

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Кајгана. Место каде шо у секоја тема мора да се најде причина за лошите односи со нашите соседи. Дали тоа било Косово, Србија, Албанија, Бугарија или Грција. Никој не се обидува да даде свое мислење за темава.
Мислење за тоа зошто Норвешка и' останува дел од својата „територија“ на Финска.
Зошто у наводници?
Затоа шо таа територија е уџум далеку. I haven't made my research, yet, али мислам дека у близина на тој дел шо го нудат на Финците, нема некое населено место. Значи тоа место е пусто. Планина. Планински врв. Кому му е потребен тој дел, реално? Никому. У близина нема поголема населба, како шо е Пониква - Кочани, Шапка - Тетово, Пелистер - Битола и други кај нас. Така да трошоците за да се отиде горе и да се одржува тоа место најверојатно се доста високи. Сеа ќе улета некој и ќе каже ама Норвешка богата, нафтата е на народот ау бау... Сè океј тоа ама па.
Како и да е, ние, како МАЌЕДОНЦИ, оваа вест треба да ја сфатеме како новост и случка која се случува у светов. Ама, за жал, нема тоа да се случи туку ние мора и преку овој настан да најдеме зошто Грците ни сметаат.

:roker:
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
1.894
Не би било лошо некој од нашиве соседи да ни даде (врати) некоја наша територија.
Абе сите тие само чекаат да наполниме стогодишнина од независност и сите територии ќе ни ги вратат :D
Ајт ти, ене ја кај е 2091.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Абе сите тие само чекаат да наполниме стогодишнина од независност и сите територии ќе ни ги вратат :D
Ајт ти, ене ја кај е 2091.
За стогодишнината од поделбата на Македонија ни ги вратија окупираните територии, а за стогодишнината од осамостојувањето на Македонија ќе ни ги дадат сите територии Александар шо ги освоил.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Абе сите тие само чекаат да наполниме стогодишнина од независност и сите територии ќе ни ги вратат :D
Ајт ти, ене ја кај е 2091.
Не верувам дека ќе дочекаат нашите потомци таков настан, можеби ќе спомнат дека требало на тој и тој ден да има таков настан, доколку останела како држава.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Балкан, омраза невидена само се прашувам еве да речеме ке ги бркаме албанците, србите, ромите ке останеме само ние ке почнеме меѓусебно да се тепаме сме наушени животот да го сфатиме омраза за жал, дечково дава информација за нешто позитивно одма темава оди во друг правец за секој тема мора фобијата наречена албанци да биде вмешана.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Дури чудно да ти падни кога ќе прочиташ вака....

Јас навикнат одсабајле
пуштам ТВ "СДСМ криминал" "ВМРО-МВР" "Грујо-Хитлер" "Заев-Сорос"

Ајде си викаш нема аир од ова дај да видам на интернет шо има нешто Фејс, Вести ова она и пак...

"ИСИС со закана за Балкан" "Нукеларка на Турција" "Новото оружје на Путин (ВИДЕО)" "ИСИС обезглави вработен на бензиска пумпа (ВИДЕО +18).

и наеднаш читаш вакво нешто и си викаш па овие не се салам се собрале и ќе се прават добри кога онака цел свет е отиден на лошо. Не ги личи искрено подобро ќе беше да направат петиција да им земат земја некоја која била нивна пред 100.000.000 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom